Да да, кај Котларова. Стварно е многу нежна жената, немам зборови. Плус ја сабајле бев ептен уплашена, со плачки, со 140 притисок, со тахикардии отидов и еве сега после прегледот, така ме смири жената, ме опушти, сега сум си супер. Жената е царица, немам зборови
Забележав бело како топче на града (пупка) помало па сега поголемо ми е. Некоја има вакво нешто? Со првото немав ништо, сега чудно ми е. Млеко не е, ама личи како на згрутчено млекце
Ееј случајно улетав на темава и те прочитав И јас бев кај Котларова, имав така мали болкички како пред добивање и стврднувања на стомакот, а кога отидов на цтг немаше нешто многу контракции ама бев 4 прсти отворена и ме задржа па она ми го пукна водењакот. Тие уствари биле болките за отварање а јас мислев прво дека имам дијареа а после дека се брекстон-хикс. Испадна биле вистински контракции,значи ептен различно од се што сум читала за породилните болки. Жената е цар, значи ми предвиде и час на раѓање во 2 за ручек прием ми направија и ми рече до 8 вечер ќе се породиш, и цуца во 8:08 се роди Ајде со лесно ќе биде за брзо само да ја слушаш докторката
Мамички јас си се олеснив, убаво рече Котларова ќе се вратиш до после. Си ја родив мојата најубава Калина во 20:37 3130г и 50 цм. Пакуче меко со најубави обравчиња . Природно со лајт спинал. Преубаво, лесно и брзо поминав. Да ви даде Господ на сите пораѓај како мојот и да си дочекате ваква убавина! Вистина било најубаво чувство . Ви пишувам набрзо во породилни
Lele kakva ubava vecer! Bravo majko! Chestitki! Da ve raduva Kalina cel zivot, ziva, zdrava i od Boga blagoslovena da vi e!