И јас ги имам истите болки, секој ден. Докторката вели нормални биле на крај,се спремала матката. Јас сум 37ма недела.
Не сум породена ме пушти дома.Утре сум на контрола ќе видам што ќе кажи.Инаку немам болки одвреме на време стегање на стомакот.
Женски можи глупо прашање ама јас не знам дали ме фаќаат болки.Со првото нема болки додека не ми го пукнаа водењакот и тогаш наеднаш добив јаки болки и напони а вака сега не знам.Како згрчување на стомакот имам и назад половината ама не се јаки болки и како константно ме боли не се во интервали. Не знам дали да чекам баш утре сум на преглед денес недела не знам ни кои доктори се на смена
Жени сакам да ја правам косата деновиве. 38 недела ќе сум. Има некоја што се нијансирала/фарбала вака при крај да сподели?
Женски 32 недела сум и неколку дена се будам со заглушени уши како затнати. Притисокот ми е стандарт низок. Има некој вакво искуство?
Јас. Цела бременост, прв пат бев 8ма или 9та недела, последно 37ма. Читав една мајка во породилни, откако и пукнал водењакот дома се исфарбала, се средила и заминала на пораѓај. Да си се средиш, да не му ја мислиш.
Јас сум 36 чекам во петок сум на преглед за да договориме за пораѓај и наредна недела одам да си ја средам косата,јас сум плавуша и имам ситни бели прамени на коренот и тие ќе ги обновувам и плус ќе се фарбам.Синко да ме запознае во најдобро светло хахахаха
Женски здраво, може малку глупо прашање, ама ај ќе прашам Денес сум 34та недела и до сега го осеќав стомакот така надуван, нормално тврд, а од вчера како да ми е "издишан", не ми е толку тврд и папочето како да ми се прибра внатре... некоја со слично искуство? Нормално е, не е?
Ај да пишам да ми олесни на душата. 38ма недела, бебе спремно, свртено за природно. Денеска на преглед, се намалувале протоците вели докторката и изгледа ќе мора царски. Бебе си седи горе, не се спушта. Грлото омекнато но затворена матката. Уште неколку дена му давале рок да слези, ако не мора да се извади. Претходно читав мајки што требало природно, па завршиле царски, ај си викав што има страшно тука, ама не било така. Сега паника ме фаќа за царски.
Примаш клексани за протоците? Мене ми беа на еден преглед на горна граница ама си интензивирав пешачење па се средија. Ако се намалени ќе мора да се зголеми дозата на клексани не мора одма да те спремаат за царски
Не, не примам. Немам примано цела бременост беа во ред протоците. Незнам зошто вака на крај. Докторите ајде демек спремно е, таман неделите, да не почнуваме со лекови кога 38ма недела било доволно зрело
Zdravo zenski i so lesno na site,aj da vi se prijavam i jas tuka,redovno ve citakam,ja sum 28 nedela.poz devojki i uste ednas so lesno neka nie na site
Па добро и така е веќе си е таман за гушкање Не се секирај како кажат така, дали природно или царски најважно е се да е во ред
Денес бев на контрола 37+5 се беше во ред, наредно цтг за 5дена Бебе многу мрда навечер кога ќе легнам и ми се јавуваат болки како да ме боцка жица скроз доле