Мене до сега ми закажуваше на три недели, последно кога бев ми рече за две недели, а и некаде прочитав дека најправилно е првите шест месеци да се оди на три недели, седми и осми на две недели а кога ќе влеземе во деветти секоја недела. Баш да видам дали мојот гинеколог ќе оди според тоа.
Никогаш немав проблем после прегледот. Докторот рече дека најсигурен начин да се утврди дека стварно не сум воопшто отворена е со рака, дека сондата не фаќа се. Претпоставувам дека секој доктор си има свој принцип на работа. Најважно е да се има доверба во него и да се обидете да се опуштите колку и да е непријатен прегледот.
Добра вечер на сите стомачиња...Јас сум 33+2, но пред 4 дена ми се јави нешто слично на осип на горната страна од дланките и на прстите од стапалата и веќе почнува да ме фаќа паника бидејќи 4 дена како користам Адвантан маст но чешањето не престанува. Дали можеби некоја од вас имала слично искуство и знае за што се работи?
Леле луѓе јас синоќа имав болки и во стомакот и половината, се преплашив, си реков готово почнав да се пораѓам, го осеќав и бебетоо дека ептен ми притиска со главата доле, а во половината како со ножеви да ме сечеа Еве сега утринава немам ништо, но премногу сум исплашена и цело време сум како на штрек Ви се има ли вам случено нешто вака слично во овој период од бременоста? 34+1 сум денес
Тогаш одмарај си повеќе.. Ако случајно пак ти се појават болките право на доктор.. Штом не ти се интензивни и постојани може да се работи за лажни контракции но сепак доктор си е доктор
@only44you мила, очекувај пак да ти се појават болки, затегања, стврднувања на стомакот. Пробај да смениш положба, стани, седни, легни и гледај дали се во правилни интервали. Не грижи се веќе си кон крајот, кај тебе можеби и стравот од предвремено си го прави своето, но што ти кажаа жените овде, ќе го надносиш
Дај боже да е така...ма само да влезам во 9-ти тоа ми е најважно, а тоа е точно за 2 недели од денес. А очекувам и дека пак ке се појават....Менував синоќа и положби и се и најубаво ми беше кога ќе седнев, а додека лежев имав мака.... Ти благодарам душичке за советите