Девојки 41 недела. Денес цел ден имам слаби менструални болки и стврднување на стомакот кое незнам дали е од мрдање на бебе. Дали процесот на породување е почнат? Ме фаќа голема паника...
Колку што знам и имам читано можно е да е за породување.Но сепак нека кажат поискусните.Доколку ти се на исти интервали и траење и стануваат се посилни мислам дека е тоа.Сепак пак ќе речам нека кажат поискусните....Со лесно
Прво чепот, па после почнаа болки нередовни, утрото на ден на пораѓај ми протече водењакот, на бокс ми пукна при проверка колку сум отворена.
И ти падна чепот? Ако е само чепот тогаш не мора да значи дека ке добиеш болки. Земај повеќе магнезиум. Јас бев еден прст отворена две недели ако добро се сеќавам. Од 36та имав прегледи со рака. Мене ми беше време за раѓање, 40+ бев.
Вчера ми падна, а на спекулум немаше ништо се дома паднало, исто еден сантим отворена. Цтг во ред со некој две контракции слаби кој ги сетив и јас во кичмата.
И мене ми падна вчера , а завчера онака ко бел исцедок ама мукозниот чеп ми падна вчера ( само не беше црвен , како бел некако ми изгледа )
37ма влегов вчера , само бел и толку а сабајлево ко ептен малку како бел-жолт и толку.. Болки немав се до денес , денес имав онака благи ама не редовни Утре здравје ќе и пишам на докторката па ќе видиме