Ааа фала на инфо, не сум знаела ))) До сега еднаш бев на цтг, немаше ништо такво, мојава кога знае дека некој друг ја гледа или следи движење, не мрда.. Само кога сме сами партал прави хахах )) Ќе видиме за една недела дали ќе покаже нешто
Море мојов е наместен со газе и грб назад, највероватно ко што вика Андреја контракции се, а иначе и мене ми е најјак ко ќе изрола низ цел стомак со нога . Па ќе го гибнам, ќе се повлече .. Љубов . Или па да земам телефон да го снимам, јок, мирни сме одма .
Исто, ми се случува веќе недела-две. Јас ги викам "јајце". "Еве пак се направи јајце" хаха. Особено ми се прави на самиот пупак, мислам бебе сака низ пупак да излезе. И еден цм над пупак. Значи не е бебе да бутка... А нормално е за 28/29 недела?
Па мислам дека веќе во трето тримесечје се нормални... Мислам имаше членки што веќе се породени пишуваа дека ги имаат тој период... Кај мене покасно почнаа
Бебето е баш убаво се познава се пипка газе грпче, некоја коска фаќам. Кога има таква контракција цел стомак е камен, вака само си испапчува од една страна на друга.
Ама кога е раче грбче или ноже не е тврдо воопшто, само е покренат стомакот, има разлика... Јас од кога ми објаснија почнав убаво да ги разликувам... Кога е ноже на пример ќе се испакне и така испакнато си го шета стомакот.. Муабетот беше баш за стврднувања
Уште едно прашање: недела-две веќе имам редок бел исцедок. Испитувања се добри, нема инфекција, или што знам. Претпоставувам е нормално штом ништо не покажува? Ама обавезно еднаш дневно ми се појавува.
Да така е. Јас со кој и да зборам што се породил сите ми викаа абе тоа е мрда со раче, грбче , газе..... а јас упорно тврдам и осеќам дека не е тоа. Се додека не има пратив слика од стомакот извртен, стврднат и испапчен во десно како врв....и тогаш сите...аааа е па кај мене не беше така. Абе бог да чува, ако не знае човек или не е сигурен поарно да не дава совети. Мене вакви стврднувања ми се од 13_14та недела ама дека тогаш матката помала и не се осеќаше за така непријатно. Е сега веќе е друго.
мене паника ме фаќа, нормални ли се менструалните болки? 33 недела сум, бебчето е активно од време на време чувствувам тегнење ама не сум сигурна дали е малечката или нешто друго, многу не сигурна станав откако ми се скрати цервиксот. Значи болки во долниот дел на стомакот и кај срамната коска имам, нормално ли е?
И кај мене се јавуваат болки од време на време, ама кратко траат. Не ми е текнало да се загрижувам, си претпоставувам дека се нормални. Јас сум 31ва недела.
Ај нека си издржи до Август, само тоа се молам , среќа па маж ми до мене беше со по ладна глава, се напив магнезиум и се смири болката. И да ти кажам и мене ми недостига безгрижна да си бидам, ќе ми се уврти нешто у глава и само стравови се полнам... ти благодарам за одговорот
Сум пишала јас одамна ги имам овие болки а не мирувам јас баш. 32 недела фала му на бога до сега е се ок. Цервикс 35.