Аспирин 100 немаат разделна линија, а тоа означува дека не смеат да се делат, бидејќи не може да се знае со сигурност каде е распоредена активната супстанца во таблетата. Во половинката што ќе ја земеш може да ја има од 0 до 100 мг, а за таа доза и особено во трето тромесечие, добро е да побараш мислење и од друг лекар.
Женски мене ми падна чепот...ама немам никакви болки. Се изнервирав многу со детево и мислам дека од тоа...со него лани откако ми падна после 2 недели се породив. Да не почне сеа некој процес? Дека второ па побрзо?!
Мене ме водат како треторотка и откако ми падна чепот точно за една недела се породив. Разликата е што за многу брзо се породив, болките силни наеднаш ми дојдоа. Да успеав природно да родам ќе се породев за 1 саат.
Вчера додека шетав чувствував затегање ниско на стомакот, каде што се чувствуваат менструалните болки.. Дали се лажни контракции? Влегувам во 29та недела за некој ден.
Ја со првово исто ми падна чепот и после 2 недели се породив, лесно баш. Дека сум сама па не знаев дали да враќам некој дома да не почнат болки...ама нема ништо
Здраво на сите и јас стасав до оваа група Сакам да ве прашам дали веќе купувавте нешто за бебенцето, јас само што влегов во 28ма недела, рано е но сепак од мерак само гледам работи за бебиња Не сакам да купувам многу предвреме ели велат на нероден Петко капа да не се крои... но планирам за еден месец веќе да купам транспортер со количка, да си го спремам креветчето и малку облека з почеток, и да си спремам торбица за во болница Искрено страв ми е од се што следува, прв пат сум бремена, што од возбуда, што од незнаење, а од друга страна едвај чекам да пристигне моето мало девојче Д-димерите ми беа покачени примам fraxiparine 0.3mm, сега ке ги контролирам пак, дали има шанси да ми се намалиле а да ми ги прекинат инекциите или штом сум почнала така ке е до крај ? Границата беше 1.5 моите беа 1.88 Со среќа со убаво и со лесно на сите
Мила те памтам уште кога ти честитав за бременост, знам дека сме блиску За купување, јас искрено нејќам да мислам на лоши работи, а и самото разгледување и купување ми е антистрес. Јас до сега купив количка + транспортер, неколку шпикозни, чорапчиња.. и фиокарче земав за да си ги чувам работите. Во врска со ддимерите, исто и јас имам покачени, примав/примам клексани и повторно ми беа накачени, 2.5 скоро иако имав терапија .. И ми накачија доза. Се надевав дека ќе ги прекинам скроз исто, но ете, се накачиле . Ептен се разочарав. Ама ако, се додека бебушот ми е добар. Верувам дека ќе те следат на 2 недели/ месец дена со контролни анализи и доколку треба ќе ти прекинат терапија.
Тука сум и јас, да тропнам на оваа "врата" од утре 28 недела и јас. Дај Боже на сите нека ни помине со убаво и лесно оваа тромесечие и да гушкаме живи и здрави бебиња. Исто и јас сум на мисла со купувањето, ама едвај чекам искрено. Маж ми ќее си дојде за некоја недела па таман ќе бидам 30 недела и мислам да купиме од покрупните работи. Креветче, фиокарче, транспортер, количка и може некоја облека. Само со лесно нека ни биде.
Јас уште не сум купила ништо, терминот ми е до 06.12.2021, сега во вторник имам контрола кај докторот каде што ги правев скрининзите до сега и со Бога напред ако каже се е во ред ке почнам со шопинг Не ни сакам да помислам на лошо... Дај Боже сите да си ги родиме живи и здрави бебенцата За д димерите ке видам во понеделник, искрено толку ми е страв од инекции секој ден ми е хорор примањето на инекција имам страшна фобија од нив.. но ако мора ке се боцкам до крај, само да е се во ред со бебенцето Некако многу брзо ми помина до сега времето, почнувам да паничам Кога читам по групите кој што купил и искуства од предходно мислам дека само јас ништо не знам што и како треба
Исто сме ние две И јас немам купено ништо ама па имам скоро се од лани. И среќа што е девојченце пак. Лани се имав изнакупено од колички, креветчиња, облека за до прваче што се вика Почнав да се спремам од кај 25 недела нели со позитивна мисла дека веќе се е сигурно..... Али бидна срањето што бидна. Сега ми е шубе дури да ги погледнам алиштата кренати во плакар. Дури се расправевме со мм пред некој ден дека сакам таму здравје 34,35 да си ги извадам и барем да ги исперам. Он ми вика не, некој друг можело тоа да ми го направи чим се породам. Ама па некако и таа ли радост да не ја осетам. Ама кога е изгорен човек ваљда важи правилото надевај се на најдоброто, очекувај го најлошото.
.... не знам ни што да кажам.. Не дај Боже на никој такво нешто Сите со убаво и со лесно да си ги родиме бебињата, да не радуваат, да и се радуваме Не ни мисли на лошо, ке биде се како што треба За спремањето не знам и јас многу се мислам но ако каже во вторник докторот дека се е во ред, за неколку недели барем најосновното и тоа што најпрво ке треба ке купам со добра мисла и надеж дека се ке е во ред, па натаму со Господ напред.. сите да се надеваме на убаво
Денеска ми е терминот, јас од вчера сабајле имам болки на секој 2 часа. Подносливи. Едно време се намалија на саат, па на пола саат и не зачестија повеќе. Ова нормално ли е, веќе повеќе од 24 часа и лажни да беа ќе се смиреа..
Мила дека ние сме со малце салце од почеток па ме интересира дали стомакот ти е поцврст? Јас имав доста сало и до пред 3 дена што се вели кога ќе легнев странично стоеше само меко салце, уствари од вчера приметив и кога стојам и кога лежам мене ми е цврст стомакот. Така треба да биде? Значи не осеќам затегање, туку таков си стои. Вие што сте и слабечки, таков ли ви е
Да Софче и на мене ми е цврст кога лежам на грб, и кога стојам над папокот. Ова уште кога почна да ми се приметува стомак, пред месец дена. Под папокот ми е сеуште салце Си прави место малиот А за затегањата (контракции) нека кажат поискусните, мене сите ми спомнале дека се чувствуваат доле, како менструални болки и болки во грбот позади.
И мене над папакот ми е поцврст. Кога беше маж ми тука, му велам пипни. Тој вели ааа ти го дуваш, опушти се хаха. Ама еве овие два дена, посебно од вчера осеќам и доле ми е станат таков, посебно кога стојам. Ке заликува веќе на труднички мешко. Сите ми велеа дека од 7ми месец најмногу ќе расне мешко. А, и еве овие два дена го осеќам само како се тегне. Нека раснат бебковци.
Мајки,многу се плашам.38ма недела влегувам и на контрола денес ми рекоа дека бебето е бочно поставено.Сте слушнале ли за ова? Има ли шанси да се сврти,на претпоследниот преглед си беше главично.Што да правам,имам контрола пак за една недела,а ЦТГ иште немам правено