Добро утро Сакав да прашам, има некој што не го држи место од жeштина, топло или нешто ми се случува мене ?
Јас Неможам ни да седам, ни да лежам, дури ме нервира алишта на мене. Се ладам и со лепеза Па во една соба, во друга. Отвори врата од тераса, затвори. Веќе и мм почнав да го нервирам што ме гледа
Ти барем подвижна си, јас како ми е отворено, така Сезоната за клима ја прогласувам за отворена.. да можев и кожава ќе ја соблечев
Ау и јас, овие три дена цркам... а шлагот, ми крева температура ќерка, ми се лепи душиче и готово умирам. Вчера 3 пати се туширав, нит ми се јаде нит ми се дише... што ќе беше ова...
Стигнав и јас до ова тромесечие Сезоната како подмочана и препотена ја прогласував за отворено 4 ден сум во кревет и само спијам, после сум на контрола и ќе видиме фали ќе си квачам до крај или ќе се движам по малце.
И јас ќе си ја отворам сезоната за климаа, вчера јас место неможам да фатам, кучево исто, и тоа со исплазен јазик одвај дишеше И мене не ми се јаде ништо, само салати сакам и сладоледдд неможам да се донајадам уф Па и вчера со целиот памет на излет бев цел ден на тоа сонце, ќе припаднев готово...вечерта одвај си дојдов на себе. Сеа веќе со душа чекам да се породам, стигнав до 9ти
И јас не можам на жешково пред бременост добро поднесував жешко ама сега ич. Сабајле бев до лабараторија да оставам мокрача за уринокултура абе одвај се довлечкав. Се изнафучив за сите пари сега дома полугола со спуштени ролетни, уште клима не сум пуштила ама не ми се мрда. Ај уште малце ќе се издржи. Јас утре сум на контрола, се надевам дека буцево има абер
Андреја ми го зеде муабетот. Со бебе бетер е. Жешко пекол, клима не можеш да пуштиш, промаја ич, јер промаја е болест. Тоа кенка за в раце, па кенка оти му жежи в раце, па ти кенкаш и така во круг. А хормоните се пуштени на најјако.
Пушти клима и оди во друга соба, со едно бебе така правев, сега не пуштам заради големата, што сака да седи кај што е климата хах, чаре гледам во уште една клима од другиот крај на станот . @Naatashka123 ауу и ја се давам во сладолед деновиве
Може ќе те олабават на крај Ќе си шеткаш по малку, или нема шанси? Како и да е бар август нема да го јадеш
Па ми рекоа до 36та не, ако се породам може и да Вчера контрола, и на враќање мм ми направи тура со кола од кај влада, покрај парк, матично, жива радост бев, колкуу луѓе имашеее Ми идеше ко децана "wooow" да викам
Те разбирам. Мене не ми е забрането, ама слично како тебе сум може 2, 3 недели, од што неможам. Скренав. Ден година ми е. Тебе можам да замислам. Ама ајде бар до 36та немаш уште многу