Јас имам веќе куче и баш ме интересира каква ќе биде првата средба со бебка А и тоа ми е малечко, со мене е навикнато по цел ден, се мислам што ќе прави деновите кога ќе сум на болница
Кога ти се спушти? Го сонувам мислам тој ден. Плус како шо ме дал Господ баајги цицлеста, што од бебка што од нив одвај дишам. Само се плашам со мочањето, сега сум на секое у вц а не уште подоле коа ќе отиде. Не знам какво има @Stressed Out, ама еве ја мојата прва кукла - Хани (малтезер). Да си земете нема да згрешите ич! А после шетање вакви сме Лепак до мене љубов најголема се значи
Aњњњњњ Прав дифтик, да се стопиш од љубов. таа бишонче има (ако не сум грешка, па и таа малтезерче да има ). Било кое од тие две се преубави, домашни кученца, макар што маааалку пофаворит ми се бишоните оти можиш со тимарење смешни фризури да му правиш и да бидат како лустер во главчето Спојлер: Бишонче Ептен смешни ми се вакви збуфнати, ко овчички Мешко се спушти некаде 36та недела кога влегов. Издржи уште многу малку. @Sandrus17 леле беее Ме терате сега куче да земам пред да се породам, па две бебиња наеднаш да гледам.
Како осеќаш дека бебето се спуштило? Единствено што осеќам се ударите горе, не кај желудникот ама доста погоре од папокот и не знам како ќе приметам дали се спуштило
Ќе приметиш, одма ќе ти олесни. Ќе стануваш од спиење лесно, како да немаш стомак, ќе ти се чини дека можиш да летниш, да се наведниш кога сакаш (ама не бетер е потешко наведнувањето). И ударите од ножињата се подолу, баш некаде над папокот, седам и ноџе излегува (некогаш и низ папок, тоа многу ме боли). Претходно навечер воопшто не станував за во вц, сега барем еднаш станувам, а и преку ден одам почесто од претходно.
Мајка во групата на надносени бебиња бев и јас.Ако се пораѓаш Чаир ќе те чекаат до 41 недела,како што направија со мене и Јарче. Уживај во празникот @Dee*Tee Мајка,јас магнезиум пиев до 41 ми рекоа да не го прекинувам,читам тука кај секој различно
Само живи и здрави да се, кога ќе решат нека излегуваат. @Stressed Out бебе е бе уштее Ќе си пукнам за куче сега, љубоморна сум.
Фала што ми објасни убаво Јас со одењето во вц сум комедија веќе некое време, само тоалетна купувам По сто пати на ден за две капки
Уфффф лепотанче! Да го изгушкаш од мене Иначе женски дали ако седите подолго коа ќе станете осеќате како болка во карлицата додека да се размрдате малце? Или само јас вака?
Ќути, по една ролна дневно трошам ако не и јаче. Предходно пушев и сеа парите место за цигари за тоалетна ми одат ама ја за разлика од тебе не по 2 капки, него баш си мочкам
Јас осеќам мала болка во препоните, ваљда срамната коска е тоа. Пробај да се размрдуваш почесто, ваљда се укочуваме кога седиме подолго
Доста активна сум да ти кажам. По 2-3 пати пешачам дневно. Затоа и се чудам шо ме поднаболнува вака, не сум улежана. Ова со болкава у полициски час ми се дешава
Не се плаши, не би требало да е нешто страшно, ваљда дека се шири се и имаме болки што не сме ни помислиле дека може да ги осетиме.Се се дешава кога не треба, марфи