Дали некоја од вас имала болки доле кај кичмата или познато како ишијатичен нерв. Нит можам да одам, нит стојам нит лежам....
Не се издржуваат 4 дена, плачам рикам да пијам парацетамол не знам дали ќе помогне, и да земам некоја крема
Јас во 6ти месец имав многу болки во долниот дел од кичмата, не можев долго да се движам, не може да седам, не можев да станам. Дури и ме сецкаше кичмата, нозете ми откажуваа. Бев на масажа за трудници и од тогаш до ден денес, на крај сум, утре ќе одам да се пораѓам, ме нема заболено воопшто. Закажи си масажа, скрати си ги болките, ниедна маст не помага.
Еве повели. Нагласи дека е за трудница. Мене ме масираше физиотерапевт Александра. Доаѓаат дома, со кревет за масажа, со се. Секој можен дел од телото ти го масира, од глава до стапала. Еден саат траеше масажата, 1500 денари.
Јас, во првата бременост, многу боли мене ми помогна една спортска крема на природна база (билки некои) плус имам дома ластици за вежбање. Можеш и со поголем пешкир или врвка- легната на грб, едната нога во вис и полека влечи према тебе па лево па десно баш да се истегнеш и задржи по пар сек така или колку можеш
Леле не, внимавај ако е ишијас никако масажа. Може и не ти е ишијас, прво консултирај се што е. Не е се за масажа, некогаш можеш и да си наштетиш.
Јас на дежурен завршив од тие болки во 26г.н. и Котларова во Ре медика ми рече дека е ишијас кој се добива во бременост, може благи масажи, но во домашни услови само со ладен гел што е дозволен во бременост. Такви јаки беа болките 2 недели после се намалија сами.
Денес подобро од неправилно седење и лежење, денес се раздвижив домашни масажи само боли на спиење, кја мене во 29 недела се појави се надевам нема да трае
Не би требало многу да трае, и јас мислев од лежењето ми е, меѓутоа докториве викаат кај многу жени во бременост се јавувал.
Добро утро мешиња, се надевам сите сте добри!!! Јас од денес ви се приклучувам тука. Кога помина времево не ми се верува, како вчера да видов позитивен тест. Се надевам ќе се дружиме и со лесно ќе поминеме сите
Кога ги правевте последните брисеви, јас влегувам во 31 недела и матичниот вели да ги направиме. Нели е рано?
Мене ми рече за 35та, сега сум 35та, ама на одмор ми е матичната, па ќе ги правам наредна во 36та. Е после немам појма што следи, ме фаќа малце нервоза дека ќе мора понатаму во ГАК, а не кај мојата.