Девојки мои,ајде јас да ве прашам нешто ) Два три дена неможев да одам по голема потреба.Е сега денес пиев јогурт и ми се јави потреба ама имав проблем оти тврда столицата едвај се олеснав,дури си раскрвајв кожата од мака ))..Иначе до сега сум немала ваков проблем освен еднаш два пати во првите месеци.Иначе скоро цел месец пијам таблети за железо.Имам и претходно пипувано за грлото на матката па ме интересира што и како да не не е убаво за бебето тоа што напнував малце.Инаку другото не ми е страшно.Поздрав девојки
На иста мака сум и јас. Најмногу ми помага јогурт со ленено семе или овесна каша. Инаку гледај да не даваш мн напони
Женски, вие што пиете метилирана фолна, дали ја пиете до крај? За до кај 36та недела имам па не знам дали да докупувам бидејќи се за 3 месеци паковањата. Фала
Јас вчера пробав со лешници бадеми и леблебија.Јадов салатљ и после малку лубеница...За скоро веќе беше супер не очекував толку брз ефект поздрав
Не е ништо страшно, јас со години се борам со истиот проблем, во бременоста дури мислам дека полошо стана. Штом до сега не се породив при толку давање напони, ништо не му е. Инаку кај мене како најдобро решение се покажаа сливите, ама не сушени, туку свежи, малку позелени. Исто и многу течности и физичка активност.
Од таблетите за железо ти е тврда столицата, ама затоа треба да се консултираш со доктор, ако не пиеш, да почнеш да пиеш магнезиум директ.
Последниве денови освен што имам светло жолт исцедок, цело време имам како водест исцедок проѕирен и нема никаков мирис.. Можно ли е да ми тече по малку плодовата вода? 38+3 сум
јас земам и хеферол за железо ,земам и магнезиум директ и пак имам тврда столица....чекам да испијам уште неколку апчиња па во петок да правам крвна слика.......И меди коприва и се се надевам че се подбри а за столицата ми река повеќе чај...
Девојки денес заприметив когљ малку сум простум ми се стврднува стомакот како кај папокот.Немам болки ништо само тоа.Незнам дали е од тоа што имам гасови или не.Сега лежам и немам ништо...Но незнам кога ќе станам како ќе биде ))
38+5 сум, цело сабајле чувствувам стегање на стомакот. Почна на пола саат, сега веќе е на 10мин. Ама освен стегање не чувствувам ништо друго, никакви болки. Чепот ми е паднат веќе 5ти ден. Можно ли е да се контракции? Оние вистинските? Чудно ми е без болки, а обично не сум баш толерантна на болка, било каква
За оние вистинските не се почнати затоа што болат да бидеме искрени..Ај иди си на контрола.Мислам дека ти е почнат процесот
Кај секој е различно, затоа послушај си се себеси и ако чувствуваш промена подобро оди да те видат, среќно
Отидов на цтг, лажни се, не сум отворена. А таман реков се решил да излага Ќе почекаме дечкото да реши кога сака да дојде на свет
а тоа што е паднат чепот не е некаков знак дека е почнато нешто да се случува?Ке те чекаат да се отвориш?. Кај мене не знаев ниту пак некој ми кажа дали ми е паднат чепот но со двете деца отидов на последна контрола 6 см отворена.Во секој случај мислам дека ке биде овие денови.
Во првата бременост чепот ми падна нргде 35 недела. Се породив последен ден од 40та кај некои мајки истиот ден почнува тој процес а кај други како мене и покасно
Како што ми рече докторот: од паѓање на чепот може да поминат саат два, па до месец а јас му отидов спремна, викам се пораѓам
Дали сте имале во 7ми месец зголемен исцедок еднаш бел после воденест па густ леплив Брисеви правени во 24 недела чисти, користено вагисан ама нема намалување