Не се паничи мајка, вака или онака тоа мора да излезе, ако нејќе природно тогаш со царски ќе те породат, само биди си позитивна, чувај сила Реално и мене ми е страв како се ближи крајот но нејќам да мислам многу, само си верувам дека се ќе биде во ред
Женски, колострумот ќе се појави откако ќе се породам? Со првово и последните недели ко ќе се стиснев имав, а сега не дека бебе цица....па се надевам нема да му го испие
Секој ден нешто ново кај мене. Денес на преглед ми кажа дека е бебето со главчето нагоре, а убаво си беше цело време со главчето доле. За некој ден влагам во 30та недела, има ли шанси да се сврти?
До 34/35 треба да биде свртено. Јас во 35та кога појдов ми рекоа дека е свртено со главата надолу. И сега кога влегов во 36та исто ми рекоа дека се свртило надолу. Сепак јас мислам дека нема одредено време кога би се свртело, на комшиката два три дена пред да влезе во 39та и се сврте надолу и се породи природно. Инаку викаат, ако е се до пораѓај горе или со провокации пораѓај или царски.
Има како нема. Мене ми беше со глава горе до 36,после си се намести со глава доле, спремна за искачање. Со лесно мајка.
Девојки, вчера сабајлето избришав некој густ леплив исцедок, крем боја и цело време се мислам дали е можно да беше мукозниот чеп? 37ма недела сум. Цела бременост имам исцедок но буквално како водичка, овој беше многу поинаков. Денес сабајлево пак густо и лепливо, не знам што може да биде? Се надевам не е некоја инфекција, така наеднаш. Можно е чепот да паѓа дел по дел? По колку време од паѓањето се породивте? Малку паника ме фати кога видов, си ја спаковав торбицата за на болница
Кај мене чепот беше кафеава крв, 24 часа после тоа добив слаби болки, а по 48 часа веќе бев породена. Со среќа !
Дали осеќате како бебето ика. Јас го осеќам во последно време и по повеќе пати на ден. Кога пребарував на интернет налетав дека можело да биде лош знак често икање после 32 недела. Меѓутоа имаше и многу контра мислења. Како е кај вас ? Малку ме загрижи таа статија..
Јас како падобранец да улетам тука (ќерка ми е веќе 10 месеци). Икаше нон стоп цела бременост по повеќе пати на ден. Последно нејзино движење што го сетив пред да се породам беше икање. Се роди здрава права, така да никако да не веруваш на такви статии. И како бебе многу икаше коа се роди
Бебе Дамјан во мешето кај мене икаше секој ден можеби по 5-6 пати и тоа по 20 минути,сега е веќе 3 месеци се роди жив и здрав и до ден денес си ика ппвторно по 5-6 пати по 20 минути така да мајка не се нервирај и не читај секакви статии и да се ставаш во мисла
И моете икаше постојано, по неколку пати во ден. На почеток беше интересно, ама ако потраеше стануваше непријатно. Дури и на секој преглед со ехо икаше, не можеше докторката убаво да ме прегледа и скокаше раката на стомаков . Исто читав и јас на интернет дека не било добро да ика постојано, ама фала богу се добро испадна , на крајот на месецов бебе година ќе прави. Не мисли му ја многу ,уживај во бременоста
Моето икаше по неколку пати на ден. И тоа на крајот. И од кога се роди икаше често. Сега е веќе 2++ се случува да ика уште, ама поретко