Денес бев на преглед 38ма недела докторот ме гледаше на ехо рече рано е за раѓање.После ме прегледа вагинално реце 3 прсти отворена но да не форсираме да одам пак по 3 дена. Е сега си дојдов дома и гледам некое слабо крварење темна боја.Нормално е после прегледот.Многу непријатен и да речам болен беше прегледот .Не знам дали да го барам докторот или да почекам можи ќе се смири
Сѐ додека нема свежо црвена крв, нема место за паника. Од прегледот е, можеби и чепот почнува да паѓа. Сепак, ако крвариш многу, барај го, немој да чекаш.
Па така како крај на менструација на бришење со тоалетна. Сега се смире а и немам болки.Најверојатно од прегледот
Бракстон хикс е кога ти се стега стомакот и тоа трае кратко време па се пушта. Нема болки. И бракстон хикс се некој вид на лажни контракции но мислам дека лажните контракции се повеќе проследени со болки и на неправилни интервали и се јавуваат последните недели
Еве ме и мене да ви се придружам во последното тромесечие. Официјално 27 недела. Денес некако чудно го чуствувам како директ доле да ме удира како некои истегнувања.. вчера ме удираше лево и десно а сега како истегнување надоле осекам.. има ли место за паника некако послабо активен ми е денес.
Честитки до сите мамички, да ви се живи и здрави. Јас неколку дена имам болка од лева страна горе на стомакот како да ми се тегне мускулот кога стојам на нозе. Ептен непријатно чувство дури и како печење, мислам ќе излезе бебето низ стомак и ќе ме раскине. Тука и на тоа место мужи е цврст стомакот. Од другата страна мрда и клоца, а од лева чувствувам само икање. Сигурно таму е со торзото и затоа толку ме затега. Не помнам со првото вака да ме болело.
Веќе 2 дена имам тапи, константни и како менструални болки под стомакот, во делот околу јајниците. Не се во интервали и не се проследени со ништо друго. Нормално е, така?
И јас имав такви болки последниот месец, се припрема матката, ќе имав еден цел ден после се губеа, се осеќав ко да не ни треба да раѓам. Контракциите не се воопшто такви, кога ќе дојдат ќе знаеш дека се тие