Леле ајде може ќе бидеме во ист денИ така бевме само еден ден разлика со трансферите Ти сепак си похрабра од мене штом сеуште се мислиш и за природно Фала ти мила, возбуда и страв на највисоко ниво , а мислев кога ќе дојде јуни ќе ми се брза и едвај ќе чекам, ама не било така
Кај Котларова Ај да си се пожалам вака пред легнување, како шо ми е мачно денес се мислам да и речам да ме породи со царски утре
Испитав д-димери, но не ми беа покачени и мачкав со маст аварикон. Немаше некое подобрување ни од маста, вените ми исчезнаа после породување.
Јас сум со умисла за природно па како ќе излезе не знам сакам да пробам до каде можам да одам, ако не издржам епидурална ма да мислам дека трпам болки. А исто предосеќам дека бебево е свртено чудно па ништо чудно и царски да испадне. Битно се да е во ред, со позитивна мисла. Терминот прво ми беше 15 јуни после ми сменаа на 24. Па мислам дека тука негде ќе биде. Утре сум на скрининг да видеме колкаво е отприлика и да утврдам како е свртено. Денес сум 37+1
Тука некаде сме значи, мене термин ми е 23јуни. Кај мене е веќе свртена надоле одкај 8ми месец мислам. Досега не ни ми имаат спомнато за царски да одам, е сдга освен недај Боже нешто да испадни во последен момент. Јас природно сакам, царски евентуално ако не излези до термин неможам да ја чекам до јули Но како што кажа, да е се во ред е најбитно, па како ќе биде така
@Маја Т Похрабра можеби дека не знам што ме чека ,од болка обично не се плашам...може ќе е ист датумот ти прва ќе дознаеш во понеделник @Naatashka123 @Quincy еве и јас (мислам) дека сакам природно ,ама да не одлучувам јас...само така да се наредат коцките бап бап набрзинка .Само Господ да не чува
@IRBBB фала ти мила Мене докторот па ми го помести, 24 јуни ми беше последен термин, на претпоследното ехо бебе една недела понапред со кг и мерки и оп, 16ти па прошла недела во среда бев, ми вика ќе видиме во понеделник за наредна среда/четврток (9-10) и ме фатија тука паниките... Ем сакам да излезе ем ми е страв, нека поседи уште малку.. жена на 100 ума! П.с и ја сакав пак да пробам природно (после прв царски), откако ги имав болките од нападот на бубрег во 7ми месец, некако изгубив воља, а и немав докторска подрршка искрено, па сега си следам стручно мислење...
Ај и јас да си поприкажам на темава. Мене термин 14.06. Сакав скроз до крај, еве и така бидна. Со првото сум царски, 41 ва се роди. На последното цтг др ми вика ајде да закажеме царски, четврток на 03.06. Викам ауу многу брзо, дајте покасно, башка во глава викам Елена треба да ја крстам па и велам а 10.06 што викате за да слави роденден во школо? Хаха вика ајде понеделник, таман ќе има 2-3 дена пред распуст и ќе слави. И така договоривме сега за 07.06. понеделник. Малку страв ме фаќа, за првото не толку дека не знаев што ме чека. Башка сега викендов ме фати настинка, гледам да се одморам, до вчера на работа одев, на компј цел ден. Исто, и пишав на матичната, што да земам за настинка, ми даде женава антибиотик на невидено, а и кажувам пон треба да раѓам. Добро со кој ум даваат така на невидено?! Планирам да ја сменам,се нешто безвеза ми препишува: оваа бременост прво малку крварење имав на почеток, па со Приската секирации, матичнава мува не ја лазеше, па Нифти правев, во неизвесност 2 недели со резултати, па корона ме фати, па на крај во 9ти да ми кажат мало е за неделите примај фраксапарин. Глава шашма, само се молам се да е во ред, со првото ништо од ова! Денес да му спремам на мм се што треба, за кога ќе ме земе да не прашува каде е што е. @lady.N исто како јас да го напишав постот, се исто и кај мене.
а како се породи, природно или царски? јас од 4 месец се боцкам со клексани, со покачени д димери сум ама дури сега пред некижоја недела ми се појави тој проблем. се надевам не е дтрашно, ќе видам во вторник
Мамички ја си се вратив домче. Ми направи докторката вагинален преглед, не беше ништо страшно како шо очекував, не ме болеше ич само нормално малце е непријатно. 4 прста сум отворена, меко грлото, бебе убаво наместено за мерак. Идеални услови за природно раѓање. Ми вика кај и да е ќе ти пукне водењакот, може до вечер, може утре, не се знае. Дури се мислеше докторката да ме задржи ама вика ај оди си, да не седиш џабе ќе дојдеш коа ќе ти пукне водењакот . На цтг немаше никакви контракции и ми рече тебе болки нема да те фатат него ќе дојдеш со пукнат водењак . И сега почиња играта на чекање . Се мислев искрено за царски ама со вакви идеални услови само ако мора ќе идам царски, ќе се пробам природно. Него дали вие шо сте биле вака отворени после вагинален преглед осеќавте како нелагодност доле? Ко расчепена се осеќам
Ти си на коњ чим си 4 прста и не осеќаш ништо... Плус прво ти е... Каков царски... Чекај си сега и уживај си
Кај Котларова беше? Докторката има магични прсти, дента кога ми направи преглед бев отворена 3 прсти и ме пушти дома да не ме задржува, но ми рече наскоро ќе биде. И се вратив по 2-3 саати назад со контракции , во право си беше жената . Со лесно
Ништо маче, само притисок осеќам. Никакви болки немам. Баш и ја прашував докторката какви се тие болки, ја нема да познаам сеа ќе си чекам и ќе нагаѓам кога ќе биде