Да, го имаме, ама брзо поминува. Кај мене има и некој светло кафен исцедок овие 2 дена на улошката. Можно ли е да е тоа чепот? Мислам дека е рано, 34 недела сум.
Само што бев пред 2 дена, немам услови пак да одам бидејќи ми се во друг град... Правев брисеви последниот пат, чисти се. Ептен малку беше, на бришење нема ништо, ама ако се повтори ќе отидам тука кај друг.
Дека кажа последните два дена. Мене ми кажа докторката било што да приметам исцедок било каков во овие недели да отидам веднаш.
Од 33 до 35 изгледа се прават. Колку шо знам задолжителни се за да се види да не имаш некоја бактерија шо би можела да се пренесе на бебето при пораѓање по природен пат.
Девојки ѕдраво....Јас сум 25+3 ден или т.е полна 26 и 3 дена...Ме интересира дали сум веке влеѕена во 7 месец или не?Какви симптоми може да се очекуваат сега...Што и како ) Поздрав девојки
Поим немам искрено негде пишува од 27 негде од 28....Една апкикација веќе ме води како во 7 еве една недела хахахах
Девојко да ве прашам нешто....Денес бев за испитување крв и мокрача и кога си дојдов бев во вц и мокрачата ми брше многу жолта,дури на портокалово..Ми се уврти во главата да не скраја да е ми се појави крварење не дај боже од толку жолта.Иначе ставав утрогестан на вечер заради грлото на матката и пред два дена бев на преглед се е во ред.Дозволено ми е движење.Да напоменам вода се напив само една голтка а знам дела кога не пијам многи вода мокрачата е жолта.Поздрав девојки
Pij poveke voda,mn.ti e koncentrirana mokrachata od tamu ima takva boja.Ne samo poradi bojata na mokrachata i opshto treba da se pie poveke voda.
Мене брзо ми поминува ама долго во денови ми трае. Пред некој ден на грб сум заспала со бебево, да станам уфф тапа болка силна. Читав некој хпрмон се лачи се омекнува карлицата...само ми е чудно дека со првово бебе немав а сега да
Нешто ми е нејасно. Според последен пмс, јас сум 32+3. Уште од 2ри/3ти месец, докторката ми вели дека бебе е понапредно за една недела. Денес на ехо додека го мереше вели, еве главчето е како за 34та, мешето како за 31ва, нозете (мислам бутните коски беа) како за 34та. На крај ми рече дека тежи околу 2300/2400 гр. Нели е тоа многу за 32ра? Ваљда не можат докторите да утнат термин многу? Почнувам да сумљам бидејќи последниот пмс ми беше сомнителен, со доцнење од 8 денови и со траење од 2/3 денови, кој знае дали беше циклус воопшто. А до тогаш се' редовни ми беа. Уште нешто; дали некој има посериозен проблем со симфизата на срамната коска? Како што многу пати се имам пожалено во темава дека имам доста јаки болки во срамната, така периодов ми се зголемија, ме боли дури и при мирување во кревет. Според матичната изгледа симфизата е олабавена и единствен совет што ми го даде е на пораѓај да ги известам, за да не ми го притискале стомакот за да не се доразлабави оти после било долг и преболен процес да се поправи штетата.
@MissChievous моето искуство..Второто девојче во 31 недела беше 2200 .Искрено мислев дека ке е баш баш голема до крај. 39 та се роди 2950 најмала беше дента од сите бебчиња шо се родиа.Плацентата созреала предвреме.И престанала да добива хранливи материи со тоа и стагнирала во раст.Ова сега третата по мерки исто иде една недела унапред.Ама немора да значи дека ке тера до крај така.Зависи и генетски какви преддизпоции имате.Дали сте вие големи или не Во секој случај не е загрижувчки и поголемко да биде