Драги мои денес отидов кај матичната и објаснив какви болки имам.34+2 недела Стегања на стомакот, болкички доле, малку повеќе ако стојам или се раздвижам вагинално имам болки, како да ме бочка некој со нож, богами во вагината ги осеќам, а некогаш и во коската. Ми рече ајде да измериме прво должина цервекс.Излези 4.9мм. Рече одлично е ќе ме плаши да е под 2. Кај тебе е дупло. И не рече да ми прави Цтг. Терапијата што си ја имам цела бременост, магнезиум 2 пати на ден и утрогестан навечер да ставам. Да одмарам повеќе. Рече болки не треба да имаш никакви ама јас малку да се раздвижам се ме заболува. Таа должина на цервекс што ја имам јас според неа е супер ама пак имам болки. Некоја да каже стварно е нормално? Се растерав по темите никаде не наидов на трудница со таков цервекс.
Дур се вратам назад, пак пекол е, прежешко ни е дома. В спална сабајле ко станавме со синко 28° беше. Замислете во жешкото колку е.
И јас имам такви болки, и сум 34недела, термин 5ти јули.... Исто ко некоја жица да имам во вагинава, и ако поодам ко да ми буричка некој... Бев денес на преглед 35мм грло, а пред 2 недели и на клиника лежев поради ковид, цтг ми правеа по 3 пати на ден и беше во ред. Исто и со рака таму имав преглед ми рекоа затворено е. Незнам од што може да е, ми земаа денес брисеви, утре ке правам уринокултура да видам да не е нешто од тоа.. Јас лежам 70% од денот, повеќе пошто имам проблем со пулсов, одколку со цервикс пошто ми рече може умерено движење, ама 120 ми оди пулс од жешко, од склет, паники, страв од пораѓај и така Нека мине уште 1 месец и да дишиме раат веќе
@Natashka1988 јака ти душа, ќе издржиш, мора. Лежев кратко во првата бременост поради скратен цервикс (околу 2 месеци) а исто и ова бременост го лежев првиот месец пошто прокрварев, скренав искрено, па не можам да замислам како ти е, знам дека е клише но само позитивни мисли! @IRBBB ау многу бе, нешто со изолацијата проблем хм Инаку мислам дека си се зезнав, кога спиеше ќерка попладне уклучив клима во дневна да ми дојде душата, препотена и сега ме гребе грлото угх по 500 пат оваа бременост...
Тука сум мила, фала што ме мислиш Нема ништо ново, секој ден цтг и искрено стресно ми е зашто незнам кој ден ќе ме задржат Ај барем 37 полна да направам мислам полесно ќе ми биде
Ајде ќе биде се во ред, уште малку само. Денес, утре ќе бидиш 37 полна или? Мислам така една недела бевме разлика Цтг покажува контракции?
Од Петок сум 37 полна, дај Боже да издржиме до тогаш ЦТГ ми прават за да ја видат активноста на бебето а контракции немам ама не им е важно тоа на докторите, ради протоците секако царски ќе одам
Ќе издржитее и повеќе од тоа само позитивно и за брзо во раце ќе го имаш најскапоцениот подарок Секако си во 9ти веќе, бебче си е големко, не си прави стресови
Мила ситно броиме,не се сеќирај во безбедна зона си,сега со позитивни мисли дека ќе се гушкаме наскоро со бебушите
И јас од кога останав бремена, тоа си велев, само да влезам во 9ти. Нормална бременост имав, се океј, али пусти страв ете. Сега веќе се олабавив
И ја денес на ЦТГ. На ова моево бебе со карактер ни ЦТГ не можат како што треба да му направат, прво многу мрдаше одвај ја фатија со сондата, после се успа, па пак се размрда. Ја само врти се де на лево де на десно битно цтг мирно, нема контракции. Послр и на ехо се видовме, си ужива лепотицата. Наредната среда пак на контрола, тогаш и вагинално ќе ме гледа докторката и ковид тест ќе ми прават и ќе видиме како ќе биде ја спремна сум одвај чекам
Се среди нема ништо од тоа, цервикс затворен 35ка, се чудеше докторката од кај дошло тоа. Ама толку тешко се чуствувам се ме боли, бебе понапредно за 2 недели и плус шеќер покачен, почнав и на ендокринологија да одам. Вака ми беше со малиот и во 35 де породив ама среќа понапреден и он беше па имаше убава килажа и развиен убаво.