Хах, се надевам нема да ме заборават, и после чекаш ред кај докторот да го види цтг-то? Значи саат време ко из шале
10-15 мин... битно е да не спие бебето.. јас денес окапав пошо си спиеше и те оставаат поише после тоа ме гледа на ехо вода дали има се намалува/ плацентата како е созреана и сеа веќе почнаа да ме гледаат и дали се отварам ... ама не е толку долго зависи каде ваљда што знам
Незнам мене денес во Ремедика сакаа да ме стават на Цтг ама ми се смачи од чекање саат и нешто за кај докторката, па уште и две пред мене на цтг, и викам уште и цтг да чекам за мене нема шанси и љута си заминав, и онака 35та сум од утре рано ми е за тоа да праам
Па зависи од редот, ама да А ако е успано бебето, ќе ти кажат да јадеш, да пиеш нешто газирано, и пак да се вратиш. Резервирај си пола ден
Уф ме утепа сеа хахах, значи со сок и благо во ташна да одам, не за друго муж ми шо ќе праи толку време надвор шти толку долго трае, а кажи ми тоа еднаш неделно се праи или почесто?
Хахах тоа зависи. Јас 36та праев еднаш, 37ма 3 пати неделно, 38ма 2 пати, еве денес влегов во 39та праев сабајле и во четврток пак треба
Да јас вчера окапав од таа причина. До сега бебуш се ми бил активен си го осеќам преку цел ден, а вчера баш на цтг поспано. Ме исплашија ептен, прво искуство на цтг ужас. И почна на пдиха да ме мава, а до сега си бев се опуштена. 36+3 сум. Колку е нормално да се осеќа бебе? Дали е нормално во последниве недели да се намали активноста( ако може да се каже дека е намалена). Бидејќи го осеќам ама не е тоа сега некое превртување клоцање како до 33 недела
Моето е најактивно навечер околу 7ч, наутро малку мрдка, преку ден како му е денот и да веќе само се тегне.
Па и јас си осеќам дека се е нормално и опуштено терав до вчера... незнам зошто само не заплашуваат така, божем малку грижи имаме околу бременоста... ама тоа е
не е ништо страшно и јас поинаку ги осеќам движењата... 38 ма сум.. нема мислам веќе толку простор за мавање, поише осеќам тегнење, превртување ... немај гајле веќе сме на крај
Добро можно е во Ремедика хцг да се прави во иста соба со наплата и да врие од мужи и жени внатре што само влагаат во тоа сопчето за да платат а трудниците одделени во истата соба само со бел параван од чаршаф или јас не догледав вчера што се дешава,???
Цтг во сестринската соба се прави, а благајната е до сестринската соба, друга просторија е скроз. Кај сестрите се само пациенти и доктори, не пуштаат придружба Ама пошто отворена врата па има движење во ходник и галама и зависи кој период како ќе се погоди гужва.
И друга членка вака ми одговори, значи погрешно сум видела, хаос беше, гужва, јас чекам саат и пол, топло, и изгледа се во едно ми се виде, среќа што е одделено иначе ќе беше скандал да се во една соба
Не се секирај внатре си раат, прашај нека ти кажат кога е помалце гужва да не чекаш за цтг барем, 2 кревети се внатре едниот стално бил слободен.
Исто, денеска иако реков ќе намалувам шеќери, пак бркам во фиока по чоколадо. Ме загрижува дури и тегнењето е поретко.. Како ближам до 9ти месец ми се крати фитилот-сѐ некои лоши филмови си правам.
Вчера во 12 и двата зафатени беа, башка саат ипол веќе чекав и се изнервирав си отидов, башка што ми се виде дека се е во една соба, ти кога беше на цтг последен пат?
Исто и јас. Посебно што ме навикна да клоца константно. Сега сум 38+ и логично е дека нема место и затоа само се тегне ама јас само ја чекам и ја буцкам Ти која недела беше?
34+5, ,ама цела вечност траат, посебно последниве недели.. може од шо ми е смачено веќе, а од друга страна си сонувам до термин да терам, уште месец и 5-6 дена