Кај Кировски бев и со првото и сега, првиот пат искочи царски заради поминат термин, немав плодова вода и 2 провокации неуспешни, само 1 прст се отворив а болки немав Сега имам мака и со високи димери незнам ни јас кога би ми закажале, на наредна контрола сигурно ќе ми каже
Пред некој ден бев на преглед (тогаш бев 35+4) и др ми кажа демек постои можност за царски , бидејќи папочната врвца поминувала одкај вратот на бебето . Ми напомена дека не е околу вратот туку најверојатно така си го свртило главчето и му дошла така врвката ... Ме фака страв , не сакам да мислам на глупости , гледам да сум позитивна иако се плашам од царскиот рез . После празниците почнувам до цтг . Некоја мамичка со слично искуство ?
И ја да се јавам 33+3 денеска, беба некои денови е поактивен, некои помалку (денеска баш се заигра ) како се ближи 9 месец ме фаќа и возбуда и страв, дури мислам дека не спијам ко што треба деновиве баш затоа што потсвесно ми работи мозокот на прашање страв. Уште не сум сум докупила од основните ствари, ниту сум се спремила дома, уште одам на работа (ова сама си сакав; не е до работодавецот), но си реков уште 2 недели и прекинувам.
Здраво на сите Официјално влегов во трето тромесечие, 28+1 сум денес . Вчера бев на контрола, докторката виде мали калцификати на постелката, па се договоривме мониторинг на секои две недели за да се следи развојот на постелката како и на бебуш . Ќе повторам и хемостаза, минатиот пат сѐ беше во граници на нормала, чисто да се провериме дали има некаква промена. Дали некоја имала вакво искуство во 28ма недела? Јасно ми е дека тоа се однесува на степен на старост на постелката, но ми се чини во 28ма недела појава на калцификати е сеуште рано.. Не се грижам, сѐ останато е во ред, само ме интересираше и туѓо искуство. Убав ден на сите
Што се тоа калцификати. Мене во 27ма недела ми кажа дека има мала нехомогеност, ама ми кажа дека не е ништо страшно и не било ретка појава, не ми даде ништо друго да испитам. Може се работи за истотото, само мене не ми спомна таков збор. Сега во петокот бев пак, во 30та недела, се беше ок, постелката си беше иста
Јас се водам по оваа табела, од 27ма. Негде пишува од 28ма зависи. Јас со оваа си почнав и вака си се водам.
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6090024/ Повели овде можеш да прочиташ. На ехо се гледаат како светли точкички, тоа се калциум фосфатни депозити во плацентата, не е ретка појава. Ќе видиме за две недели како ќе биде
Незнам точно како се вика, иконата е зелена, со бели бебешки стапалца во средина, и pregnancy пишува одоздоле. Ич не ми текнува под кое име ја симнав. Се надевам помогнав
31+3 ama stvarno mi e tesko Aa top ke mu bidi so tebe toj saka taka da se gali kaj mojte vo bt e na gosti, zal mi e sega uste poveke so gi ignoriram dusicki
Isto, samo lezam, noke stanvam za vo wc nemozam da spijam, zaspivam na rati I do 11 sabajle ne stanvam, jadam I pak v krevet sila 0..
Денес во 39та,госпожа абер нема,јас се осеќам небаре нетрудна шетавме со кучето денес и вртев низ град со колата just cruisin досадно ми е дома више пукнав,си велам чим доседа досега нек си поседи до после празников,утре сум на контрола ќе видиме што ќе каже докторот.