Девојки мои здраво пак јас хахах.... Веќе сум 34 недела и малку ми е полесно од се што ми се случуваше.... Е сега имам неколку прашања шо знам дека се до некаде нормални.... Осеќам можеби на два три дена како слаби менструални болки безболни повеќе се непријатни кај јајниците, некогаш двата некогаш едната страна. Потоа осеќам исто како ми се стврднува стомакот кај папокот претежно, мислам дека тоа бебеуш се стуткал тука И најважното шо ме интересира, користам утрогестан вагиналети,заради грлото, вторник сум на преглед и брис па ќе прашам и докторот ама сепак да се консултирам и тука. Јас лично планирам уште една недела да го довршам пакетчето и да ги прекинам ми е мисла да не имам проблем потоа со отварање па да мк настане проблем... Што мислите вие кои сте го користеле... Фала ви однапред убав ден
Дали има некоја мајка што се породила во Струмица во државната болница....ако може да напише искуство ?....❤
Мешиња како сте? Да ве прашам во однос на нега на брадавици. Мене последнава недела многу ми се суви брадавиците дури и ми се лупат... До сега вака не ми било и плус имам и некое чешање. Во аптека ми ја препорачаа од Фризи дерм кремата за нега на брадавици ја зедов, ама дома прочитав дека е за нега по доење. Како и да е почнав да мачкам да видам дали ќе има подобрување, па сакав и вас да ве прашам за исуство? Само мене вака ми се случува или нормално е? @SummerGirl12 за утрогестанот мислам дека не е убаво наеднаш да се прекине туку постепено прво да се намалува терапијата. Барем мене така матичната ми кажа и првиот пат кога ставав и сега, дека е најдобро со постепено намалување од 200 на 100 па ич. Е сега дали истото важи и за пред термин не би знаела со сигурност да ти кажам, најдобро матичниот лекар нека те советува. Со лесно мами
Да и Да. Исто и мене ме бунат неделите, по различни апликации е различно. Некаде пишува од 27ма недела се почнува 7ми месец, некаде од 28ма.
Јас пред некое време имав болка, крвави брадавици и тврда ми беше едната града, ставав лист од зелка еден ден и ми се смири болка и помина грутката. Повремено се мачкам со ланолинот на Медела, а и градите ги мачкам со маслото против стрии секој ден, па поминувам и на брадавиците. Мислам дека додека не доиме во ред е да се мачкаме со било која крема, а поматаму треба да се внимава со кој препарат е дозволено да се дои без измивање.
Ауу па ти ептен мака си имала се надевам сега си добро. Исто и јас мачкам и од маслото и од таа комбинацијата павловичева со бадемово и ад капки ама знаеш дека како глупа го заобиколував брадавиците хаха не знам зашто лелеееј, нејсе. Инаку да се согласувам дека откако ќе се почне со доење мора да се внимава, значи може да ја чувам кремата за понатака да пробам со маслава да видам дали ќе има подобрување. Ти благодарам
да да ептен мака ми беше, вистински боли, баш тогаш и читав во темата Доење, си викам од сега ако почнав што ќе правам понатаму, ама па среќа еднаш беше. Исто мене знае некои денови многу млеко да ми тече, блузите со кругови ми се, па почнав и влошки за гради да си користам. Само ќе внимаваш да немаат парабени, јас се мачкам со домашно кантарионово и кокосово масло, плус и хидратантен лосион за тело што си го користев и претходно од ДМ
Брадавиците не се мачкаат во бременост, така се уништува нормалната микрофлора на кожата што е потребна за бебето.
Мешиња дајте чаре за киселиниве... веќе мислам ни гастрогард не ми помага. Жива неспана сум неколку ноќи со ред. Ако јадам ми е тешко ако не јадам пак ми е тешко. Сношти значи седната спиев од што не можев никако да се наместам. Ми се враќа кислина до уста ми се чини ќе се продавам. Нешто друго освен гастрогард и кисела вода? Знам за коска од маслинка ама тоа некако не ми се голта... плис хелп
Мамички здраво. Дали секој ден исто ги чувствувате бебушки? Кај мене ќе се погоди еден ден цел ќе го осеќам, ќе се преметнува мрда. Наредните послабо, вчера дури го буцкав од што го немаше. Вечерот каснав малку благо, иако шеќерот ми е на граница и почна да мрдка повеќе. И дали осеќате кога клоцаат болки во долниот дел од стомакот, мислам кога ќе ме ритне во јајници дури се штрекнувам. Како во некој нерв да ме погодува, незнам баш како да опишам. А, и некако цело времо го осеќам ептен ниско во долниот дел од стомакот, ретко некогаш кај папакот. Има шанси ниско да го носам, а до сега не ми е спомнато тоа? Инаку 29+5 сум. Со киселини немам проблем, може и зошто ниско го осеќам, а и ноќ ретко станувам да одам во вц. На почетокот од бременоста повеќе станував.
