Доктор знае или ти? Што ако е отворена и треба да ја задржат во болница? Не давајте дијагнози од ракав.
Само пишав мое мислење, сепак затоа е форумот да споделиме искуства и мислења... Она е таа што си одлучува што и како ќе прави. И да ти одговорам, да, доктор знае, не јас
Епа зошто велиш да не дава да ја чепкаат. Доктор ке каже ајде да те проверам со рака а некоја ке каже не, на форум ми кажаа да не давам?
Не во тој смисол, ако стварно има потреба, според тоа она што пиша дека се е добро и цтг мирно,нема потреба, затоа помислив така. Зашто имам чувство дека мн безпотребно чепкаат со раце, мое мислење пак ќе кажам. А и не верувам дека некој слепо се држи до тоа што ќе прочита на форум. Добро е да се знае како информација, ама секој си е индивидуа за себе и не треба да се потпира на се што ќе се прочита тука, барем јас не се базирам на тоа
Само да ти дадам поддршка и да ти го споделам моето искуство со втор царски. Се породив пред три недели, ми закажаа царски на 12ти, болки ме фатија ноќта на 6ти. Поминав прелесно, за разлика од првиот пат станав по 24 часа, многу полесно го поминав болките од првото станување, сама си дадов сила да ги истуркам 5 дена во болница без ќерка ми која им 2 и пол години, се убедував дека добро го прифатила тоа што ме нема. Првата недела откако си дојдов дома ми требаше помош за домашните работи, децата двете беа цело време со мене, едно цица, друго се гушка во мене. Од оваа недела сум сама со двете и не е лесно ама се снаоѓам. Не се секирај, јас не верував предходно кога ме убедуваа дека втор царски е полесно ама предпоставувам тоа што си спремна на цел процес помага за побрзо опоравување. Со лесно
Во право е @Andrejaaaaaa, секое чепкање со рака може да индуцира прерано отварање и пораѓај. Не дозволувај, рано е. Мене од чепкање ми предизвикаа кафеав исцедок и морав да лежам повеќе
Фала ептен. Мило ми е што се поминало како треба, се се заборава на крајот ама додека дојде, ќе мислиме Фала за поддршката, ми значат вакви позитивни искуства сега кога хормините дивеат
Не се плаши, само ако не е неопходно замоли ги да не те проверуваат со рака. Јас така направив и ми рекоа ок. Мене 2 доктори ме проверија различно, матичната беше понежна и немав ништо, а заменската нејзина беше погруба и ми предизвика кафеав исцедок. Нејќев да се трауматизирам веќе ако нема потреба и замолив ако нема потреба да не го прават тој преглед
За мене нема сон ноква, од 10 30 ми почнаја болки т.е. Грчења на бебето и се посомневав си почекав 2 саати, кога видов не застанува се слушнав со дежурен доктор од плодност рече пиј спазмекс и сабајле во 8 на преглед. Во 1 се капев и сега нормално око нема да склопам, доаѓа бебето вчера бев на преглед, се беше во ред, и сега не ме боли ништо, само грчеви имам. Ке пишам како ке биди после прегледот сабајле
Ајде со лесно душо да си поминеш. Природно ли ќе се пораѓаш и кај кој доктор во Плодност? Сите сте си при крај да се олесните, а јас тек 30 та недела. Едвај чекам да ми дојде редот и мене ситно да бројам. Макар како ми се ближи денот се повеќе страв ме фаќа како ќе ја оставам ќерка ми 5 дена без мене.
Треба царски, немам ни анестезиолошки картон, да не трчаат сабајле по мене Дежурен беше сега на телефон Сотир, а бременоста ми ја води Обедниковски. Ке го барам сабајлево во 7 изгледа
Мајки ве молам за мислење, некако многу ме насекираа резултативе од крвната слика. Некоја да ми сподели мислење на што да внимавам (34та сум да напоменам јадев сабајлето ориз со зеленчук)
Па шеќерот ти е висок, најверојатно заради оризот, требало на гладно, холестеролот и триглицеридите е нормално да се повисоки јас не ги ни испитувам кога испитувам, така ми кажа матичната и не ми ги става во листа, ниту садиментација и таа била повисока... Толку од моето знаење... А за мокрачата најверојатно уринокултура ќе треба
Не бев сабајле плодност, ни г немаше од грчеви ни болки, лажни биле си се изнашетавме и си праевме колачиња денес. Ке видиме кога ке излези бебулето ние си го чекаме
Тие што одат во Систина, има некој што бил скоро на преглед 30-34 недела, ме интересира дали го водат како ехо или скрининг
Мамички како сте денес? Празнично расположени Јас од вчера имам проблем со притисок во матката во долниот дел. Кога се движам осеќам напон како да ми е преполн мочниот меур и итно ми се иде во вц. А кога ќе отидам две три капки само. Стварно е многу незгодно неможам да пешачам, одма ме стега некако. 33+ сум и секакви филмови ми дојдоа. Се мислев да не ми е бактерија но чисти ми се и брисеви и уринокултура сега брзо испитував Се мислам и да одам на преглед ама викам да не паничам, во Четврток сум секако. Има ли некоја од вас вакво чувство и дали е нешто за загриженост
Друштво здраво, јас дојдов овде 28+1, полека, полека... Се надевам дека ќе ми биде повеќе како во прво тромесечие, а многу помалку како во второ (далеку било и не поновило се )