Јас си имам болки во половина и во р'бет ама од ишијас и од дископатија. Некогаш ме заболува мислам господ го гледам, ама да не се заречам битно не е секојдневно, се издржува. А тоа ми беше прво на мисла, како ќе биде кога ќе почне бебе да расте и да натежнува. Еве 33+, се живее некако Денес изгледа претерав со активности додуша, и менструални болки и кичма и активно бебе истовреме, малку мака ми дојде
Мамички ја сум 38+5, се е добро со бебуш болки и немам ама брисевите што ги правев во 35+ недела искочија чисти а бело прање имам колку ви душа сака и дневни улошки ставам и се и џабе бре имаа па има. Дали со нешто можам да го спречам ило што да правам веќе не знам
Мамички јас пак. Вчера бев хоспитализирана само една вечер. Отидов на преглед во систина моментално сум 32 недела ( а бев 31 недела иато на контрола таму беше уреден развој на бебе со должина на цервикс 42 мм) . Кога отидов вчера ради тие стврднувања на стомакот како топка слични на грчеви ме ставија на цтг и виде докторката дека имало контракциии и грлото на матката за една недела се скратило на 30мм. Ми пуштија прогестерон инекција се напив утрогестан и уште некои инекции ми дадоа да смират контракции и плус инекции за зреење на бели др кај бебето. После неколку цтг се смирија контракциите и за дома ми препишаа 2×1 утрогестан вагинални Инекции прогестерон секој петти ден Магнезиум два пати на ден Контрола за 10 дена по потреба и порано. Дијагноза : лажно раѓање пред полна 37 гестациска недела Е сега сакав и дополнително да ве прашам покрај оваа терапија зимам фемибион 2, ампула тотхема и витамин ц од 1000мг. Се надевам нема контраиндикации на витаминивр со прогестеронот и утрогестанот. Има ли некој што користи ваква терапија да сподели искуство? Ви благодарам
Цела бременост магнезиум 450мг, утрогестан прво големи дози, потоа помали, витамин ц од 2000мг, препарати за железо милион. Немај галје, само одмарај, ставај утрогестан и пиј магнезиум.
Истава терапија ја користев (со скратен цервикс бев) немај гајле Мене во 30та недела ми измерија 34-35мм цервикс и од тогаш почнав да се движам,пред тоа лежев во кревет. Се породив 39+1. Не ти е многу скратено грлото во однос на неделата,но сепак биди претпазлива заради контракциите.
Мајки да прашам дали сте имале ситуација 20 дена со клексани сабајле и навечер се примани Сега на последна контрола во плацентата или постелката точно не запомнив како меури имам и ми е продужен клексанот по двапати дали тоа значи дека е созреана плацентата?
Мислиш на лакуни? Не сум ни јас мн упатена. Од почеток сум со фраксипарин, на трет скрининг ми рекоа дека има лакуни претходно немаше, и само ми рекоа да си ја продолжам терапијата, ама секако ќе ја примав до крај, а дозирањето ми рекоа се одредува по хемостазата. Претпоставувам дека значи созревање што е и нормално при крај да почнува. Примај си терапија веројатно одиш и на трансфузиолог.
Да ве прашам, дали има некоја што е 39+2 и нема никакви ама никакви индикации за пораѓај? Бебе мрда активно е, минатата недела на цтг беше се добро и на ехо ама ме интересира дали веќе е време ако ништо друго за лажни контракции а јас немам никакви. Фала ви
Јас знам дека можеби е веќе време за лажни контракции, меѓутоа тие лажни контракции сум ги немала со претходната бременост и незнам како би изгледале. Со оваа ќе видиме дали ќе се појават но дај боже нити кај тебе нити пак кај мене да се појават тие лажни контрации.
Не. И јас имав лакуни трето тромесечие, а постелката никогаш не ми созреа. И нема врска тоа со клексаните. Др ми рече дека е нормална појава.
