Denes pocnav so Fraxiparin, se nadevam ne e kasno, mi rece doktorkata 10 da primam, a jas 9ti vlegov. Nemase denes koj da mi stavi, i mm morase vo raka, ama mestovo me boli, obicno inekcija ne sekavam da boli vaka od posle. Do inekciive e ili do stavachot?
До инекциите е, после ставањето од самата течност местото како да пецка, јас боцкам клексан и така ми е
Мамички, кога ви се спушти стомакот, како осетивте? Што осетивте? Ја сум денес 34+5 и визуелно како да ми е малце подспуштен, и некако како преку ноќ да ми порасна уште толку. И папокот ми се развлече ептен а и осеќам ме чеша баш во линија на папокот. А бебка златна исто си ја осеќам, горе под цицките си клоца и пак високо си осеќам како удира. А не осетив олеснување во дишењето, пак си дишам одвај @IRBBB ќе те тагнам тебе, ти имаш најтазе искуство со спуштање на стомак. И како сте? Си дојдовте домче? Меденко добар ли е?
Единствено осетив колку ми олесна на желудникот со јадење и со киселини, ама па тоа со киселините не траеше долго, туку се влошија. Почна да ми се моча почесто, навечер почнав да станувам, инаку воопшто не станував. И кога одев ме тргаше надолу стомакот, како да ќе се роди во секој момент. Прав пингвин бев. Инаку до последно ме клоцкаше со нозете високо, ни јас не знам да кажам дали воопшто се спушти и кога се спушти. Ич не ти бев од помош, знам. Ама не се замарај, ќе си се одвива сѐ нормално, природно како што треба. Од вчера сме домче. Меденко е добар и многу е мирен. Битно му е да има некој до него, по можност да го гушка и гали. Гушкалче мало е. Вас уште колку ви остана?
Кога влегпв во деветти првата недела осетив одма леснотија во дишењето, немав веќе замор и можев конечно се да исчистам по дома. Тогаш средував бебешки алишта, креветче... Сега влегов во 39та и пак ми е потпуштен сантим два, приметив кога се тегне и мрда со ноџињата, веќе не го осеќам под гради туку подоле малце. Иначе вечерва пак со маки легнав, стврднувања болки во препони, слаби менструални болки на различни интервали, ама претерав денес со активности изгледа Едвај се вртам од една на друга страна во кревет и еве дежурам те склет те ладно ми е Неможам да се наместам, почнуваат несониците на крај Си ги имав и со првото исто
Јас ем одам во вц 100 пати на ден (ноќ ) ем ребрата ми се набиени и еве плус во 04:00 наутро јадам јаболко. Само така ми се намалуваат киселините. А исто пијам вода од чаша од 400 мл која ми е таман за да изгасам жед, а ја полнам преку 10 пати на ден. Без лажење ова . Ама уште некој ден. Од понеделник натаму ќе одам на царски. Конечно ќе дојде и тој ден . А исто така не знам дали е до течностите што ги пијам ама многу потеков и во раце и во нозе. Една вечер се разбудив со болкс во прстите од прстените што ми беа дури во месо ми се чини закачени. Станав и со вода и сапун ги извадив едвај. Ама минливо е и за убаво е, па ќе се издржи се што треба.
Аииии да го изгушкаш од мене Иначе јас 34+5 денес. Уште една недела па во 9ти. Си викам ќе решо цуци мааалце поранко да искочи пошо одвај чекам само тоа сонувам секоја вечер, како се гушкаме Мене сега од пред два дена почна да ми утрнува раката, од нигде никаде. Па морам да ја размрдам да ми пушти. Ајде слатки маки
Лелееее истите симптоми ги имам, дури не ми се всрува. 34+3 сум... пред некој ден баш пишав, ама се убацив ко цокер у покер и немав одговор. Папочето ми се вовлече, едвај дишам, а стомакот пораснат... ама баш исто како тебе
Женски не знам дали смее ова вака ама имам 5 клексани што ми останаа и фискална ако ја најдам за нив за 10клексани ја не ги рефундирам средствата на некоја ако и требаат...
Мамички, денес 35+1 почнав кога одам да осеќам притисок доле. Немам болки, бракстон не осеќам или не ги препознавам , немам исцедок нишо тоа. Се си е исто ко шо беше само притисоков. Дефинитивно и спуштен ми е стомакот ама не го осетив бенефитот со дишењето . Прашањето ми е дали кога ќе почне да се осеќа вака притисок доле значи дека пораѓајот е блиску? инаку во среда сум на контрола
Исто е и кај мене јас сум во понеделник 35... и истото го осеќам би сакала да споделат поискусните мамички
Мамички пиев свежо исцеден сок од цело цвекло, моркови и портокал. По само неколку минути ми се јави пролив Само во вц идам, ве молам кажете ми некој лек и дали може да е нешто штетно за бебче
Не би требало да е штетно, поарнп отколку тврда столица или запек па да се стегаш и напнуваш, денес јади по сува храна двопек соленки такви работи и ќе се стабилизира