Мислам дека е можно. Јас досега не сум имала, деновиве ќе имам вагинален преглед, но што имам читано тука можно е.
Мојата апликација вели од 27ма, на некои сајтови пишува од 28/29та. Како ти одговара така рачунај си го.
Ај совет, 39та сум понеделник имам царски закажано, наместо да се спремам за тоа јас со глупости се нервирам. Вчера нешто ме изнервира, многу ме повреди, плачев, па глава ме болеше, па се дозатнав скроз и во нос и во грло. Цела ноќ не спиев, сега очи отварам како бумбари ми се, отечена, омалаксана, затната. Што може да се напијам, викендов да се средам оти вака не бидува?
Магнезиум и б6 можеш и повеќе од 20мг... Јас пијам 80мг.. За нервозата... За грлото Пантенол, вит ц и чаеви друго мислам не смее...
Мене кога ме фаќаат нервози, бкомплекс пијам, ми делува, ме смирува... и камилица чај и у лер пуштам, колку можам ) А баш и настинав периодов по 500 пат, парацетамол на 6 часа, витЦ, ѓумбир чај со мед и тоа...немаме баш некој избор. Ајде уште малку и ќе се олесниш, ќе се гушкате со бебче ♡
здраво и јас се соочувам со истиот проблем, само на десната нога имам проширени вени. Можеш да ми кажеш што превзема? јас дури во вторник сум на трансфузолог веќе во 9ти ќе влезам.
Еве и јас да се пријавам, ситно бројам. 38+2, вчера и денес некои чудни менструални болки одвреме навреме и бебе помалку активно, пред некој ден беше ептен бесно во меше, сега мрда ама понежно. Инаку понапредно е, како за 39 недела веќе. Некако поразлична ми е оваа бременост од првата, тогаш ништо не осетив од болка се до денот на пораѓај кога нагло ме фатија болки откако пукна водењак. Уморна сум многу, уште одам на работа, па и со малата дома, одвај имам енергија. Од една страна сакам да се олеснам веќе, од друга ме фаќа паника кога ќе помислам на чинот па си викам нека си поседи бебе. Првиот пат многу помалку се плашев од сега оти не знаев што ме чека. Сега се некои негативни мисли ми идат. Него и стомакот ми е чуден, како ич да не ми е спуштен, многу високо ми се чини го носам. Првото се спушти кога влегов во девети, памтам дека цело време мислев ќе се помочам од што ме притискаше на бешика. Сега не ми е така, некогаш уште во ребра ме мава. Читав некаде на нет дека втора бременост не се спуштало се до пораѓај па ме мава филм дека нема да се спушти воопшто. А па од друга страна немам ни киселини ни отоци, во првата и тоа и тоа имав. Поздрав друшки, да се читаме во породилни наскоро со убави приказни
Здраво девојки, 34 полна недела. Денес цел ден сум со температура. Најпрво 37.3, се напив парацетамол. После 8 часа тем ми беше 38.3. повторно се напив парацетамол. Се плашам дали температурата може да му наштети на бебето? Лошо ми е, неможам од кревет да станам
Исто ко јас да го пишувам постот .... Само што мене утре ми е термин а бебе нема изглед дека ќе излезе...
Same here во понеделник 38ма, ама бебе помало е за една недела бидејќи немав редовна менструација. Вчера и денес така блаааааго пецкање менструално, ама ништо значително понеделник сум на ЦТГ, па ќе видиме. Иначе стомакот ама ич не ми е спуштен, бебе активно, така да ќе видиме
Женски дали е во ред постелка 2/3 степен на зрелост во 36та недела??? Баш сега приметив во извештајот а докторот не ми спомна ништо за тоа...
Јас кога бев во 36та ми беше 2 степен и ништо не ми рече... ваљда е океј ако нешто не е во ред, сигурно ќе ни кажат...