Zdravo Bremena sum vo 33 nedela Deneska mi se zgadi nesto i ispovrativ istot mi se sluci i pred dve nedeli sabajleto koga stanav ispovrativ a pred toa ne mi se slucuvase vaka zatoa dali mozi nekoja da spodeli iskustvo dali e normalno ova Dali e nesto zagrizuvacko ?
Нема потреба да си ствараш грижи. И јас еден период насабајле едно пола саат-саат после будење на гладно повраќав. Пробав да јадам веднаш штом станам, макар и 2-3 залчиња и оттогаш го немам тој проблем, ама секако дека знае одвреме на време да ми се згади во било кое време од денот. Ништо страшно.
Здраво, мојата другарка е моментално во државна. Сега е 29 недела, примена е вчера поради висок притисок. Ставен и е катетер да соберат мокрача од 24 часа за да испитаат протеини. Исто така и ставиле и инекции за зреење на плодот. Контракции нема. Меѓутоа пред 1 недела на редовна контрола и рекле дека има зголемена плодова вода и дека е можно предвремен пораѓај, а исто така со првата бррменост е предвреме породена во 34 недела. Постелката и е 2 степен на зрелост.Па ако има некоја вакво искуство да каже зашто и се даваат сега инекции за зреење?
Ајде да прашам и тука... Вака, термин ми беше на 25ти, сега сум 40+ и се до сега докторката имаше став дека може да се чека и до две недели не е проблем, доколку се е во ред. Се до сабајлево, кога бев на цтг и ехо, рече се намалува плодова вода, ама освен тоа проблемот е што главата на бебето не е фиксирана во карличен канал, туку си "плива" слободно уште а до сега требал да е фиксиран. Рече дека најверојатно е поради положбата на главчето, зафрлена му е наназад и не може да ја намести во канал, позиција 2Б, така кажа. И утре ми рече да одам пак, да договориме породување, според муабетот ми делува дека ќе предложи царски, од кој сум преплашена, бидејќи освен положбата на главчето рече дека и карлицата ми е е прилично тесна. Дали некоја имала слично искуство, каква е таа позиција 2Б, ја прашав докторката и не ми објасни детално и дали некоја со тесна карлица се породила природно или мора царски?
Мила јас повраќав од 5 недела до 38+3 односно пред да ме однесат во сала за царски повраќав 9 месеци насабајле обавезно и плус уште неколку пати во денот така да немаш гајле биди среќна што само неколку пати си повратила,нормално е
Јас повеќе да си се пожалам, отколку било што друго. Бебе ме скина, мава и бутка толку јако, мислиш сака низ пупак да излезе. Гази по мочниот меур (ваљда), ме сече штипечка болка низ мочни канали, дури и на излезот од каналот за мочање. Гази по матка/јајници, што знам веќе каде, цел долен дел ме боли, понекогаш претерано затоа што знае и по 20/30 мин. без престан да мава/гази. Срамната коска ме боли при секое движење, а особено при станување/исправање. А колковите пак?! Утрово ми се плачеше, толку ми се спие, а не можам затоа што ме болат премногу во било која поза. Мислам дека мускулите на колковите ми се воспалени, затоа што не можам ни да го растегнам пределот, горат како да сум се утепала од вежбање претходниот ден. Едвај одам, чиниш тегови имам од карлицата надоле. Едвај 2 км изодувам, и тоа со паузи и спора како желка. Од друга страна пак, пресреќна сум затоа што и на последново ехо од пред некој ден видовме дека се е супер. Бебуш си расте, постелка топ, вода топ, матка топ. Матичната упорно не ми мери цервикс, ми вели немам потреба, тоа било само за проблематични бремености. А како ќе знаеме дали цервиксот е океј ако не го измериме? Е така, малце да ми олесни.
А цервиксот задилжително ли треба да се мери? Јас денес влегов во 39та недела и мојот матичен досега овие 9 месеци ми го нема ниту еднаш измерено.
Ме нема гледано вагинално, ехо нормално преку стомак и брисеви кога ми зима. А вака вагинално да ми каже да ме погледне, не ми кажал. Ми падна чудно зашто читам дека на повеќето им се мери а на мене не ми е мерен, па дали е задолжително или докторот/докторката ако мисли дека има потреба да се мери тогаш се мери? Сабајле бев на цтг ама докторот не ми беше таму, па следен пат кога ќе одам(ако дотогаш не се породам) дали да го прашам?
А ти па што се секираш во 39 недела ... Ти може секој момент да се породиш не цервикс да ти мерат... На крај е скратен и се отвара... Јас цела бременост цервикс 46мм, затоа сега 10ти месец почнувам
Јас уживам кога е активен бебо, на периоди силно мава ама не ми смета. На лажните контракции и менструалните болки се навикнав веќе. Нешто што највеќе ме мачи се жештините. Едвај дишам, само се кријам како крт низ собите, сонце немам видено од последниот преглед ама џабе. Не знам дали е поради времето или поради нешто друго, апетитот ми падна на нула, па и веќе неколку дена цело тело ми се тресе, што уште повеќе ми ги отежнува работите. Движење нема шанси, едвај по скалите се симнувам и качувам еднаш во денот, не па без престан да пешачам. Се трудам преку еден ден-два да прошетам навечер, ама повеќето од времето го поминувам по клупите отколку во одење. Не знам како ќе се издржува до крај. Како капак на се`, сум се исфрлила некои белки по градите, нит се стискат, нит се тргат, нити па ме чешат, ама живците си ги изедов од што не можам им најдам решение.
Абе свиркај си каков цервикс во 39та. Супер си поминала штом ништо до сега не ти кажале. Сега треба да се крати и отвараш
За положбата не знам, ама заради потесна карлица братучетка ми и двете деца ги роди со царски. Инаку, и предложиле ако сака да пробаат прво природно, а дали кај тебе ќе е така или не, којзнае, овие се индивидуални работи. Преплашена беше и она од царскиот, ама виде дека нема ништо страшно и отпосле рече дека така уште 5 би родила, така да, не собирај страв предвреме, полека и ќе биде.
Večerva bev na Ctg kaj dr sto ke me poraga. Vika plodova voda namalena, i kontrakcii si imav celo vreme. Vika vo četvtok pak Ctg da se sledi za plodovata voda, ako ima nekoi promeni petok da bide carskiot. Vcera bev na pregled kaj drug doktor ne mi kaza deka e namalena. E veke počnuva da me faka trema