Све сите витамини ги пијам. И куркума Форте и течен куркумин и алое вера од бионатурал се овие. А витамините ги земам орално(во вид на таблети).
За што пиеш куркума? Подобро да не експериментираш со се и сешто, едно е витамини да пиеш а друго зачински билки со непознат ефект во бременост
Тогаш не се секирај, ќе помине, настинка дрми 5 до 7 дена. За грлото можеш и прополис и кокосово масло.
Мамички денес сум точно 32 недела. Вчера сум се исплашила многу. Осетив стегање на стомакот како топка ми се правеше, некогаш се испакнуваше како ридче на десната страна. Осетив и како притисок во долниот дел на стомакот. Имам и болки во грбот долж рбетот со поголема болка на левата страна дури накај колкот. Отидов кај матичната ми рече главата на детето е доле поставена и ако имам такви стегања да се напијам дополнителна кесичка магнезиум( инаку си пијам од 400мг на алкалоид). Минатата 31 недела бев и во систина на птрглед док рече грлото на матката е затворено и се е ок. Но од вчера ова што се случува ме плаши. Дали некоја имала ваква појава да сподели искуство? Благодарам
Мешиња денес цел ден осеќам менструални болки. Последните 2 недели повремено ги осеќав, ама вчера после пладне почнаа и денес цел ден е така. Не се јаки, ама ме тиштат цел ден. Кога ќе станам да одам малку поизразени се, кога ќе легнам ептен послаби. Осеќам и стомакот ќе ми се стврдне и тогаш повеќе се осеќаат. Се осеќам исто како пред циклус едно 10тина дена, плус со зголемена желба за секс. Почнаа да ми е премисла немој да му текне порано да излегува, од утре полна 34 недела сум. Во вторник имам закажано контрола или да одам порано. Оф бе...
Јас менструални болки си осеќам од време на време веќе 2 недели, ако ти е за утеха. И се си е во ред. Како што расте бебе, како што си се мести, си заболува. Моето е со главчето надоле па затоа сум ги имала тие болки. Твоето како е наместено? Со стврдување на стомакот ми се издеси во 28ма недела, ми кажаа немало зашо да се паничи. Ама консултирај си се со доктор барем телефонски утре штом имаш контрола во вторник. Може ќе сака порано да те ѕирне или ќе ти објасни
И моето е со главчето надолу. Бев точно пред една недела на контрола и и спомнав на докторката. Рече ќе го видиме цервиксот, ако е добар немаш гајле и ми објаснуваше нешто од хипофиза па од таму болките. Ништо не разбрав дека ми кажа една недела е назад и се исклучив скроз. Ме погледна и рече добар е цервиксот беше 3цм, ама претходната контрола ми беше пред 17 дена и тогаш беше 3.45, значи бргу се смалил. Ама она рече немаш гајле, добро си е се' опушти се. Ама еве денес вака ми е цел ден, за стврднувањата исто рече дека се тие лажните и дека треба веќе да ги има. Што знам, ќе видам утре како ќе бидам.
39+4 Подуена сум на секој дел од телото, одвај се движам, за вртење во кревет да не правиме муабет мислам дека нешто потешко не постои моментално, првото станување сабајле препоните осеќам ќе ми отпаднат, 3-4 пати во веце навечер (среќа ми е одма до мене) и менструални болки од време на време. Одвај чекам да се породам, да се олеснам и да си го видам буци мој. Понеделник ми е терминот, се надевам нема да остане подолго.
Нормално е да имаш болки сега веќе, беба е наместена можеби и се спушта така да не паничи. Се додека легнеш/седнеш која ти е тебе најудобно позиција и ти се смируваат болките се е во ред. Зголемено/намалено либидо е исто нормално пред крај на бременост кај мене е цела бременост 0 ама повејќе можеби од страв
Матката постојано си има контракции (кои ние не ги осеќаме секогаш) и ако едно мерење цервиксот бил 3,45 а на друго 3 не значи дека е скратен. Тој се крати и опушта цело време поради тие контракции. Те читам дека цело време се плашиш па би ти препорачала да одиш на едно цтг и преглед, ма да мислам дека немаш причина за да се грижиш. Кога ги имав породилните болки беа придружени со розов секрет зошто истовремено чепот ми паѓаше. И беа придружени со напон како за по голема нужда, кога ѝ ги опишав на докторката кога стигнав на болница ми рече тие се што ги осеќаш како за во вц се болките за отварање. Менструалните болки се знак дека се спрема телото.
@Lovebug01 Девојки јас стварно незнам како да ви се заблагодарам, бидејќи сто пати подобро и од докторите знаете да објасните и да смирите човек. Прва бременост ништо незнам што и како треба да биде и што е нормално, а што не. И точно дека сум ептен плашлива, сакам се на време да изреагирам и нешто погрешно да не направам. А, црните мисли барем еден ден да ми се тргнеа од глава, ќе бев најсреќна! Денес еве ги немам болките. На контрола сум вторник, па ќе каже докторот што-како. А, сакав и јас да предложам дали ќе може едно цтг да се направи.
@S.o.F.i ти си веќе при крај, не се паничи и не се секирај, плус покриена со зреење немаш гајле. Мада болките што ги чувствуваш се нормални, и јас вчера имав неколку саати, непријатно е но матката се спрема 31+ сум. Најдобронамерно би те советувала да почниш да читаш како со бебето првите денови, едуцирај се околу доењето. Тоа е најбитно првиот месец. Гледај едукативни емисии за тоа, нема ништо побитно на почетокот.Насочи ги мислите околу тоа, затоа што навистина првиот месец со бебето е најхаотичен.
Ајде уште малку, после ќе се тресеме на секое трепнување на бебиња Иначе шала на страна, да си тргнеш мисли почни да читкаш/да гледаш видеа за почеток со бебче. Јас со тоа се окупирав деновиве, како се бања, како се пресоблекува и слично, си читам совети од разни инста и фб групи што е нормално, како се осеќаат повеќето после пораѓај нели тоа индивидуално е секако ама пак да си знам што можам да очекувам. Има и книги по книжарите за новороденчиња, можеш со тоа да си свртиш мисли Најбитно е дека се е океј
Mamicki, upat od maticnata za ponatamosni pregledi neli vo bolnicata kade sto ke se poragame, dali trae eden mesec, od koga se zema i dalu treba upat, i sto drugo baraat od bolnica, primer vo Cair, od 36 nedela na pregledot sto e potrebno od dokumentacija
Упат само од матичен и книшка здравствена и упатот важи 5 дена од ден на издавање. За понатака не ти треба упат нов, со извештај од докторот што ќе те следи ќе тераш. Правиш цтг и доктор го гледа и прави ехо
Можеш да си земеш и упат со термин за првиот преглед да не чекаш а после тоа со извештајот си одиш и се договараш со докторот за кога нареден преглед. Не ти треба нов упат за секој преглед
Истите работи што ти ги пишувам се зборовите на мојата докторка зошто и јас се плашев за секакви работи и прашував препрашував по 100 пати, но она стварно сѐ убаво ќе ми објаснеше и секој страв ми го земаше.
Јас имам слаби менструални болки но многу поголеми болки чувствувам во р,бетот бидејќи моето е свртено со главата на кај р'рбтот. Гинекологот вчера ми рече дека од тоа биле предизвикани болките во р'бетот, а инаку сум во 32 недела од втора бременост.