Напиј се линекс слободно, сите се дозволени ништо страшно, јади полесна храна ако имаш мачнина можеш и јагленче да се напиеш
@Larahappy @kostovaivana фала ви мамички, ќе се напијам. Се исплашив ептен почна да ме боли стомакот и за некое време по 100 пати го посетив тоалетот. И јас сум паничар невиден али па и цвеклово стварно знае да направи проблеми
Жени имам чести стврднувања на стомаков, 2-3 минути и пуштаат ама не се болни. Вечерва посебно изразени и бебе го чуствувам ептен долу. Не сум во Скопје и не знам што да правам. Не знам ни до кога да чекам.
Епа ќе си пратиш ситуација, ако станат на точни интервали и болни, ако забележиш крвав исцедок тогаш знаеш дека почнал процесот и не чекај. Ако не се на правилни интервали и болни можеби се само лажни контракции. Како и да е ти посакувам да поминеш со лесно.
Следи ги ако почнат на редовни интервали се вистинските ипојди на дежурен, а ако се на различен временски интервал се лажни контракции со лесно нека ти е
Што направи? Може се имаш преморено дента и затоа така вечерта, најверојатно се лажни, ама сепак следи. Мене истото ми се случи два дена со ред, мислам од премор ми беше а бев 35+. Деновиве ок сум
Истото ми се случува секоја вечер со стврднувањата и јас мислам е од замор, еве денес на нога сум од како што станав се затворив во кујна до сега, ручек, пецива тортичка, па синко ќе запне да си играме и веќе ме фатија стврднувањата ама не осеќам болки 38+4
И мене ноќеска пак ме фатија стврднувања, ама јас сум 32 недела и ептен испаничив дека сама дома со малава и мислам уште полошо од страв ми стана. До 5 не заспав, утрово правец на дежурен се ок, а јас такви стврднувања си имам цело време. Веројатно е од замор и стрес, ама штом се лажни ќе си трпам тоа е.
Ама пак не ми се смируваа, а башка течна столица ми предизвикува поголема доза. Сега еве ќе си почнам пак утрогестан, па се надевам ќе се смири оти не се трпи денес цел ден не можам на малава да и обрнам внимание.
Зашто беше на дежурен? Имаше и болка? Ако е само стврднување тоа сите го имаме, еве прочитај неколку страни наназад. Мене докторката ми кажа дека ако нема болки не е страшно
Да ама кај мене беа на секој пет минути втрднувањата и траеа со часови, па дури и денес си ги имам скоро цел ден. Не беа со болки, ама имав како напон за во вц што можеби ми е и резултат од преголема доза мг, а можно е и да имам закачено некој вирус зошто и ќерка ми има неколку дена. Со првото не памтам вака да ми било и се вадам од памет секогаш кога ги имам зошто ептен ме потсеќаат на вистинските болки што ги имав кога се пораѓав. Можеби паничам за џабе, ама поарно да се види зошто имаме семејна историја со пред времени пораѓаи и стравот ми е голем.
Те разбирам, но ние некогаш сами си правиме стресови Би требало да те стават на ЦТГ ако мислиш дека се невообичаени. Јас бев на прво ЦТГ во 33+ чисто превентивно докторот ми рече да го види пулсот на бебето. Контракции не покажа никакви а претходно цело време ми се стврднуваше стомакот и додека ми траеше ЦТГ исто ми се правеше камен па ме пушташе. Од тогаш не ги мислам многу
Јас од кога пишавте дека не се органи, почнав повеќе внимание да им обрнувам, и приметив дека ми се јавуваат повеќе во седечка и стоечка положба, во лежење не. Ама исто приметив дека и не само лажни контракции, него некогаш стварно се раче, ноже или газе зашто баш прееска се испакна така и така испакнато си го прошета цел стомак . Со кичмите како сте?? Јас веќе речиси и неможам да се движам, скали да не правиме муабет Ама затоа возбудата се повеќе и повеќе расте
Прошетавме малку и еве сега не можам да мрднам од кревет и кичмата како во една точка ме заболува, скроз доле исто осеќам мрдање и бодежи а најјако е што неможам да се свртам од една страна на друга ... Веќе ми почнаа несониците си се стренирам за бебе ко ќе стигне