@Lili4e @Nikajana честики мамаситас, живи и здрави бебенцата, да ве радуваат цел живот Да чкртнам нешто, време ме утепа, притисокот којзнае 50 со 10 ми е (шала), плус јадам и ми се гади како на почетокот, јади и плачи работата... Вчера на цтг и ехо, се е океј, ќе биде во петок здравје цезареа, па возбудата на најјако пуштена. Се трудам средувам алишта, по дома нешто, со ќерка се гушкаме...многу ја мислам како ќе ја оставам 4 дена, ќе се снајде мм сигурно ама така ми е мака угх.. Имајте убав ден женски
Од петок сум 30 недела. Денес обично имам водлест исцедок како подмочана сум цел ден. Дури и на вртење како да ми искача исцедок. Му се има случено на некој? И бебево многу активно денес
И јас од сабота сум 30 недела, баш пишав пред 2 недели мислам , истото ми се случуваше неколку дена , бев и на преглед кај 2 доктори и брисевите чисти беа, ми рекоа нормален исцедок во бременост. Неколку дена немаше ништо и еве вчера и денес пак, незнам што да мислам, се надевам не е ништо.
Исто и јас им викам да не ми тече плодова вода а јас да не знам, и ми се смеат викаат неможе да тече плодова вода а да не осетиш. Дај Боже да биде се како што треба.
И јас од тие недели така почнав да осеќам. Триста филмови си правев. И брисеви беа супер, на прегледи доволно плодова вода... само ми велеа дека веќе е нормално во поодминати недели тоа.. По 5,6 пати во ден менував долен веш, постојано водена бев
Еве иста сум по три пати во денот најмалку мењам гаќи , јас сум 31 недела и денес бев на преглед и баш прашав да не е плодова вода и докторот ми се смееше, и вика нее е и ми покажуваше дека има доволно водарече дека е нормален исцедок.
Женски вие што ќе се пораѓате природно во која недела ги правевте последните брисеви ? Јас сум 31+ 4 , па дали да ги правам наредната недела или ми е рано да почекам уште малку
Jas deneska bev na kontrola 32 nedela sum i mi reche za 2 nedeli na kontrola i togash brisevi ke mi zima. So lesno majka ❤
Јас правев во 35та недела. Советот од мојата докторка беше дека ако може да се издржи, поубаво е што е можно подоцна да се направат (препорачано е од 35-37 гестациска недела). Ако немаш некоја ризична бременост, некои потешкотии, можеш да си почекаш. Сепак, твоја си е одлуката и нормално, на твојот матичен гинеколог.
@Chrysanthemum @Naatashka123 @Lili4e @Ladysimona Фала ви женски,значи имам уште време за брисевите,прво ке отидам на преглед па ке се договориме со матичната. Среќно и со лесно на сите
А мене пак една докторка ми викаше во 28 гн се правеле контролните, 35 гн за ГБС. Матичниот ми вика во 35 гн. само за ГБС, другиве не. И ај сега..
Денес добив не толку добри вести, цервиксот 2,29 ми препишаа утрогестан вагиналетки, овие 2 дена по 3 на ден во петок пак на контрола... до сега се си беше во ред не знам како вака одеднаш а рано е 30+0 денес тежи 1250 грама...многу е мало. Исто така и главчето му беше малку помало првиот пат кога го мереше 2 недели помало, после го премери пак 1ипол недела, за сигурност ми даде упут за специјалист. Цтг беше добро пулсот на бебето се движеше од 140 до 150. Некој со скратен цервикс совет или утеха да ми даде, ептен се потресов и многу не очекувано ми беше ова
На една моја пријателка во 7ми месец исто и установила 20мм цервикс, и беше на терапија утрогестан и мирување додека не и се зголеми.. Кога и се качи до кај 35мм пак почна да оди на работа (ова зборам беше пред пандемијата) и пак и се скрати и се врати дома на мирување додека не влезе во 9ти. После почна нормално да си функционира и цел деветти немаше никаков проблем, бебе се заинаети во 41ва се роди. Така да моја препорака терапија и мирување