Јас веќе имам земено памперс, топломер, аспиратор за нос, влажни, цуцли, шишиња, транспортер, алишта.... Многу работи имаме од дада поголемката, ама сега машки работи купував повеќе. Торба спремна за мене. Денес сум 34 недели. Се надевам да терам барем уште една недела. За после не се секирам ич. Битно спремив со време за да не се тепам последните денови.
Ајде мама ќе биде за брзо веќе и термин се наближува убо му е на синко внатре. Куклата моја е супер фала му на Бога,почна убаво да јади во 1 скок сме и така чекаме другарчето и комшивчето да дојди на свет. Да имаш најлесен пораѓај и те чекам во другите теми
Јас имам веќе земено цуцли, влажни марамици, памперси, алишта, количка, креветче, душек, постелнина.. Уште има за купување шишенце, аспиратор за нос, четка, чешел, кадичка, али сега планирам оваа недела да докупам се ова. Потоа јас да се спремам, да видам за мене што треба. И потоа раат во 9ти да си влезам и само да си перам, пеглам и чекам да излези бебка
Ииии лелее е тек сега ме фати паника... јас апсолутно ништо немам купено и средено освен 7 бодиња и козметика за бебе што купив (и тоа не ми е стигнато упте), а сум 33+1... е тек сеа паника ме мавна. Да си почнам да си купувам ... ја се ај има време, има време и сега кога ве читам дека сте скоро скроз спремни... јаоооо Од утре ќе почнам со плакари чистење хаха па викендов да изнакупам ау и да почнеме да местиме со мм... има некоја како мене? Хаха
Јас сум тука некаде. Немам почнато ништо да спремам, а ситнам 31 недела освен некои алиштенца што купив онака од мерак. Имаме скоро се од даде, ама треба да се купат некои работи нови, а и старите да ги најдам исперам, средам и наместам. Ама како ми е мака и се си велам рано е има време еххее онаму после 35 ќе се замарам. Се надрвам бебе ќе си седи и ќе си чека да му средиме. Сега гледам да користа убаво време и да си уживаме со големата дадичка.
Ne se sekiraj mila eve isto sum i jas nie sme 31 +5 i imam samo taka kipeno nekoe bodence nekoj spikozni od keif taka od strana na garderoba e samo krevetce i kolicka imame kupeno za drugk sve mislam ima vreme .....
Не се замарај. Бебешки алишта ги собира во една, две машини. Ситни се. Јас еве постелнината ќе ја перам утре и ќе ја пеглам. Од аптека ќе земеш се на готово. Немаш со тоа работа. Јас единствено брзав зошто немам кој да ми помогни. Свекрва немам, а мајка ми исто не можи од оправдани причини. За првото бебе со мм мислевме дека имаме доволно алишта купено. Кога тоа испадна дека немаме и ајде трчај откако се роди беба по алишта. Количка и не е најнеопходно нешто одма значи. Битно да купиш пелени, за тебе влошки, козметика за бебе, кадичка, топломер, аспиратор за нос. Од 2 недели старост му се даваат и Д3 капки на бебињата. Јас и тоа зедов. Ќе купиш се, не се секирај
Има промоција на Мустела (се надевам ќе одговараат за бебе). Ѕирни ако сакаш има интересни пакети. Јас овој го земав од аптека Хигија
Јас сум 33+4 и уште немам ништо купено. Само гледам и веќе сум во фаза да се одлучам Убаво е да си купиш порано по раат ќе бидеш али не треба па и паника да те фаќа, има време ќе купиме
Уффф добро е. Не сум единствена значи хаха ми олесна малку... ма нека биде се во ред со бебушките, ако треба ќе купуваат мажињата хаха.
Има ли некоја мамичка болки доле ниско како сечење кај јајниците/јајникот... не се јаки и страшни ама на вртење, при спиење (менување положба) ме сече... баш како прехлада да кажам или мускулче да е фатено... не знам да објаснам хаха
Апдејт од мене. Бев денес на преглед, спремна со торбица и секако психички, за да ме задржат. Ама на крај си се прошетав до болница само. Си добив вагинален преглед, не многу пријатен, можам да кажам и болен. Цервиксот почнал да омекнува, добро е, бар тргна работата. Од далеку почнат процесот, ама далеку од почнат. Ме виде докторот и на ехо, протоци добри, доволно вода има за да чекаме. Овој пат бебе ~3440гр (за тие што паничат, пред 1 недела 3880гр. Сам докторот рече нема шанси да е точно, затоа не оддавајте многу внимание на грамовите). Ме врати дома, а јас, искрено да ви кажам, го зедов либе под рака и си седнав на широката улица едно макијатце да си се напијам, да искористам време и прилика. Бебе секако нема абер за излегување, а мене ми се смачи затворена дома. Даваме предност на другите спремни дадички и батковци, ние ќе си поседиме уште малку. Е ваков го замислувам син ми внатре. Мува не го лази.
И мојава абер нема, си ужива внатре гајле и е. Грлото е омекнато не сум отворена, утре ме задржуваат па со Господ напред да се запознаеме за кратко со лесно нека ти е мајка
Амин мами. И тебе и на сите мајки Бог да ни дава леснотија. ❤️ Кратко време ве дели од гушкање со принцезата. ❤️
Ајде и од мене update Примена на болница веќе 2 саати, канила наместена возбуда до максимум. CTG си одеше и над 110 од што се грчи керка ми ама веќе се навикнав и не ме боли толку. Со големата ќеркичка се изгушкавме без плачки, си беше пресреќна дека ке си игра кај баба, со татко и си продолжуваат со плановите, не ја мислам, сум била појака од што мислев. Кажете ако има некоја мајка во плодност моментално
Секоја мајка има сила за која не е свесна. Сѐ ќе издржиш за двете кукли. ❤️ Господ леснотија да ти дава мајка, најлесно на свет да поминеш.
Ај и од мене апдејт. Денес бев кај матичната, онака, да видам шо се дешава пошо во Ремедика тек на 19ти имам закажано а не ми се чекаше до тогаш. Све е одлично, цуцката ~2200г. Протоци, постелка, она све по мерки за мерак а живец невиден е, значи не престанува да клоца, да се врти, да се тегне...некогаш дури преку глава ми доаѓа и ме заболува и зборам цело време аман веќе не те собра и неа мува не ја лази, си продолжува