Мешиња како сте. Да прашам еве веќе 2 недели кога го осеќам бебе дека се тегне повеќе и ќе осетам болка во долниот дел од стомакот, нешто слично како менструална и за некоја секунда поминува. Ќе го осетам пример на една страна ќе го поподигне стомакот и мислам дека е главчето дека е така тврдо, ама незнам да не се пак лажни контракции. Или па недај боже вистинските. Друго од вчера почнав да осеќам болка во внатрешниот дел на нозете, кај препоните кога ќе одам или мрднам. Ама до вечерот некако се зголеми болката, слична болка како да имам вежбано па болка во мускули а јас скоро по цел ден лежам. Некоја слично искуство? Инаку 32 недела сум.
Кога бебуш се тегне и јас осеќам стврднување на дел од стомакот, сигурно е негој дел од телото само не знам дали е главче или газе Јас имам болки, баш стомак ме боли кога се тегне, а нозе и кукови ако лежам цел ден. Јас го препишувам тоа на тежината од бебе, според апликација се околу 2кг во 34 недела и болките се чести. Мене дури и кичма ме боли, се потешко ми е да станам ако лежам или седам
И мене истиве болки ми почнаа негде 30та недела баш прашував тука да не се контракции ми беше страв. Ги чувствував како грчеви во долниот дел на стомакот, и најмногу се јавуваа додека почнев да одам/ стојам подолго време. Исто и со болката во препони. Кога бев кај матичната ми кажа ти фали магнезиум, па зголемив доза 250гр сабајле и 400гр навечер, па еве овие денови од кога зголемив немам болка Распрашај се дали може да зголемиш иако мислам немаат штета. А за тегнењето и кај мене е така, само што јас знам дека му е главчето тоа и само го мрда лево десно и стомакот само ми се зголемува од таа страна Јас дури и приметив кога станувам од лежење се "исцртува" внатре бебуш
Ај и јас да прашам. 27гн, до пред оваа недрла така ми се стврднуваше од една страна на папок, веројатно глава или гзе, ќе го погалам и ќе опушти. Оваа недела на двапати и од двете стр на папок се стврднува во исто време без болка, да помислам на контракции или може вака во иато време стврдување на двете страни од тегнење?
Не се секирај нормални се болките дека се шири матка, бебе притиска, а вистинските болки нема да ги утнеш ќе ти бидат на интервали и се појаки
Кај мене со главчето удара во бешика, буквално како да ми буричка внатре. А со ножињата се тегни, мава во ребра. Често ми се испапчува стомак и јас осеќам болки од време на време. Но тие немат врска со породилни. Тоа не се утнува. Инаку 30 недела сум.
Да јас знам дека е главче бидејќи на последната контрола ми кажа докторката дека е надолу. Освен ако не се променило во меѓувреме. Јас имам болка таква тапа некоја, како менструална кога се тегне или мрда повеќе, ама поминува бргу. Си велам веќе сме во поголемите недели па мора нешто да боли, цело бебе носиме. @Speechless Мене мила кога ќе почне да се тегне и се осеќа таа болка некоја, ама бргу поминува. Ама јас да си прашам за сигурно дали и на друг му се случувало слично. А, препоните од вчера почнаа така да ме болат, магнезиум почнав да пијам сабајле и вечер кога докторот ми рече да зголемам доза. Од 400мг магнезиум директ со б-комплекс. Срцки наши се, едвај чекам да дојде времето да се запознаеме. Ти како беше ли на контрола во Систина ?
Породилна болка е како појака менструална со нагони како по голема нужда. Тие што ги имаш опишано се Бракстон хикс во тие недели нормално е, се спрема матката и сите лигаменти одоколу.
Уфф рано е, нека седи барем уште 4 недели. Прва бременост ми е па секоја промена ми е нова, па подобро да прашам.
i jum sum 30ta nedela i istite bolki gi imam kaj preponi i nosko dole kaj meseto,duri edvaj stanuvam. i sednuvam. Se nadevam deka se airi matkata i deka e normalno, pa so gospod napred
Јас 28ма а препони и вагинално ниско имам болки веќе месец ипол, за жал ќе стануваат појаки, нема спас освен перница меѓу нозе, и вртење во кревет со споени колена, на англиски е Pelvic Gerdal Pain па прогуглајте може мекоја ќе најде чаре. Јас се плашам како ќе давам напон од таму за породување, ако можам природно нели, пошо цел дел таму ме боли посебно мааалку ако кренам една нога
Кога идев на цтг, се јавив кај матичната и сестрата стапи во контакт со него и ми кажа кој ден во колку саат да одам да ме прими. Пробај така.
Да и јас тој од 400 го пијам навечер заедно со едни таблети од Џемисон 250гр сабајле. И мене кога се тегне сите органи мислам ми ги поместува... ама си уживам во болката Во Систина сум следна недела, фала на мислење, па ќе видиме таму какво е по мерки. Страв ми е ова што сум на диета ради шеќерот да не му делува нешто...