Еве и колку ти е должината на цервиксот и која недела си? извини не сум во тек, Јас лежам веќе 3 недели, во 30 недела матичната ми го измери цервиксот 2,3цм ми препиша соодветна терапија и одев на секој 2 дена на контрола додека не се качи над 3 цм. Значи во рок од 6 дена 3 пати бев на контрола. Сега сум 33 недела и пак се намали 2,5 цм а цело време сум во мирување ретко станувам освен за јадење и основни потреби...Според мене преглед си е преглед и не треба да го пропуштиш.
Убаво е да лежиш ама досадно. Димери е пожелно да провериш. Трудници секогаш имат предност. Да требало ке ти кажат строго лежење.
Да, тука некаде сме. Го едитирав претходниот пост....имав и многу стврднувања на стомакот и ме влечеше цело тело надоле...не дека сега ги немам де.
Ми се погоди и топлото време во прилог , многу е топло за надвор, па си седам под клима. Ама и јас прњтходно ептен бев рашетана. Дневно си пешачев мин. по 5 км.
Имали некоја идна мамичка бидна ми треба хелп.. Скоро 2 часа сум будна со страшна болка во главата, проблемот е што немам дома парацетамол и ме интересира дали може да се напијам бедоксин 20 мг.
Можеш слободно. Јас по 80мг имав пиено такви ми беа тие едни од Јамесон со фолна и б12, и б6 80мг, прашав ми рекоа може слободно витамин е тоа
Девојки 37 недела, чувствувам менструални болки и болка во долниот дел на грбот. Дали наскоро ќе почне процесот на породување? Ве молам за искуства
Би требало, тоа се првите знаци но не мора да значи утре дека ќе родиш. Сепак по дома спремај си се полека
Девојки какво е тоа зацврстување на стомак што го чувствувате. Мене ми е стално цврст, но се мислам дека е од бебето со се растегнува така нанадвор
Мене ми се оптегнува цела кожа и тоа го чувствувам без да се допрам, а на допир е ептен цврст- како пренапумпан баскет. А кога е во нормала си е мек.
Осеќам грч на одредено место и се прави ко релјефен, а на моменти се издигнува пола стомак ко планина.
Се поместува бебуш. И јас така осеќам на моменти, сѐ почесто... Де газето го врти, де главчето Многу интересно
Тоа се контракции, и јас мислев дека се газе или главче, ама уште кога ја прашав матична рече дека се подготвителни контракции и се појавуваат од прилика 32 33 недела.... Јас си ги имам цело време и еве на цтг кога одам кога ќе се стврдне така регистрира контракција... Не е страшно си се спрема телото