Зошто така?? Зошто чувствуваш болка или поради друго?? Јас и така и така одмарам цело време веќе не ни можам да пешачам многу ама ме интересира дали поради тоа
Мене па околу папокот ме мава цело време и многу е болно. Дури спијам ме буди од болка. И само на местото кај што ме боли кога мрда, имам стрии, на другите делови од стомакот не. И кажав на докторката, вели нормално е, тука му се нозе/раце па мрда.
Мене па на едно место десно од папакот. Ама кога и да пројде од таму ме боли. Ама осеќам и на други места, различно, само на тоа едно место стандард секогаш (секогаш од кога почна да се чувствува болка, не од почеток)
Јас сум 35+, исто од пред неколку денови така осеќам некоја болка, ама ништо страшно. Кога се тегне мислам најмногу ме боли, дури ја гледам раката, ногата мислам незнам што е ама такво малечко е Не ми е болно мене, ама ми е баш непријатнооо
Денес цел ден осекам пулсирање скрос ниско долу,тоа е најверојатно кога бебе ика ? И ме удира на истото место се надевам дека е свртено и намеатено со главичката надолу. Претходниот месец сеуште не беше свртено. Вие дали осетивте кога се сврти или само на ехо се гледа тоа?
Da imam bolki nisko, I bebe e nisko postaveno/slezeno, isto I cesti kontrakci, rece ne e strasno ama da odmaram poveke, od 36 da pocnam kako do sega so pesacenje.. Drugo se e ok
Јас кога икаше постојано го осеќав горе под градите и мислев горе е главчето, но кога појдов на преглед ми кажаа дека е свртено надоле со главчето. Е сега дали во меѓувреме се свртило, а јас да не сум осетила незнам
Да ика, и јас го чувствувам ниско долу. Кај мене кога се сврти не почувствував ништо, само на наредното ехо ми кажаа дека се наместило.
Мамички јас денес 35+5 бев на контрола во Ремедика. Ми направија прво ЦТГ. Оваа лепотицава 3 пати се поместуваше одвај искочи ЦТГто како шо треба испрекинати линии има 2500г тежи, се е одлично и протоци и све. Постелката зрела, вода колку сакаш а она легната ко на лежалка на плажа ужива. Абер нема од искачање. А се намести за сликање, едни обравчиња за штипкање мх мх докторката ми рече пешачење колку можам повеќе, скали да качувам и да имаме многу секс со либето. Како влегло така да искочи Него дај кажете лек за чешање на стомак и болни стрии. Мене ми е нежна кожава и она како се спушти така се оптегна околу папокот и стриите шо си ги имав ми подиспукаа и ме чешааа ми иде да се откорнам мачкам кантарион, Еуцерин масло за стрии и судокрем
Мами баш ми е мило што си е се супер Нека расте лепотицата а за искачање рано и е, ќе си почекаш А нормално е за кожата, ти се тегне. Јас користам една на палмерс ама од УСА ми ја донесоа и до сега немам ни чешање ни стрии. Незнам дали ја има во МК види прашај. Јас ја користам од седми месец наваму, претходно користев павловичева и имав чешање
Во ДМ има масло на база на слез на Алведере, 199 денари е, за трудници.прилично мрсно, се мачка на влажна кожа.
И јас меѓу се останато што ставам од креми, путери и масла, го ставам и лосионов на Palmer's. Си нарачав онлајн од iHerb уште на почеток на бременост. Стигаат за одприлика 3-4 недели
Супер. Незнаев дека можат да се нарачаат од таму А колку се плаќа достава до Македонија? Иначе стварно се многу убави производите на Palmer's. Јас намерно си го чував за покасно кога ќе почне да ми се шири кожата и еве до сега немам ни стрии а ни чешање
Ај леле лепотица пораснала машала Блазеси ти што си ја видела, јас од 20та недела не, ми се крија.... мм вика инает на мајка ќе биди Гледај почесто да се мачкаш сега прикрајов. Јас само со кокосово масло и Еуцерин се мачкам досега и немам стрии и не ме чеша. Единствено имам заприметено ако подолго време не се намачкам тогаш почнува да чеша... и почнав сега од пред 2,3 дена 3 пати на ден да се мачкам.
Како сте со крварење од носот? јас деновиве почесто кивам од поленот па се тешам дека е од тоа. Мерам притисок 100/60 ама пулсот 100-110. Јас не осеќам ништо иначе.
И во првата и во вторава бременост нон стоп слузницата во носот ми е сува и крвава. Не да ми течи ама внатре имам крв.