Здраво девојки. Само што се вратив од контрола. Бебушка е ок 33+4 веќе сме тежи 2230 гр. и е доста активна. После терапијата од 10 дена цервиксот е супер дури и подолг за 3 мм од 30 станал 33мм и си е целосно затворен. И се пожалив на докторката и на главоболка и ми се покачи притисокот и пулсот исто така. Барав кардиолог но ми рече нема потреба доколку осеќам главоболки да се напијам дијазепам 2 мг и Б6. Бебето е поставено горе и притиска на дијјафрагма и навистина кога ќе ја осетам така ми иде топлина во горен дел и накај глава и осеќам како срцево ми лупа. Кога ќе се спушти се намируваат чукањата. Па си се надевам дека ќе биде се ок и ќе си тера бебушка кај мамичка се до 9 месец
Ne e kandida, site bukvalno site brisevi mi se cisti i pred da zabremenam i vo 12 nedela i vo 34. Najverojatno e cepot i bolki imam od vreme na vreme, taka da kesi cekam da se porodam
И јас сум веќе 36та и имам често исцедок леплив, некогаш бело прање, некогаш водлест.. Последно ми проверуваа со стапчињата за Пх вредност да не е плодова вода, и баш тие истите ќе кажат ако имаш инфекција ми објсасни докторката. (колку што се сеќавам - зелено ако е е инфекција, лилаково - плодова вода) Побарај следен пат и тебе така да те прегледаат, да си знаеш дали е инфекција или не.
Мислам дека можеш да ги набавиш само не знам од каде , и баш се скапички 5000 ден 100 има внатре боље да си одиш кај матичната ако сакаш да ти провери 2 секунди е работата а баш се ефикасни и одма покажува дали има нешто или не.
Најдов едни препораки за превенција од предвремено породување, со препораки од Министерство за здравство, во него прочитав за нив. Претпоставив дека ги има достапни, штом ги наведуваат
Со син ми се породив на 36+1,беше минијатурно бебе, 45цм и со 2.300 нѐ пуштија од болница. Сега се надевам да истерам барем до 37/38 па целам и на 39та недела Ама, бидејќи немаше објективна причина, ми остана стравот од предвремено породување.
Влегов во 7ми месец и осеќам голем замор, спијам навечер се будам ненаспана преку ден пак преспивам и нон стоп ми се спие не ми помага кафе ни ништо, нормално е ова? Маж ми вика профитиирај додека можеш да спиеш но ме нервира, не можам ни јадење да спремам ни нешто да направам, глава ми пага за спиење..
Да не ти е низок притисокот па затоа да те бута на спиење цело време? Јас искрено цела бременост си ја преспав па мислам дека донекаде е и нормално ама еве сега почна да ми паѓа притисокот и така се осеќам, ништо не можам да правам, само сакам да спијам
Железо немам испитано.. А ми даде гинекологот да пијам превентивно до крај на бременост, тој дел не го сфатив, но тука така функционира.. А притисокот ми е низок цело време и пред бременост околу 70 со 100 во просек
Крвна слика не праиш еднаш месечно? Таму пишува колку ти е железото, ако е многу ниско знае да делува така на организмот и ќе мора под итно да го качиш, направи крвна слика деновиве обавезно
Не, само еднаш правев во 3ти месец се беше ок, сега секој месец проверувам за токсоплазмоза и урина,ништо друго, вака читајки ве некогаш ме фака паника, затоа што скоро ништо не е исто како во Македонија..
Нема што да те фаќа паника,јас па мислам дека кај нас е претепано со испитувања само нешто за да се трча да се испита
Не значи дека ако пиеш не паѓа. Кај мене од 11гн паѓа, а цело време сум на терапија. Единствено пред месец дена почнав ферум лек и само тој делува до некаде, претходно со 2 тотхеми на ден и ао ферум бисглицинат пак паѓаше. Препаратите кои ми делуваа пред бременоат се покажаа не ефективни. Провери хемоглобин и серумако железо и секако притисок, шеќер.