Јас денес 38+3, со докторот договорено за царски, денес прием и утре операција.. ме фаќа паника Имајте убав ден мамички <3
Со лесно мами, и јас сум за царски и мене ми е страв ми кажаа ќе биде околу 39 недела. Сакав да те прашам дали знаеш како закажуваат, врз основа на што кога ќе те задржат? И дали знаеше претходно дека утре ќе те задржат или денес ти кажаа? Дали еден ден пред царскиот е приемот или само неколку часа? Те нападнав со прашања ме фатија паники блиску сме со термини затоа
И јас се приклучувам на паниките со договорен царски, иако од почеток знаев дека така ќе биде... Триста емоции измешани. Се трудам само позитивно да размислувам, нека дојде и пројде побрзо, да се олесниме сите, па веќе дома е друга приказна. Со лесно мајки
@Trpkovska @mmacichka најлесни и најљубовни пораѓаи на светов да имате! Не плашете се, за кратко ќе си ги имате среќичките в раце.
Во вторникот на контрола, при муабет со докторот ради проблеми со кичмата, само ми вика нема да чекаме да добиеш болки поради таа дијагноза, затоа дојди утре задутре да биде операцијата или дојди задутре за во петок... и ја го гледам, не знаев што да кажам, се изгубив.. а цело време си мислев дека ќе биде царски.. и така доаѓаш ден унапред, те мерат, цтг ова она, и сега чекам.. не знам понатака што е процедурата и зашто е еден ден унапред .. ама ќе ти пишам што како има попосле.. јас два дена не сум спиена, од кога ми кажа да дојдам... паника шо да ти кажам, притисокот прееска кога ми го мереа, у плафон висок.. ме фаќа страв многу, и плус дека прв пат...
Уште нешто што ме интересира доколку знаете да ми помогнете, дали после царски префрлаат во друга соба, или остануваш во истата?
Мене втор царски за помалу од 2 години ќе ми е. Првиот итен царски беше, непланирано скроз. Сега не ми е страв од операцијата колку што ми е страв како ќе поднесе син ми без мене. Неразделни сме буквално. Порано имав страв ептен, сега животот ми има поинаква смисла и нема страв. Само позитивна мисла. Ако ти кажале утре е операцијата, денес ќе те спремаат. Цтг, нема да смееш мислам ништо да јадеш, ќе биде се океј верувај. Тука сме за поддршка. Јас утре сум на контрола па ќе видиме што ќе каже докторот.
@cinderella5 Си лежам сега, си чекам хаха Јадење најкасно до 10 вечер, течности до 12 саат.. зашо ја сирота сабајле нејадена дојдов хаха.... инаку премногу ми е страв, ваљда од паниката ми е, почна да ми се повраќа.....
Еееј до тука догура и сега вака.. Нема зашто страв, паника е тоа од непознато. Уште малку ќе си имаш среќиќка до тебе, мисли колку ќе е поубав животот од утре, поисполнет. Ќе издржиме се, можеме Ти кажаа дали со спинална или целосна? Разговараше со анестезиолог?
@cinderella5 со никој не сум зборела мила, докторот ми беше на операција и сеуште е ваљда, ни тој не помина, само сестриве се врткаат тука.. инаку не смеам анестезија у кичма ради проблеми, може да биде ризично, се надевам ќе биде целосна, си знаат и они.. ама јас пак ќе си напоменам, у никој случај не би сакала спинална ..
Треба после царски на интензивна 1 ден па после во истата соба кај што те примиле. Така е во плодност
Денес јас бев на контрола на Државна Битола. 34+2 сум моментално. Докторката ми кажа на 15.05 кога ќе бидам 35+4 да и се јавам за да ми кажи во кој ден да одам на царски. Значи со полна 36 недела а влезена во 37 ќе бидам. Не сакала да ризикуваме понатаму зашто се две бебчиња. А плус некако лошо се наместени. Па така да и јас ви се приклучувам на договорен царски. Малку шубе ми е, ама па си викам поарно така отколку да се искомплицира нешто. Со лесно на сите!