И јас се јадосувам нешто посабајлечки за мрдкањето. И јас сум 29+3. Цела недела партал правеше, тегнење, превртување...циркузи. Арно ама од сабајлево нешто тивко.....и гледам да не обрнувам внимание ама малце е тешко поготово кога имам случај кога во болница ме рекоа Па добра ма ти толку не ли осети дека бебето не ти мрда (гласот не ми излегува од глава ама гледам да не се потресува и да не ги секирам останатите) Да не правам патетики тука, муабетот ми имаме простор да си правиме 300 филма во глава и оправдано ама мислам дека бебчиња заслужуваат и да ги олабавиме малце...јас го замислувам моето како ми превртува со очи на секој мој допир на стомакот Мене мрдкањето ми е странично ама мојава се прави нешто важна па карлично се наместила
Мене ладно млеко ми помогна. Истиот проблем го имав, полуседната на грб спиев. Некој исто имаше спомнато и печен сончоглед, ама уште не сум стигнала, млекото ми помагаше мене најмногу. Јас имам приметено најмногу го чувствувам кога сум во полуседечка состојба, ни легната ни исправена. Доколку седам пример и се шетам навака-натака цел ден не го чувствувам. Последниве денови само се преместува нешто, а ме клоца право во органите, колку што ми е непријатно толку ми е и уживање. И јас го чувствувам доле странично, ама последно ми кажаа дека е карлично исто.. Ако се загрижуваш цел ден а да го нема, да имаш мирна глава исто и јас би каснала малце благо или пак кафе ( имам приметено после пиење кафе еуфорија прави во стомак )
Мислам дека те имам прочитано и дека имаш лошо искуство за жал, ама тоа е за тоа и нека си остане во минатотот колку и да е тешко. ( ако сум те помешала, се извинувам). Еве твоето штом цела недела било доста активно, сега мора малку да се одмори. Кај мене еден ден е пример доста активно, после од време на време го осеќам. Затоа и незнам дали треба нонстоп да се активни, или пак секое бебе си е различно. Па го буцкам и јас, му тропкам досадувам само удар да добијам. Во право си, не треба да ги стресуваме ама некогаш тоа е посилно од нас.
@Speechless Пред бременоста мила не беб толку по благото, сакав повеќе грицки, солено такви работи. Иако и сега не сум толку стрвна, каква што мислев дека ќе бидам во бременост, ама како испадна дека шеќерот е на граница јас кризирам за благо некои денови тотално. И вчера земав може и малку повеќе, ама изгледа и на бебе добро му дојде хаха. Сите околу мене ми велат не е страшно, на граница ти е земи малку. Ама мене ми е страв. Незнам некогаш е толку нежно како пердувче и ми е чудно, а последнава недела не сум сигурна ама мислам дека бебе ми ика. Осеќам нежно так,так,так на исти интервали по неколку минути. Ама не сум сигурна.
Јас имав проблем неколку пати по ред со киселини, ме будеа среде ноќ и едвај презаспивав. Почнав секоја вечер пред спиење да пијам по една чаша обично ладно млеко и мислам дека ми помогна. Од тогаш не ме разбудиле киселини. Пробај
@WhiteAngell @Speechless ви благодарам мешиња баш вечер ќе пробам со млекото. @Kitten денски ќе пробам и со бадемчињава, пошто нели киселини all day long моево излгеда со перика ќе се роди @S.o.F.i сите бебиња мислам на шеќер реагираат. Јас кога да каснам благо одма после тоа го осеќам дека се преместува се тегне било што... и убаво е нели? А за икањето ништо чудно исто и јас така го осеќам баш на интервали и неколку минутки така, обично после ручек кога ќе се најадам убаво без промаш го осеќам дека ика. За шеќерот не ти ги знам вредностите ама шеќер не е само благото, балансирај намали на леб и тестенини па тогаш можеш да каснеш нешто конкретно благо. Избегнувај исто сокови купечки тие имаат многу шеќер подобро прави си лимонада дома. Не мора да значи дека не смееш воопшто шеќер да јадеш освен ако не ти е строго забрането од лекар, само не претерувај.