Ќе го осетиш у аво, ритмични пулсирања на исто место и мешето подрипнува, неможе да ги утнеш баш е икање, и знае да трае 2-3 минути,некогаш и два пати во денот јас го осеќам како ика ниско доле и знам дека главчето му е надоле наместено како што треба веќе во 7ми месец да се сврти бебето надоле
И јас не знам дали е икање, неколку пати во ден трае 15тина мин, чувствувам како слабо клоцкање па пауза неколку секунди, па пак клоцкање, па пауза и така во круг... Такво некое чувство е ? Инаку моето многу често се поместува, и тоа повеќе го чувствувам отколку клоцкање.. Дури и некогаш кога ќе заборавам кога последен пат клоцнало или се поместило легнувам настрана тогаш највеќе го чувствувам
Па 15мин е некако многу за икање, што знам, да не се правам експерт, ама баш има ритам, знаеш по себе кога икаш колку е ритмично, мислам неможеш да го утнеш, и на исто место е цело време
Да дефинитивно не може да се утне . 15-20 минути е нормално на ден. Кај мене се случува и по 4 пати по неколку минути на ден. И јас паничев во почетокот дека во топ статии излегува некој си натпис дека после 32 недела или така нешто не било нормално по повеќе пати на ден, ама по прашување по доктори излезе дека баш е нормално дури и пожелно.
Мајка скоро породена (деновиве) во Чаир? Ме интересира дали навечер е топло или треба плус ќебенце за бебе да спремам? Знам пред некоја ходина другарка кажуваше немало греење па со нејзиното ќебе покривала бебе. Ама мислам сеа права нешто гасификација ако не се лажам
И кај мене еве вчера 4-5 пати икаше. Сабајле станав пиев апче, се боцкав таман легнав и веднаш почна да ика, а ептен малку мрдна. Еве и сега го нема да мрда и ми е страв. Читав и јас од тие статии и за папочната околу вратче и секако сега таму ми забегува паметото Иако од стари мислења прочитав доста дека уствари така се сметало бебето за здраво, вежбало цицање. Се надевам дека до крај на бременост нема да полудам!
Софи, И моево ика по 5,6 пати на ден. И те молам немој на мене муабети за папочна врвка (малце црн хумор) и страв. До сега ќе бев шизната одамна. На последната контрола кај Петрова дури икаше за време на преглед, и она рече си се вежба девојчето не ја карај
Значи сабајлето пред да се породам коа ме фатија болки 3 пати икаше. Последно движење што го осетив беше икање. Викав јас оваа прво ќе ика па ќе плаче Ни папочна околу врат, ни напиено од течноста, ни ништо од сите тие статии што ги читаш. И како бебе многу често икаше. Првиот пат кога ми ја донесоа во соба икаше како некое пијано глувче Ич да не паничиш.
Исто беше и со ќерка ми, многу икаше во стомак, а многу икаше и од кога се роди. Мислам дека дури и повеќе икаше од кога се роди. Еве и сега од кај 29 недела почна и ова бебе да ика, исто по неколку пати на ден. Нема простор за паника се си е во ред.
И моево бебе ика доста често. Некогаш и два-три пати денот. Од како почна мислам нема ден промашено. Обично после ручек или кога пијам кисела вода хаха.
Јас се исплашив дека 3-4 дена ептен малку мрдање и тоа од што го буцкам, па ептен нежно ќе се појави, а ика неколку пати на ден. Вчера на една статија прочитав за броење на фетални движења, во кое велат дека икањето не се брои. Вчера премногу ме болеше главата, вечерот ме опушти пиев кафе со лимон и почна да мрда повеќе. Дај Боже само да се глупави сценарија во мојата луда глава. Фала ти многу, ми значат ваквите мислења и ме смируваат.
Дај Боже да си биде се' добро кај сите нас. Оваа моја глава низ цела бременост помисли на многу работи. Ама некогаш ми е чудно како толку многу е мирно бебето. А, и на последната контрола Петрова не измери една недела назад, па сега многу ми фуфка искрено. Инаку дали размисли за пораѓај и за кој Доктор ?