Исто, еве денеска сум на преглед мислев готово едвај ќе го поминам викендот, ама ништо, никакви болки, ми престанаа во саботата. Која недела си?
38+4 Тука сме Во петокот докторката беше сигурна дека ќе ме задржат денеска, бев 2цм отворена и грлото рече е меко спремно, ама ете нема ништо. Ќе пишам да видиме што ќе биде денеска
Добра си ти. Јас ни се отварам, ни постелката е созреана... Контракции имав неколку дена, на цтг ги покажуваше, др вика може ќе биде викендот... И ништо не биде.
Ke rodime tocno na denot na terminot bez gajle mene taka mi izgleda..Kaj mene na niedno CTG ne pokazivase kontrakcii osven sto sum otvorena 1cm a zdravje utre sum na pregled pak pa mozebi ke bidam poveke otvorena, se nadevam..
Ништо, во иста ситуација сум, 2 цм без контракции. Во петокот дури имав една, сега не. Јас мислам треба да си се опуштиме, кога дојде дојде. Секако имаме уште недела, недела ипол
Мамички јас имам едно прашање, Имено ја сум 30+2 и сабајле имав некој болки чудни што не беа во стомакот него не знам како да се изразам доле кај дупката , кај матичната треба да одам во четврток на преглед ама јас се исплашив бидејќи прв пат ми се случува вакво нешто. Дали некоја се соочува со сличен проблем. да напоменам дека бебуш го носам ниско и со плацента на преден зид сум, не знам дали игра некоја улога. Фала ви на одговорите
Јас вака почнав да се осеќам од 36та недела, баш како што опиша. И кога бев на преглед докторката ми рече дека бебчето е свртено надолу со главата и дека притиска. Кога лежам не боли, само кога се движам и при станување / седнување.
Не знам нели е рано малце кај мене за такви работи? Одноно тоа нема правила, еве од сабајле до сега ништо дај Боже на тоа и да остане. фала ти миличка за одговорот
Може и со ноџињата да притиска, зависи како е свртено. Во секој случај мислам дека се нормални такви болки. И јас ги имав на периоди. Некогаш ме болеше десната страна, па лева, секогаш различно.
Колку сте запознаени со меркиве на бебето? Од почеток на бременост бебето ми беше 4 дена поназад. На 5ти август ми кажаа дека 7 дена е поназад според обемот на главчето ама другото си е супер и дека немало простор за паника. На 23ти вчера 2 недели поназад исто со објаснување малку е помало во главчето според неделите. на 5ти август BPD 6.11 cm HC 21,70 cm (тогаш бев 26та недела + 5 дена) 23ти август BPD 6.44 cm HC 25.31 cm (29та + 2) Другите органи се развиваат супер и си добива на тежина. Некоја била во ваква ситуација малку помало во главчето и да е по назад 2 недели? Ме пратија да сум испитала димери да виделе дали има доволен проток на хранливи материи до бебето. Ако не биле во ред димерите се пробувало да се средат со клексани ако не успеело тоа инекции за развој и краен случај предвремен пораѓај. Ако има застој според мене ќе заостанува во се не само во bpd i hc. Дали премногу не паничат докториве? Извинете женски за долгиов пост ако има некоја со слична ситуација ја замолувам за одговор
2 недели понапред поназад е дозволена разлика и ја сметаат за нормална. Тежината на бебето се формира така што се вади аритметичка средина од сите измерени параметри (главче, рака, нога... И таму што мерат друго незнам) тоа значи чим е главчето помало автоматски го дава цело бебе како помалецко. А и немора да значи дека е правилно измерено. Милиметри се во прашање и многу е битно докторот да е што по прецизен. Се надевам ме свати
Мамички ќе ве молам за помош со алергија се нафрлав цела викаат било уртикарија. Пијам летизен во договор со матичната. Инаку сум 31+6 со близнаци