Фала многу, побарав од гиникологот упут па ќе видиме дали е до тоа или чисто од бременоста, а шеќерот ми е во ред.
А шо мислиш, ние шо проверуваме цело време - точни се резултатите? Мене димери различно ми излегуваат во различни лабаратории, на брисеви и извештаи од микро нема потпис/печат, се сомневам дека некој ги прегледал, урината на последниот преглед јас им ја тутнав, папирологијата ја средија и ми кажаа резултати по два дена (без да го земат примерокот). Во која земја си ти? Јас би ти рекла може и подобро е така, помалку се замараш и го оптоваруваш системот, па кога системот ќе ти треба ќе може да врати
Мешиња дали на некоја од вас во бременоста и се има појавено топче мало под мишката и да ја боли читав на гугл дека може да е од хормоните и тоа дека еден ден ќе има млеко во градите па отекуваат тие лимфи ама го читав и најлошото секако ххх па да прашам тука дали некоја има/имала такво нешто? Топчето е премало а ме боли како бубулица што боли. Хелп though
Тоа првото што си го читала е најверојатно точно. Може да ти е и иритација од депилација/брич, запушено потно каналче.. Ако многу те боли/загрижува уште утре на матичен. Ама, имам искусено слично, и верувам дека не е опасно, како 99% од работите што се јавуваат во бременост. Кај мене беше поголемо и не болеше, и беше поврзано со процесот на доење
Ќе видам утре како ќе ми е пошто само што се избањав и се бричев и ме болеше додека се бричев изгледа сум го изиритирала уште толку .. читав дека ако не е страшно треба да помине за два три дена. Фала ти за брзиот и смирувачки одговор
Мене ми има излегувано од двапати, од преморба на рака и од иритација од брич и одма антипреспирант. За 3,4 дена поминува.
Здраво мајки и идни мајки Јас сум 38 недела,ситно броиме... Цела бременост се борам со уреаплазма. На првите брисеви ја имав, пиев две дози сумамед,па правев контролни брисеви па пак ми покажа дека е присутна. Пак пиев две дози антибиотик. Потоа втори брисеви ПАК покажа дека ја имам. Матичната тогаш ми препиша еритромицин, но јас веќе следниот ден требаше да одам на ГАК , поточно кај др. Самарџиски,за да ми ја доследи бременоста последниот месец. И он ми рече да не зимам веднаш антибиотик,туку да го потсетам пред пораѓај,при крај , за да ми дадел тогаш нешто. И вчера бев кај него на контрола, и го потсетив и ми рече сега да земам еритромицин една доза да испијам. Прво ми беше несфатливо ,бидејќи мислев на приемот пред пораѓај ќе ми дадат нешто . Најверојатно е сега вака за да биде потазе испиено. Ете склона сум на неа а никогаш сум немала проблеми претходно, немав никаков знак дека ја имам бактеријата и плус со сопругот цела бременост немаме односи. Па сакав да ми каже некоја совет дали се има породена со таа бактерија. Малце ми е страв. Читав разни коментари за неа. А докторот вели штом до сега си се супер А ја имаш цела бременост ,да не се плашам. Првично пукал предвреме водениот доколку ја имаш. Ве молам за совет кој има. Поздрав,и извинете на долг пост. ♡
И мене ми има излегувано на допир боли до солзи. Јас тоа го препишува на поткожно влакно. Секогаш се смирувало за неколку дена. Не се паничи знаеш како викаат лошото не боли
Девојки помош ми излегоа хемароиди надворешни ме болат страшно. Што да ставам нешто на природна база да се повлечат?
Да ве прашам дали проверувате Д-димери по препорака на доктор или сами одлучувате? Мене и матичната и во Систина ми рекоа дека немам потреба да ги проверувам воопшто, ама па од муабет со други трудници они ми викаат сепак да си проверам.
Јас планирам да барам сега за димери , дали има опција за приватно да се провери? И ако можеш да ми објасниш какво испитување е хемостаза?
Може приватно во Авицена 800 денари за д димери. Не знам точно да ти објаснам што е хемостаза нешто во смисла за колку време ти се запира крварењето при повреда на крвен сад. Исто преку крв се испитува. Ама пак ќе речам не ме држи за збор не сум лекар нити па стручна во тоа поле. Ако некоја знае точно да ти објасни нека пише.
Jas proveruvam celosna krvna slika sose d-dimeri, mokraca, holsterol i slicno. Vo bremenostite toa go pravam pocesto, a inaku si proveruvam ednas mesecno.