И јас се прашувам истото. Некако ниско го осеќам икањето. 31ва недела сум. Утре сум на преглед баш ќе видам дали е таму главчето и ќе ви кажам .
Јас денес сум 34+0 а бебе свртено надоле со главата и еве последнава недела некои денови знае да ика по 4-5 пати во денот.Го сеќавам доле лево кај колкот-јајникот.Денес бев на преглед и баш му го спомнав икањето на докторот.Кога папочната врвца долга и целата извијугана се наоѓа пред главата
Сакам да прашам дали е нормално се се чувствуваат ударите доле кај вагината повеќе тамо ги чувствувам и тоа малце?
Дали имаше некоја последица како што читам имало ризик од инфекции предвремено породување а откриен е деформитет кај бебушот што јас друг избор немам мора да правам
Nemav nikakvi posledici, togas doznav deka matkata ima nekoi dzebovi i preku niv se vleguva. Dimcev od Sistina mi ja pravese, a primerokot go nosev vo manu za da pobrZo da dobijam rezultat
Јас идам на ЦТГ веќе втора недела, гужва е и не сум ни помислила да прашам затоа што мислам дека не би дозволиле. Сопругот на еден ехо преглед го пуштија и тоа само додека ме гледаше Д-р на ехо и одма мораше да излезе после тоа додека ми напише извештај. Суптилно беше.
Здраво на сите како сте ?? Јас веќе сум 37+2 Малку сум исплашена бидејки бебенцето веќе не го осекам толку често да ме клоца.. Можеби затоа што до сега премногу беше активно а сега мислам дека нема простор бидејки не сум воопшто поправена се на се 8kg само во мешето. Предходно ја осекав како клоца постојано дури и во одење .. а сега не се толку чести нејзините движења така ли треба да е ? И мешето ми е тврдо како камен , не знам... така ли е и кај вас ? Инаку на прегледите се е во ред бебето си напредува, постелката е свежа Некој со слично искуство, бидејќи ми е прва бременост ме плаши тоа намалено движење на бебето си помислувам лоши работи ....
Се е исто, дури и јас сум 37+2. Мене ми кажаа нормално е да се смирува после 36та недела. Нема простор, повеќе спие, се спрема за раѓање и слично Да не ти е на мисла, земи благо или газирано, разбуди ја. Или легни на лева страна, така биле поактивни За мешето ми беше ептен тврдо, ама имам лажни контракции па сега е помеко.
Уффф ти благодарам за одогворот, ми тргна товар , инаку сум паничар невиден, па само лоши мисли... А да кога легнам на лева страна веднаш ја чуствувам, но легнувам дури за спиење навечер, сега на работа, потоа трчам по продавници купувам што ми недостасува , спремам , чистам дома и некако баш и немам време да си лежам така да има простор бебенцето да си ужива. Цел ден 8 часа ја стегам на работа на стол седната ... Вчера имав и болки како менстурални но денес не, сигурно се лажни контракции веќе се ближи време, иако докторите ми велат дека сигурно ке си поседи во мене и по термин
При контракции ќе осетиш стврднување на стомакот, се познава. Не е како мрдање/тегнење на бебе. Нема да ги промашиш Менструалните болки ги имам веќе цела недела заедно со лажните, па од тогаш ми омекна малку мешето. Времето се ближи. Возбудена? Торбата за во болница спремна?
Возбуденааа, исплашена ... СЕ Спремна е торбицата , само не знам дали сум јас спремна , не знам зошто чинот го замислувам како некое најстрашно сценарио а несакам така, сакам да мислам дека ке е лесно породувањето Едвај чекам да се запознаеме со бебчето а од друга страна од страв од пораѓајот си велам ајј нека ја уште малку демек нема да дојде пак време за раѓање хахахахаха Нека се раѓа веќе бебчето и стравот ке помине и веќе сум нестрпливааааааааа Секоја ноќ сонувам како раѓам, како барам доктор - доктор нема, неможам да стасам до болница хахаха сама си правам филмови си мислам подсвесно и ноќе секако веќе спиењето е научна фантастика од болка во половината па имам време и по неколку пати во иста ноќ во соновите да раѓам