На сите идни мамички од темава, ви посакувам лесно до крај и само со позитивна мисла. Јас од темава се префрлувам во друга категорија, зошто мојава минијатурна лепотичка стигна денес
Честитки, да е жива и здрава Баш те читав во темата големина на плодот, скоро исто бевме со кг на бебе секогаш,малечки бебенца
Со упат од мат гинеколог е безплатно, со упат од матичен лекар општ е 180 со мокрача, а на приватно 1000 и нешто незнам точно
Ова за Син лаб вака е сигурно? Јас ќе земам од матичен гин упат, не е проблем ама дека приватна е лаборат. мислев не признаваат. Сепак фала на одговор
Девојки вчера одејќи паднав, ми се лизна левата нога. Не паднав на стомак, туку на левата страна. 30 недела сум, има простор за паника??
Ако немаш болки, бебе си мрда, би требало да е се во ред. Јас би одела на едно ехо, за психата да си е смирам, да не мислам цело време.
@IRBBB @mace89 @Lizi @Kaja991 @kostovaivana @Naatashka123 девојки мнигу ви благодарам.Многу ми е полесно кога ќе се консултирам тука.Значи навистина нема правила, бебе некогаш си мрда повеќе, некогаш помалку.Но најважно од се, дека се е нормално, иако понекогаш си кревам паника и за ништоАјде уште малку ќе истераме и ние до крај, што уште не сме, па нема ни да мислиме на ова
Девојки 38 сум. Денес почна многу да ме притиска бебе долу, ептен буквално ко да излага. Болки немам освен цеел ден стврднување на стомак. Ама ова доле притисокот баш е непријатен, не знам да објаснам. Бебе активно ко да не е пред крај баш си мрда. Не сакам да паничам, сама сум со малиот ама ептен ми е страв.
Здраво девојки Пред 2 недели бев на трет скрининг, бебето одговараше за неделите 32+4 меѓутоа главчето му беше 34 недели, но докторката не ми рече ништо, само дека си одговара и се е како што треба Денес бев за брис за стрептокока, и ме гледаше матичната на ехо Бебето си одговара за неделите 34+3,но сега главчето е 36 недели и ми рече ако биде големо ќе морам со царски иако е наместено надолу за природно Имала ли некоја вакво искуство?
И кај мене е цело време поголемо главчето на недела ипол- две. Ништо не ми спомнале но од што читав нормално е да отстапуваат некои мерки не се сите бечиња исти
Tahikardii, brzo se zamorvam, glavobolki imav vo 29ta ili 30ta nedela paracetamol piev, a sega I mnogu ljubam da spijam