Можеш да чекаш. Може да те фатат болки и утре, а може и за една недела. Значи само ако е свежа крв, пукнат водењак или имаш болки, тогаш тргај накај болница.
Не дреми, земи прошетај, имај секс, подружи се... Било што што ќе ти оттргне мисли а позитивно ќе ти делува за пораѓај
Баксуз невиден сум. Заминав до кам да си купам сладолед, реков да си мцнам пред да се породам. Со цел кеиф трчав дома, му седнав да го јадам. И... сум купила сладолед од солена карамела. Сладоледот е солен како расолница, со мирис на карамела. Ова само мене можи да ми се случи. Го пратив маж по друг сладолед, шо сака нека се случува сега, дури не го изедам нигде не одам. Кажи секс како да имам на овој баксуз?
@IRBBB да си ми жива и здрава, си ме изнасмеала  абе искрено и јас знам за сексот дека помага зз полесно да се породиш. Јас работев на случај па ќе видиме
Ко не излезе на солена карамела, не излегува сега. Туку за сексојте и јас сум читала дека помагаат, ама ми е страв да пробам, пак кај мене можи нешто наопаку да испадни, Марфи брат ми е.
Ајде ајдњ не мисли одма негативно, се ќе си биде добро. Мене доктор ми рече имајте односи полесно ќе ви биде, викам така ли? Ќе работам не е пробелм. Ти не мора грубо, понежно ако сакаш али битно имај
Од козметика јас користев само Бекутан ( шампон, пудра, млеко, влажни), чепкалки за ушиња од Косили. Воедно и папочето и го чистев со нив, употребував и некој си прашок антибиотик за папочето по рецепт на доктор ама сега не знам како се викаше. Кога ќе ја искапев и ставав по малку, а водата од папочето и ја собирав со чепкалка за уши бебешка. Многу нежно. Алишта мене ми требаа по три пара на ден да и менувам зошто многу ми повраќаше. Отприлика 12 пара шпикозни, бодиња, чорапчиња да имаш за да имаш на лагер за пресоблекување. Секој ден нови тетра пелени и осумки по еден пар. Чисти се поради пелената друга, ама ги менуваш секојдневно. Пелени трошев по 4 пакувања од по отприлика 40 пелени што се месечно. Крпи за бебето нови обавезно. Постелнина една купив, ама си купив на башка плус чаршафи и ќебенца. Перница за во креветче најпрактична ми беше како триаголник преку цела ширина на креветчето е ама почнува од 1мм па оди на горе до некаде 10 цм дебелина. Како закосено да е душечето делува. Најбезбедна е таа. Прво му се дава чајче само од анасон од Бекутан. Од една недела отприлика, а од две недели може чајче од камилица од Бекутан. И за да не фати како бело на јазичето секој ден по неколку лажички вода превриена и изладена и давав. Друго не знам што вака да пишам.
34+1 сум. Утре сум на цтг и да видиме до каде сме. Со лесно нека ти е. Јас одвај одам. Не се наведнувам воопшто, само клекни стани правам. Ако се наведнам, многу тешко ми е да се исправам.
Леле девојки @IRBBB и @Trpkovska со лесно да ви е, ме фаќа возбуда вака кога читам. @Peperutka-bt честитки, жива и здрава да е бебка! Кај мене ништо не се дешава, 32+ нешто, се мислам кај ќе се пораѓам, кај матичната не сум била одамна.. и така.. Ништо не сум спремала за бебе, купив некои бодиња и нешто ситно алиштенца.
@Lizi имаш време мами за купување, само ќе ти речам да не чекаш многу, оти при крај не ни можеш да шеташ. Барем јас не можам да пешачам на подолги релации. Тежи стомак, потекуваат нозе, жешко е времето, плус маска... Инаку возбудата на најјако е пуштена. На сите да ни е најлесно и најљубовно.
Уф да, од сега се уморувам а и болкава во препони утепува, ја некако крупниве работи ги имам од ќерка ама пак, меракот пустиот хаха, се нешто гледам, скриншотнувам.. Ај, само да е океј до крај, другото ќе биде.
Еден апдејт од мене : почна работава, отворена сум 1 прст, ќе ми стават провокација, па со Господ напред да сњ олеснам за брзо. Убав ден мајки