Драга и јас така осеќам. Најверојатно кога ќе почне да мрда ми се стега цел стомак и дишам длабоко околу 10 секунди ме опушта. Јас утре сум точно 33 г н.
Исто и мене во 28 недела цела ноќ имав грчеви и болки во стомак, па и јас мислев тоа е тоа. Примав и инекции за зреење на белите дробови. Докторот вчера 3 пати ми напомна, вели овие 2 недели ми се многу важни да влезеш во 9ти и после може да се договараме. Ми покажа и во плодовата вода вели ги гледаш ли овие бели како снегулки тоа е од кожичката од бебето што се лупи и вели тоа значи дека и тоа е зрело. Да се надевам дека нема да му текне порано да искача, нареден петок сум 36та недела и тогаш сум на контрола па ќе видиме што ќе се договориме. Ти си добра може и до термин ќе тераш. Нека не чува Бог сите.
@Anaroz1 Мила нормално е бебето притиска и се осеќаш дека неможеш воздух да земеш. Баш и читав за тоа во "бременост по недели", и пишуваше кога ќе се спушти надолу бебето полесно ќе биде дишењето. [/QUOTE] фала вии , малце ме смиривте... сабајле одев по скали и кога седнав мислев ќе испуштам душа почнаа паники да ме фаќаат
Мила гледајќи ме докторот и во склоп на целата историја вели подобро царски, ама ќе видиме. Дури кога му кажав дека имам и скрен шеќер и висок притисок, рече овие се доста битни работи посебно за високиот притисок. А и плус јас си имам проблем со главата, имам вдлабнатини што повремено ми се активираат со огромни болки и ми се прошируваат, па незнам како би ги поднела болките и напоните. Остана нареден петок да се одлучи, ништо чудно да добијам и дато за пораѓај па дури тогаш ќе ме фатат паники. Мислам ништо не сум спремна, а во торбицата и не сум сигурна што се' треба да ставам хаха. Јас џабе пијам и по 2пати магнезиум и си ги имам и стегањата и болките менструални. Дури вчера докторот ми рече многу ми било магнезиум, вкупно 800mg дневно. Да сум намалила на 500mg.
тука сме ден разлика, ќе издржиме уште малце ... мене не ме опушта ништо , веќе од што клоца и навечер не спијам
Дали некоја примала утрогестан и забележала мирис откако ќе протрче вагиналетката? Ја цела во паники има некој сладуњав мирис и се исплашив леле да не е инфекција. Сабајле правев урина и уринокултура. Урината покажа 2 до 4 леукоцити, ретко бактерии. Крвна слика леукоцити 9.7 а црп 0.1. Уринокултурата ќе биде готова петок. Веќе се збрлавев од грижи
А имате болки како напон или туркање незнам како да објаснам,најчесто ми се случува после некаква активност исто и остра болка како сечење доле.Едвај чекам да влезам во 9 да не се стресувам на секоја болка.Во првата бременост ништо од ова немав а сега оваа од кога дознав немам мир.Најново навечер ми се затина носот и ај да те видам заспи ако можеш
Anaroz а грло на матка имаш проверено? Јас поради скратен цервикс сега 30 мм примам утрогестан прогестерон и дупло магнезиум. Дијагноза добив лажно раѓање пред 37 гн. Сега тие стврднувања на стомак како болка ми се намалени вајда од терапијата. Само молам се да е ок да влезам во 9. Сега сум 33 значи уште 3 недели
немам... пред три недели бев на преглед во систина, се беше океј. сега имам закажано за наредна среда ама гледам поише да се штедам, освен на работа што идам инаку лежам дома цело време...
Другарки по термин баш ја отворив темава да се расчитам за болките а вие сте се расприкажале Јас веќе влезена во 34та недела деновиве почнав да чувствувам доста болки. Плус бебево е преактивно цела бременост јас стварно не знам кога спие. Наместена е некако на десна страна и ме клоца во една точка дури како модрица почна да ме боли местото. Исто и надолу почнувам да осеќам притисок. А сеуште сум доста активна. Го носам претежно син ми пешки до градинка, ама веќе отежнато. Контракции лажни ниту сум имала во првата бременост ниту сега Или нешто погрешно дефинирам Инаку околу магнезиум, јас поучена од првата бременост си зимам на своја рака. Тука никој не го препорача. Еднаш и спомнав на докторката дека зимам само крена раменици ми вика како сакаш. Одам во аптека и таму цело интервју ми направија па зошто магнезиум, па докторот ли ти препорача, па ми викаат кои суплементи ги зимаш нели има доволно таму....
Јас од паника значи бев 31 н на преглед систина и после 32 пак ради тие стврднувања. И тука ми рекоа дека цервиксот се скратил од 42 на 30. Цтг покажа како контракции и ми дадоа терапија. Среќа не сум отворена. И спрема дијагнозата лажно раѓање вајда се тие бракстон хикс контракции што знам.. Сега гледам од терапијава како поарно ми доаѓа па здрсвје понеделник на контрола сум
И мене не ми беше јасно што се случува дека прва бременост поима немам. И затоа трчаница на доктор. Ти може си поискусна и си знаеш. Јас се исплашив пррмногу и затоа реагирав