Јас врувам дека се е во ред со вакви резултати.Навистина не знам зошто ти рекла да се вади толку рано.Јас сум кај Ефремовски во Ремедика и неколку пати докторот ми кажа дека нема да биде пред 38 недела, дека нема потреба да брзаме, зашто за бебе е најдобро да си поседи што е можно повеќе.А јас секако ќе бидам со царски најмногу заради тоа што сум со ивф, а и заради моја желба.И јас сакав да идам на трансфузиологија, ни навистина нема термини и некако веќе не ми се замара со плус доктори сега пред крај.Навистина мислам дека немаш потреба од грижа со вакви резултати и баш претпоставував дека ќе ти намалат по една доза пред крај.
Во ремедика ли планираш породување? И од кога ти се намалија времињата, а бебето си напредува и си расте како што треба? Кај мене на 29ти април кога испитав беше 27сек, сега на 26ти мај 21 сек, и да нагласам прележав корона сега пред 2 недели со тем до 38.5, лежев и на ГАК највеќе ради бебе да се следи, цтг по три пати на ден и се беше во ред. И мене не ми се ака сега на крај, ама изгледа ке треба да си отидам кај некој по асални доктори, сама да си барам чаре, зошто тука готоо ке ме пораѓаат Катастрофа
Јас сум 37+3 а ми препишаа уште 7 фраксипарин од 0.4. Ве читам дека до 37ма треба да се прекинат. Др не ми рече ништо, со царски ќе бидам, од понеделник ќе знам кога ќе ми закажат. Има некоја уште што прима а е над 37ма
Никако не смеат да се прекинат во 37,тоа што некој доктор си кажал не мора да значи дека така треба и не секоја трудница е иста. Се знае јасно прекинивање клексан 48 до 24 часа.
И јас така знам. Ден пред пораѓај, а мене 34 ке ми намалувале На гак кога бев со ковидов, бев во соба со жена, 39та недела со 2 фраксипарин на ден. Вечерта и рекоа не се знае дали ке те прават царски ке почекаме за буцкање, димерите и беа 3700. Дојдоа по еден саат ја буцнаа и кажаа таман си е бебе ке си тераш. Па така жената си се породи во 41ва, а имаше и 38год.
Јас сум таков случај 37+5 си примам фраксипирин 0,4 требаше во петок да одам кај де Таше ама еве ми презакажаа за во сабота ќе бидам 38 полна претпоставувам дека ќе ме задржат за царски ама терапијата си ја примам па здравје претпоставувам во сабота ќе ми ја прекине.Не гледај на оваа работа со смисла на ,,сите во 37 им ги прекинуваат,, бидјеќи секоја жене си е посебна приказна со посебна историја и плус докторот што те води цела временост најдобро си знае
И јас истото го мислам, затоа и се расправав на гак кога не сакаа да ми препишат повеќе.Не знам кои се правилата, ама и така се на приватно плаќаме па и ова сега.Може причината им беше и да не можеме да рефундираме.Навистина не знам веќе што да мислам.Јас секако ќе си ги продолжам, само што нема да можам да ги рефундирам.Не сакам некој да добие впечаток дека е задолжително да се примаат само до 37.Само го споделив моето искуство од гак.
и јас на приватно ги земам, едвај ги наоѓам по аптекиве, уште да одам по институции, скапи се поготово подолго ако ги земаш, башка на приватно - ама што се мора се мора
Нее ништо сложено, одиш на гак ти даваат извештај и од аптека си ги зимаш. Сега ги има, порастеретено е ги наоѓам во еурофарм без проблем.
Denes vo cetvrtok koga bev da ispituvam dimeri i hemostaza tamu beshe i doktor jani ,pregleda dve pacientki ama izgleda bile dogovoreni a inaku sekoja nedela znam deka ima pregledi ponedelnik i cetvrtok
Да, во Ремедика почнав веќе со подготовка.Мене времињата ми се намалија многу порано.Бев кај Павлина во Ремедика и кај Јани и двајцата рекоа фраксапарин од 0,6 до крај.Прашав аспирин дали да земам, ми рекоа не. Најмногу инсистираа на метил фолат од 1000 мг, но јас секако пијам веќе подолго време.
Да видам дома на извештајот кој е потпишан, па ќе пишам.Млад доктор беше, албанец, но не можам да се сетам на името и презимето, а го немам извештајот моментално со мене.Дури ми рече може ќе се породиш во 37, како јас да ти пишам повеќе.Му реков а што ако не се породам, дали пак да дојдам.Ми рече да, ама со извештај од трансфузиолог дека треба да примаш после 37 недела.Толку да се малтретирам во 37 недела за плус 10-15 фраксапарини кои се рефундираат и по многу помала цена, мислам дека е непотребно.
И јас кога бев на преглед во 29та недела, ми кажа матичниот дека наредниот преглед ќе биде за 1 месец, а потоа на 2 недели.. Не е важно само нека си е се во ред, и со лесно на сите да ни биде.. Господ со нас да е
Мамички јас се породив Малото мое е 2700 гр. и 49см Толку нежно, мило, бело... од денес си се гушкаме Ви посакувам на сите лесен и убав пораѓај
Здраво женички јас сум 37 недела бремена и денеска бев на контрола и лекарот ми кажа дека имам покачен шекер во урина и ми земаа повторно крв, инаку имам правено тест за скриен шекер во 24 недела и немав тогаш само ми кажаа дека имам тероидна жлезда. Дали е тоа нешто опасно сега при крајот?
Мајка нека е живо и здраво сонцето,гушкајте се,цел живот да бидете среќни.Те чекаме во труднички да споделиш како помина