Јас. Некоја глупава тежина доле дури викам ми се спушта надоле бебето и цврст стомакот камен. Брекстон колку сакаш. Тек сум 31+3 има време за спуштање и прави контракции. Се е ова нормално ама ете си мислиме ние свашта
Мене некогаш така ми се случува. Ретко, но сепак да. Јас па се некои како бодежи имам скроз доле, како да ме пецка некогаш. Па и последниве два дена чувствувам таков умор уф. Од кревет одвај станувам. Како забавена снимка сум Веќе полека се движам, и мислам тешкото дека веќе започна
@Macufceee11 @Naatashka123 фала мамички. Штом се јавува и кај вас сигурно е нормално. Да не паничам Едвај чекам неделава да идам на преглед
Истата мака ја имам а сум тек 25 недела па сега ваљда е нормално и така ми кажуваат. Се боли кичма стомак, притисок доле, тешко дишам а каде мие крајот.
Уфф ете и за дишењето не пишав. Навечер неможам да заспијам се мислам се гушам Незнам дали е од алергииве или од бременоста, важно секоја вечер сум дежурна
Ти благодарам на охрабрувањето, има уште многу, но барем не е безнадежно како 22-3-4.. секој ден по една борба и ќе видиме како ќе оди..(лежи )
А и јас се пријавувам со проблеми со дишењето на моменти мислам здив немам. Ама ноќе барем спијам како заклана еднаш станувам за во вц и толку. После одма си призаспивам некогаш ако се разбуди и малава и почни да клоца тогаш се помачувам малку ама не е голем проблем.
Лепотанот абер нема, многу му е погодено. А јас пукнав, веќе не можам ни да се движам како што треба. Стапалата како на слон, спиење сѐ помалку и потешко, како темпирана бомба сум. Утре сум на преглед, ќе видиме што ќе кажи докторот. Минатата недела цервиксот камен беше, се надевам сега барем омекнат да е, ако не е почнат да се отвора. За секој случај со торбица спремна ќе си појдам. Ќе ве апдејтирам секако. Фала ти мами што ме помисли. Куклата мајкина како е?
Мене најчесто ми се јавува како гушење кога имам киселини. Од гастрогард почна да ми се суши цел нос и грло и уште толку ми се снемува здивот Јас викам преку ден се ќе се издржи али навечер барем да се наспијам ко човек
Ајде да се пријавам и јас. И мене некогаш ми се јавува таков притисок долу како за мокрење, па дури и болка. Во последно многу ме болат лигаментите на стомакот и кожата како да ми се затега. И движењата на бебе сега ги чувствувам само како туркање и влечење, а не како удари. И се уште сум загрижен зошто ова бебе е многу помалку активно од ќерка ми. Четвртокот бев на контрола и др вика дека не значи тоа ништо, можеби ќе е помирно бебето. Вака супер напредува, протоци и посетилка се супер, ама јас пак некако не сум мирна. Исто матичниот ми вика дека ова ќе било високо бебе, за разлика од ќерка ми што се роди 48 см и дека затоа има помалку место и простор за маневрации. Кога ќе ми текне оваа само се вртеше, секоја контрола беше во различна положба и до сам крај не знаевме дали ќе биде со глава на долу. Ова од почеток се позиционира така и не се менува. Стврано се надевам дека немам место за паника, ама мајка секогаш ќе најде нешто да се грижи.
Ох леле маки наши. Јас ретко имам киселини, но и кога ги имам кратко траат и преку ден се. Ама па во последно време се разбудувам јас од жешко што ми е
И јас имав болки во стомакот како истегање на лигаменти при движење но сега веќе се смирија. Сега од време на време ги осеќам тие напрегања во матката и мочниот меур. Дури и јас осеќам болки на моменти кога се движам. А и јас не го осеќам нешто многу да клоца. Повеќе како тегнење и превртување но има моменти кога спие во денот и тогаш е многу мирно. Си имаат и они периоди @Naatashka123 тоа е мила ќе издржиме еве кај е Јуни
Ич да не се секираш, кај мене иста ситуација беше па ми викаа може ова посмирено бебе ќе било ама не испадна така, баткото ист како сестра му, спие само кај мајчица во раце, прета, клоца, гласен ептен, а само 3 недели е. Дополнително и двете кои бебиња ќе беа 4 кг деца, спремни за во градинка, се родија по 3200г Со лесно и чувајте се мами
Поздрав до даде и бате! Со вториво и помалку време имаме да седнеме и да мислиме на движењата, можеби и затоа ни изгледаат помирни. Само да се живи и здрави, учена сум јас со немирки да се расправам.
И јас да се пријавам, насекое сум во тоалет, и само 2 капки. За разлика од првото (машко) ова второво (женско) абе не престанува никако да мрда, бранови цело време стомаков. Скроз лево во еден ќош дали раче е не знам, како да ми прави чук чук насекое И јас сум термин средина на јуни, но некако сакам цел мај да го истерам, да не ме изненади претходно, уште се мислам оти каде за пораѓај. Инаку полека почнавме да се спремаме, креветче, релаксатор, транспортер. Сакам душечево на хемиско да го однесам, да го освежат. Тоа козметика, памперс, цуцли кога ќе земате?
Женички добра вечер, јас мислам сум многу возбудена, денес ми е последна вечер дома со едно детенце утре вечер на прием сум, закажан ми е царски за среда името на кукличката одбрано, тоа што го сакаја мм и керкичката, керка ми превозбудена е дека задутре ке има сестричка. Уште се вртам, не можам да спијам од што мислам да досредам дома, сабајле да одам на болница да направам тест за ковид и анестезиолошки да вадам, па ке се читаме повеќе утре вечер од болница.
Најлесно да си поминеш мамич. ❤️ Ти ја разбирам возбудата, и јас исто се чувствувам. Ако не се лажам, во плодност планираш да се породиш. Па здравје, ако одлучи синко да излегува, можеби ќе се дружиме.