Денес почнувам 28 недела. Од кога ги осеќате лажните контракции? Јас немам ништо осетено до сега или незнам какво е чувството па неможам да приметам кога ги имам.
Рано е, може и ич да не ги осетиш. Кај мене мислам дека првпат се ппојавија околу 32 недела. Како стегање, стврднување на стомакот е. Малку е неудобно, ама не боли. Едит: Не се појавуваат цело време, некогаш со денови ги нема, некогаш може да ги почувствувам по неколку пати во денот.
Јас искрено не можам да проценам. Секогаш кога ми се оди во тоалет, осеќам стргање, испакнување и стврднување на стомакот.
Кај мене не е такво чувството, никогаш не е било истовремено со потреба за одење во тоалет. Овие лажните често ми се појавуваат при движење.
Веќе е тоа нормално, се припрема матката за породувањето за тие главните контракции. Е тие на пример не можеш да не ги познаеш, лажните не болат барем мене во предходната бременост не ме болеа(минимална болка како пред добивање) додека пак правите контракции уффф
Мене ме фаќа страв шо ако не добијам контракции. Мајка ми три пати раѓала, никад не осетила контракции. Од кај ќе знам дека треба да раѓам?
Јас истото си го мислев И сите ми викаат не се секирај ќе знаеш, поише фуфки ми идат од што не знам што да очекувам
И јас да ви потврдам дека сигурно ќе знаете кога ќе раѓате, различно е од секоја друга болка и стегање
А контракции се мерат ли да дојдат до 15 минути размак за да тргнеш во болница? Што ако убрзаат нели кај сите различно е.... не ми е јасен тој момент.. Или а почнат да фаќаме пат одма
Прееска како седев гледам на прекривката како мокро и викам долго седев сум се испотила, после гледам и на хеланките толкав круг мокра Не осетив ништо, а не мирисаше никако. Останатиот дел од денот се нормално. А баш се смеев кога другарка ми кажуваше дека се има помочано неосетно во бременоста ама не беше тоа сигурна сум, ќе мирисаше барем. И сега се плашам што ако ми се деси истото кога сум испадната, и што е тоа уствари?
Првото стегање на кичмата беше напладне, вториот пат кога ме стегна и осетив мала болка отидов се избањав и си легнав. Мерев и ми беа на пола саат ама имав и мало крварење, па затоа отидов одма, инаку ќе чекав барем на 10-15минути. Мене тогаш не ме болеше скоро ич, почна да боли тек на 5мин кога дојдоа. Првите контракции ми се појавија во 20h, во болница отидов во 23h, а веќе од полноќ почнаа на 5мин. Се породив во 11.35h сабајле царски, не сакаше ова ѕверчето да искочи
Да, накај 6h почнав да молам за епидурална, во 8.30 ми ја ставија. Инаку, само еден прст се отворив, пресмешно.
Ме фатија болки во кичмата и од време на време знае да ме заболи и стомакот. Официјално ме фаќа паника.
Нема зошто да те фаќа паника, оди истуширај се,касни нешто ,опушти се Велат од прва болка во наредни 24ч ќе се породиш, така да утре ова време (ако ти се родилните) би била со бебето во прегратка Имаш ли исцедок некаков, која недела си?