Го имам. Се мачкам со маслото на Еуцерин, ова ма Алведре, домашно масло од кантарион и плус судокрем. Дневно по 5-6 пати се мачкам, дома кога сум стомакот ми е на изволте за да ми дише кожата и пак одвај се издржува. Многу чеша ужас. Не знам веќе шо плус од ова да мачкам. Од денес ќе почнам и алое гел да мачкам, тој исто ја смирува кожата па ќе видиме
Различна е цената за достава, зависи од големината на нарачката и тежината. Секогаш сум нарачувала повеќе работи од еднаш и обично е 12-15 долари за сѐ и како пакет ти го испраќаат. За да не ти наплатат плус царина во Мк треба и нарачаката да не ти помине над 100 долари. Ако го нарачуваш само лосионот мислам дека не се исплати, поскапа доставата ќе испадне од самиот производ. П.С. Имаат доста добри, не многу скапи и квалитетни суплементи
Здраво девојки, последниот термин ми е за помалку од една недела. Дали е нормално во овој период да се има зголемен вагинален секрет?
Јас имам и сум 34, наредна недела ќе правам брисеви ќе видиме ама мислам дека е нормално ако не мириса
имав и јас сукрвица цат пат внатре, ама денеска баш течење, и навнатре во грло. Викам ваљда малце поголем капилар некој, што знам
Сега ќе пишев во темата термини дека денес си го запознав моето бебенце најубаво Ваква радост сите да си дочекате и со лесно на сите идни мамички
Честитки мајкичка, уживајте си и гушкајте се сега, неможам ни да замислам како е чувството ама едвај чекам
Девојки читав по форумот дека порано имало часови за трудници кои се следеле на државна и се закажувале на 023119727.Дзвонам на бројов и како да е исклучен.Дали сега за време на корона повеке не се одржуваат часовите,имате ли некаква инф?Доколку некоја од вас оди и на други часови за трудници може да ми ги предложи.
Во систина одржуваа работилници за трудници пред 2 години. Ѕирни на сајтот или на фб. Не знам сега во време на корона дали уште држат.