јас сум 39, ми рекоа за било каква промена во движењата што не ми е вообичаена да одам одма на цтг...
Јас сум 32+6 и моето бебе не е толку активно како што беше од прво само наутро по малкуцка и навечер почна да ме плаши...
Гарант не е нешто страшно, не можам да набројам колку пати вака си иам праено филмови дека го нема Пробај размдрај го/ја со нешто благо/газирано а ако ептен ти е мисла иди ма едно ехо и готово. Се е во ред гарант, без паники
најверојатно не е ништо и мене ми се случуваше така ... ова што ми го кажаа мене беше вчера ама јас сум веќе пред пораѓај .. во секој случај ако поише од еден ден ти е сомнително оди на едно ехо барем ќе ти биде мирна глава... мене ми се случуваше еден ден да е мирна и да ја нема, ама не повеќе..
@Anaroz1 @bybeDkid Поради тоа што ќерка ми не застануваше по 24часа мрдаше ми ги откорнуваше ребрата..Сега малку ми е чудно за синчето и се мислам дека нешто се случува веќе и на докторот му здосадив искрено..Може па синко ќе биде помирен а со него и позачестени се лажните контракции се надеваме дека нема да изненади пред време
31недела сум бебуш е свртено сеуште карлично и со лицето накај грбот си мрда никако да се премести дали е сеуште рано? некако ме фаќа паника. Правам вежби пешачам меѓутоа кога премногу пешачам или ќе се изморам и имам исцедок дали и тоа е нормално матичниот ми рече дека е нормално да одмарам повеќе.
Рано, рано. Мојот се сврти 35, и докторката ми рече 36 да видиме како ќе биде свртен за да рачунаме крајна позиција.
Јас сум 36+0 од денес, во вторникот на контрола и прво цтг се' беше ок, али се изненадив од параметрите. Дента јас 35+5, а бебе 38+5 3300 гр. Претходно на сите прегледи беше секогаш за 1 недела понапред, ама ова сега со 3 недели плус се зачудив ептен. Плус сега на почеток на 9-ти ако е 3300, што ќе биде до крај? Краен ми е 6.1. ама искрено јас сакам порано, па не знам дали има шанси затоа што е толку напредно, и веќе поставено со главата надолу, да очекувам стварно порано да излезе ?
Уу машала. Мојот на 35 беше 2477, денес сум пак на цтг и ехо па ќе видиме. Ние ептен сме кнап, јас сум 5.01, ама докторката ми спомна може и порано да биде ради геатацискиот, ама ќе следиме, ќе видиме како ќе биде. Мада од она што се избачитав прават и по 600гр утки.
Мене па докторите ми викаат дека како прворотка, најчесто и после термин се раѓало, само бебето може да биде големко. Дека не зависи од неговата големина дека ќе се породам порано. Ама пошто сега ќе одам секоја недела на цтг, се надевам ќе даде знаци кога се приближува терминот.
Ауу сите сме тука,моето на 35+4 беше 3370 гр. прошлата недела, исто по апредно 3 недели, утре сум пак 36+4 да видиме колкаво ќе биде, и јас сум краен термин 4ти јануари, ама сепак декември сакам да се роди, докторка рече ќе одлучела следниве недели дали царски или природно, до крај ке бидат над 4 кила нашиве хехех
Хехе, е може, мене од старт ми викаат големо бебе ќе имаш, ијас не верував мислев макс 3500 ама стварно било, како и да е само живи и здрави да се родат и да бидат гордост наша ❤️❤️❤️
Дали некоја мамичка се соочила со издуени препони...Неможам да се допрам од болка да не е некоја инфекција и кога седнувам ме болат...
Најверојатно мислам кандида..Почнува да чеша од време на време сега на 15ти сум на конрола па ќе видиме да не е само опасно за бебето
Ако се дуеа или потекуваа препони од кандида до сеа топка за пилатес ќе бев доле напраена Може да чеша, да пецка, да мириса непријатно и да има исцедок бел/жолтеникав, течен или густ ама препоните сигурно нема да ти потечат од неа. Нешто друго е. Така да, правец на гинеколог.