33+0 денес, се осеќам како да не можам да земам воздух, мислам дека бебе притиска на нешто исто така, премногу е активна на моменти почнува да станува болно, не можам да сфатам каде и се раце нозе мислам дека мава од сите страни, ова со снемувањево воздух ме загрижува и се пожалив и на докторката ... не добив некој конкретен одговор дали некој друг се чувствувал исто??почнува многу време да ми се гледа до 40та
И јас сум таква. Денес ја почнувам 34 недела и секој ден мислам дека ми е се потешко. Преку ден имам болки во кичма и стомак како менструални а ме фаќаат и лажните контракции,енергија нула а навечер воопшто не можам да спијам на која страна и да легнам за кратко време почнува даме боли па цела вечер превртувајсе па ке ме фати главолка и капак на се е мочкањето инаку да ве прашам дали имате зголемена желба за благо?Јас само тоа можам да јадам цел ден мисламриба немам јадено од почетокот на бременост а и со месо несум баш добра најмногу јадам тестени и благо и се плашам за бебечето да не направам проблем
Иста сум и јас со храната. Не ми е убаво ама се трудам да внесувам месо и риба. Иначе само теста би јадела.
34+5 исто се осеќам. Менструални болки имам, еден ден цел ќе ме боли па утрето ќе нема. Лажните контракции се повеќе се присутни, страв ми е немој да се вистинските хаха. Стомакот дури ноќеска го осеќав како ми се стврднува, кога стојам целиот ми е тврд. А, синојка пред спиење малку се исплашив, добив силна менструална болка. Траеше некое време и среќа ме пушти и не се повтори. Се надевам дека телото се спрема. Јас имам скриен шеќер, и сега последниве недели и мене многу ми се јаде благо. @Anaroz1 Мила нормално е бебето притиска и се осеќаш дека неможеш воздух да земеш. Баш и читав за тоа во "бременост по недели", и пишуваше кога ќе се спушти надолу бебето полесно ќе биде дишењето.
@Anaroz1 нормално е и јас исто така губев здив неможев до први кат да одам пеш, ќе ти олесни таму 36та недела кога ќе се спишти надолу бебуш и нема да осеќаш ни притисок во желидникот. Полека прави ги работите да не се задишуваш многу за да ти е полесно. Одмарај почесто кога ќе се почувствуваш така седни полежи па продолжи после со тоа што си правела. @marijamarkoska за јадењето ако крвната слика ти е добра и шекерот во нормала нема што да се плашиш. И јас се растурив од благо јадење цела бременост и шпагети, а претходно многу пазев да не јадам благо и тестенини исто. Сега па 9ти месец мислам ништо не може да ме донајаде. Послдниве две недели толку леб сум изела колку што не сум јадела последнивте две години. Ако ти шубе за благото замени го со овошје кога ти се јаде благо наместо чоколадо земи некое овошје јади.
Инаку мешиња вчера бев на контрола и да се запознаам со докторот што ќе ме пораѓа. Ми се допадна и се надевам и кога ќе дојде денот, исто ќе бидам задоволна. Ме гледаше на ехо и среќа бебче си одговара на неделите, иако цело време го мислев тоа. Имам лакуни, ама тој вели мене не ме толку загрижуваат тие, отколку што постелката ми е зрела. Сега не разбрав втор накај трет степен така нешто, ми покажа на постелката белите точки дека тоа значат. Ама рече и веќе е нормално за да созрее. Вели биди сигурна дека пораѓајот нема да биде Декември хаха. Да влезам во 9ти месец здравје, ќе одам да ми ги земе брисевите и ќе почнеме со цтг. Според многу работи, големи се шансите дека царски ќе биде. Ама здравје само. Имам уште многу работи што треба да купам. Незнам од кај да почнам, прво ќе чекам маж ми да си дојде и да докупуваме.
Тука некаде сме ние,јас се молам само да дојде 37ма недела а тоа и не е така далеку од понеделник прво цтг имам во четврток одвај чекам. Кога ке ми текне дека ме фати паника дека ке се породам во 27ма бидејќи имав болки уште една недела ке помине дур трепнам. Само мене цервикс ми е 4,постелка нема абер за зреење докторот викаше дојди 38ма за цтг викам а неее до тогаш сигурно ке се породам
@S.o.F.i Извини вака на прашање Софче, а зошто царски? Инаку за болки јас еднаш заборавив магнезиум сабајле да се напијам и поручекта кога ме фати стомакот, баш како стврднување на долниот дел чувствував, ме пушташе кога ќе седнам а ме држеше додека стојам.. Мене постелката ми е последно втор степен, се надевам нема наредно цтг да кажат остани си ти тука Уште немам абер за торба за болница што да носам...