И јас исто додека се раздвижам 3,4 чекори лошо е... ама веќе се навикнав јас, така ми е одкај 30та недела, може и порано хаха Јас сега деновиве подобро дишам, ама скроз доле мислам појде, кога ќе ме удри мислам готово излегува јахаха И јас сакам побрзоооо да се олеснам, ќе почнат оти нервиве да ми играат
34 sum, ama prilicno mi e machno so grcevi, kiselini, se imam denje samo mi se spie a navecer nemozam. Oko da sklopam od grcevite
Мене така ми се случуваше пред недела дена, мислам дека ме маваше бебче цело време во бешиката , баш се пожалив тука Само што ќе почнам да се движам и почнува да ме мава и одма како за во вц ме тера а во вц две три капки Јас мислев настината сум и пиев чај од брусница од рефусот и некако ми се поднамалија болките. А за движењето исто, едвај се движам. Појди појди па застани, ми се здрвува стомакот посебно после ручек. Тоа е ќе издржиме
Здрави девојко јас сум 28+3 сеуште не можам да се пожалам на некои мачнини,ниту со кичма,со движење,со работните обврски по дома значи се си работам и не се заморувам многу а и плус пешачам секој ден по 6-7км. Само што веке потешко ми иде со наведнувањето бидејки мешкото мие веке големко Инаку со спиење сум супер,си спијам по 9 часа станувам по 1 до 2 пати во ноќта за во вц. Е сега по 30 недела можеби ке биде потешко, вие од кога почнавте да осеќате поголеми мачнини и спуштање на бебе јас некако сеуште си го осекам високо?
За да ми престане грчот веднаш го виткам стапалото нагоре и пушта одма. Избегнувам кога се тегнам во спиење да ги истегнам нозете. Магнезиум пред спиење земав. Мене ми помогна магнезиумот.
Што магнезиум пиете? Др ми рече да го прекинам овој сега што го пијам, да сум сменела ради шеќери тоа е кога одам на 3 различни мислења
Јас пијам магцитра,првите месеци пиев во кесичка што се прашок ама од тој ме фати дијареа и плус шеќери има и после од плодност ми го дадоа магцитра тоа е магнезиум во вид на цитрат,поскап е во цена,ама полесно се апсорбира во организмот.До сега со грчеви и болки во мускулите немам проблем
Од која аптека во Битола го купуваш? И јас од директот имам дијареа и не ми помага кога имам лажни контракции.
На Синерџи мг+б6 и добар ми е Немав пред некој ден и земав од на сопругот мг директ на алкалоид два пати и одма дијареа
Хај. Јас сум 35 недела и денес бев на преглед. Докторот ми рече да го прекинам магнезиумот. До кога го пиевте вие?
Јас сеуште го пијам, 38 недела сум. Некои доктори велат до 35н. некој до крај, сите различно. Мене ми рекоја да го пијам до крај.
@Lili4e јас пијам магнетранс директ 375мг без шеќер од Зегин уште од самиот почеток сум со него и многу ретко да имам болки во мускулите и грчеви може 2-3 пати до сега
Убаво ти кажал докторот да го прекинеш (се пие до 36 недела) бидејќи ако продолжиш да го пиеш нема да ги осеќаш контракциите пошто ја стврднува матката
Женски сега доаѓам од преглед. Прашав за испакнувањата и за стегањата и точно е, докторката рече дека тоа се подготвителни контракции и најчесто се јавувале од 32 до 34та недела и се нормални. Закажавме преглед за 10 дена за брисеви, и јас тогаш ќе бидам 35+1, вие кога правевте брисеви да не е доцна тогаш???
И мене ќе ми се фати околу 34 - 35 та за брисеви, таман е тогаш. И јас за првото врска немав да ги препознаам контракциите и додека не ми пукна водењакот не бев воопшто свесна дека ги имам. Ама затоа за ова само паничам. Поарно да не ги познавав и да си уживав во бременоста како првиот пат.