Јас сум 29та недела, болки немам но се пптешко ми е да се движам, некогаш осеќам толку јак притисок долу кај отворот што мислам ќе ми падне беба ( недај Боже)
И јас така се чувствувам и порано од 29та. Сега 31 влегувам, втора бременост ми е. Со првата немав вакви "проблеми". Докторот вика нормално е без паника. Мора да се издржи, тоа е. Се за бебчо!
Здраво Идни мамички што користите за стрии? Ги имам само во долниот дел од стомакот сега за сега. До сега ставав микс од Павловичева, маслиново масло и капки Д3. Но, овие 2-3 дена почнаа со чешање и печење. Споделете од што сте задоволни или некои облоги дали ви помогнале. Секако колку толку да не се прошират ептен, инаку знам дека не може кожата да биде како што била. Поздрав
Јас го користам миксот само со бадемово масло наместо со маслиново. Пробај со маслото од еуцерин, го имаш по аптеките специјално е за трудници, сакам да кажам безбедно е и за таа намена е. Плус и преубаво мириса
мене ми го пофалија маслото или кремата на Мустела, а како што гледав имаат и масло за корекција на стрии, ако веќе ти излегле може и тоа да го пробаш
И јас со првото не осетив такво нешто, но заборавив да ја прашам докторката. Само да е се во ред со бебушите, а ние се ќе издржиме. Кога го родив првото ми се виде како цел век периодот додека пркне за да одморам грб и раце но времето лета. Сега едвај чекам да си го гушкам и второто, златциња се
Mene iskreno vo prvata bremenost nisto ne MI pomognat sto ne mackav pak mi ispuka kozata I sea za vtorava nisto ne koristam I isto my ispuka kako koga koristev... Toa e sto ke pravime
Јас го имам ова, Се мачкам веќе месец дена, и само минимално ми се познаваат (ова мислам од претходно дека си имав, само се раширија ), немам такви темни стрии, и не ме чеша.. Го купив од еурофарм окулу 1000
Ехеее и те како. Од почеток на бременост најмногу ме боли долниот дел на карлицата, срамната коска. Нормално е, не се секирај. Мислам дека главната причини поради кога сакам да се породам е за да повеќе не ме боли срамната (симфизата).
Брзо и лесно да се породиш срцка, јас гледав видеа и малку вежбање ме ослободува од болка. Ќе издржиме се за нашите бебенца
Само што го купив од Зегин. 1050ден. Ќе пробам и баш ќе пишам како ќе бидам задоволна. Фала ти на советот.
Девојки незнам дали ми е прашањето за овде но слободно префрлете каде што треба.Имам мал проблем со срамните усни.Имам големи и испуштени усни и заприметив дека на едната страна скрос доле од надворешна страна ми виси месо испуштено кое најдоле скрос ме боли на допир.За скоро 2 недели сум на контрола па ќе прашам што е тоа....Го имам поќе време ама не ме болеше.Дали некоја се соочила со таков проблем или пак знае што е тоа чудо ?Поздрав девојки
Здраво, 31+5 сум , имав зелен исцедок пред околу 2 недели,правев брисеви беа чисти,матичната ми даде Макмирор вагиналети кои ги користев 12 дена и сеуште си го имам исцедокот на моменти, дали некој имал ваков исцедок? Воедно сакав да ве прашам и за положба во лежење , ми напоменаа да не лежам на грб иако само така немам болки , но на секое будење сум свртена на грб ,дали е штетно за бебето?
Го доби ова за време на бременост или од претходно? Исто вака како што опишуваш добив и јас во доцна бременост, ми кажаа дека е нормално заради притисок доле. За болката немаа коментар ама ми препорачаа да не користам шампон во тој дел и да носам памучни гаќи еден број поголеми да не ме стегаат многу. Успат имав и инфекција па се мачкав со еден крем, па од кремата и тоа ми помина и се повлече за недела дена..
Па сега ако се навратам наназад сега ми порасна фактички во бременоста ми има излезено.Јас не користам шампони и сл околу хигиената таму од секогаш така ми имаше кажано матичната.Чисто убаво миење со вода.Фала ти сепак за одговорот ќе прашам матичниот што е Позз
Случајно улетав на темава. Маслово е врвно, не остава мрсно на облека и мене ептен ми помогна. Ниедна стрија немам од бременоста а доста се поправив и со вишок кг бев останата трудна. А и склона сум кон стрии ама ептен се мачкав секој ден по 2-3 пати
Дали на некоја и препишале аспирин 100, јас сум 34+3дена. Докторот ми рече по едно и пол да пијам на ден односно 150мг.Имам 1807д-димери. Како е границата за нив?Некоја со слично искуство?