Епа незнам дали е нормално затоа прашувам... Знам дека со 3 степен е веќе на крај, само незнам од кога е нормално..
Хмм незнам. Јас бев 35+5 мислам кога првпат така ми пишуваше, и мене ништо докторот не ми спомна ништо... Мислам дека е океј, инаку ќе ни кажеа
Јас се пријавувам за в недела или понеделник, уште незнам кога ќе ми е дежурна докторката Да видиме цуци докај е, дали е во план да излези за брзо
Леле и ние тогаш ќе се договориме за терминот, среда или четврток ми рече др... и почнав датуми да мислам, 11 6 21, 12 6 21 би било интересно, ама сабота се паѓа пуу.. забегав од досада со бројкиве , морам да кажам уште ми е чудно договарањево, мада телото се спрема на големо, болки, бодежи, лажни...сè имам
Да, немаш причина за грижа, 36 недела секако е веќе зрело бебето дури и да реши да излегува наскоро. Мене во првата бременост ми беше 2 степен уште во 22 недела, имав и лакуни, па во 39 недела се породив, 3600 се роди ќерката (нагласувам бидејќи велат дека не се храни доволно плодот ако е презреана постелката).
Исти сме сите, значиИ јас си ги мислам датумите, некако ми се свиѓа 14.06 или 15.06., ама си викам може докторот ќе определи сам па нема ни да ме праша
Мене ми предложија за 15.06 ,ама уште не сум пресекла за да е дефинитивно царски .Све викам сами ќе се наредат коцките...не знам на кај да терам,а ситно еееее .
Женчиња ви се чувствува возбудата и мене ме фати еуфорија за вас. Како се сите јунски бебки блиску со датумите, секој ден ќе имаме родендени за славење. Леснотија да ви дава Бог на сите мами. ❤️
Леле баш.. Или па, да биде 10ти да слави роденден на последен ден од школо .. Шала на страна и мене ми е во план да му речам на др он да пресече, некако полесно така.
И јас ќе видам прво што ќе каже докторот, а знам дека он ќе сака колку што може покасно.А секој изминат ден мене се повеќе паника ме фаќа, од една страна сакам порано, од друга покасно