Си има и мирни бебиња мајка не се секирај Јас па за моево се чудев како може толку премногу да мрда, нели се изморува Ама и моево си е едноставно такво, твоето си е помирно. Може па и кога ќе се роди мирно ќе биде твоето бе, мисли си така наместо да мислиш дека нешто не е во ред
Добар ден на сите, пак ги испитував Д ДИМЕРИТЕ и ми се 2,200 Јас сум 33+0 денес Прашањето ми е дали со толку покачени вредности примате терапија т.е се боцкате или за во трет триместар не мора да се боцкам веднаш туку да ги испитам за 15 дена пак... Сите доктори различно ми кажуваат едни боцкај се, едни чекај Не знам што да правам Некоја со слично искуство ?
Значи ако икањето не се брои, мојава ич не мрдаше еднаш во денот само ќе се протегнеше и толку. И јас бев миле паника тука пишував прашував, па одев на ехо се си беше во ред. Си викав шо мрза ќе си родам, ама не. Живец невиден родив
Женски, што значи степен на зрелост на постелка? Во извештајот ми пишува втор степен на зрелост а докторката не ми спомна ништо. Мажето мое иначе ужива карлично, се запознаваме со царски за еден месец Јас би те советувала да ја слушаш докторката што ќе те пораѓа.
Степен на зрелост покажува колку постелката е способна да ја обавува својата функција. Имаш прв,втор и трет стадиум. Како поодминува бременоста така старее постелката и кога е трет стадиум покажува дека се ближи пораѓајот мада и тоа не е многу релевантно затоа што и со зрела постелка тераат и по неколку недели бременост. Лошо е ако се појави на почеток на бременост па можеби ке треба терапија со клексани. А за тоа што е карлично поставено ако е тоа единствена индикација за царски ја би чекала до крај за природно затоа што на моја пријателка која имаше закажан царски плодот и се намести кога доби контракции и тоа 3дена пред договорениот термин за царски
Фала на објаснување Да, само тоа е индикација за царски тоа што е карлично, искрено мене веќе сите надежи ми пропаднаа.. и сега дека е поголем за една недела па веројатно и потешко ќе му е да се премести... А јас си сакам природно да си пробам барем, ама ете..
Не брзај до крајот постои шанса,биди си ти спремна за природно направи си и брисеви за месец дена се може да биде. Со лесно и да се намести ти посакувам
Здраво девојки незнам дали прашањево е соодветно за оваа тема но вртев по темите неможев да најдам. Дали за време на бременост може да се добие вагинална инфекција (бело прање) без претходен сексуален однос. Инаку сум во 7 месец од втора бременост. Доколку не е соодветно прашањево може директно во канта. Благодарам однапред.
Ох па инфекција може да се добие и ако смениш детергент/омекнувач, гел за туширање. Или несоодветна долна облека - многу тесна, не памучна. Не гарантирам баш дека е од тоа, не сум стручна, ама така имам слушнато. Едит: сега ми текна, пред бременост имав инфекција верувала или не од влакно од мачка. Така ми кажаа.
Сега моментално сум на работа (на час) носам тесен фустан темно плав долна облека памучна и хелахипки од оние што се како боја на кожа. Две или можеби и повеќе години откако се омажив и детергент за перење и омекнувач за алишта користам Бекутан досега такво нешто сум немала. А гелови за туширање, шампони, и други хемиски производи стално менувам.
Еве од вчера наваму го осеќам почесто, а онојден едвај човече затоа ми паѓа толку чудно. Ама може и него не му е денот. Или ќе биде мирно, или ќе ми наплати и за сега хаха. Бебушки со различен карактер уште во меше. @Lovebug01 Да баш така прочитав дека икањето не се брои. Фала ти мила што споеделуваш, значи многу за ваква паника како мене.
Па шо знам бе, влажни марамици ако користиш многу може да ти направат проблем. Депилација, брич? Нешто од тоа? Секако дека сега е поосетливо и местото и повеќе има шанси за бактерии и инфекции.. Вака нафрлам што сум слушнала и што ми текнува во моментот...
Може едноставно да е зголемен исцедокот од бременоста, јас цела бременост сум со секакви исцедоци, а микробиолошките брисеви ми се чисти. Ако ти е премисла може и да ти земат брисеви, па да си бидеш сигурна.
Може. Кандида може од благо да се развие. Бактерии јас лечев 10 недели, а претходно чисти брисеви и немање воопшто односи. Направи си брисеви ако мислиш дека има нешто.
Малиот од градинка изгледа закачил некој вирус ,веќе му поминува,но грлото и носот мене ме фатија сега како што беше он .Тестиран е веднаш и корона не беше,а јас сум вакцинирана пред месец ипол,значи претпоставувам е нешто како настинка или вирус некој друг. Освен витамин Ц ,чај и солени капки за нос ,што друго смее да се земе? Што ви помогнало вам најмногу ? Инаку сум 33 недела.
Општо во бременост се поголеми шансите за вагинални инфекции. Прашај матичен обавезно ама можеш да воведеш и пробиотик од витамини. Мене матичната на два пати ми препиша да пијам по месец дена секој ден пробиотик. Може и да не е инфекција туку од самата бременост од промените во телото да е исцедокот. Како и да е за да ти е мирна главата консултирај се со матичниот гинеколог.