Некоја бактерија е најверојатно. Не си играј со тоа, прави брисеви, бидејќи опасни се бактериите, да не те плашам какви се белји можат да направат.
Што и да излезе се лечи, без нервози, само навреме реагирање, чести контроли и ако има потреба чести брисеви додека не се среди. Јас два месеци се мотав со бактерии и еве не 37 веќе.
Женски од вчера на моменти имам како пред добиванје млаки болки ќе се смират па ќе почнат пак кога стојам подолго време или кога пешачам дали е нешто сериозно денес и кога лежам бебе е активно дали може од ударите да е? или бебе што ме притиска дека ми е на десна страна цело време едвај и дишам и лежам ни една страна не ми е удобна. За 1 недела имам преглед. 31 недела сум
Дали некоја се соочила со проблем како мојот... Утре правам полни 35 г.н., бев вчера на преглед матичната забележа нека стомачето на бебуш е помало и одговара на 33 +4, а другото се си одговара дури е и поголемо со една недела. Ве молам кажете ми дали постои ризик да за некоја аномалија?
И што ти кажа матичната на тоа? И кај мене беше со помало струкче за 2 недели па еве ја сега здрава права девојка од. 1 година Со тенко струкче се роди и си остана
Обично при вакви ситуации проверуваат ддимери и хемостаза и ако има потреба се боцкаат клексани. Ако не си пеоверила не е на одмет.
Дека не било добро, дека можи да е со некоја аномалија, а досега се што проверив се беше во ред и Д димери и хемостаза и микро букбално се...
Кај мене така ми измери Димчев во Систина, бев во 28 недела,стомачето одговараше како за 26та…после бев уште на две места, таму го мереа една недела уназад…препораката од Димчев беше клексани и испитување д димери и хемостаза…тие ми беа во ред ама за секој случај си се боцкав до пораѓај
Незнам мене ништо не ми кажаа да испитам. Докторката ми објасна дека не е страшно секако и во големите недели не може баш најпрецизно да се измери. Не се сеќавам дали беше баш како за 2 недели помало ама баш прашував зошто така и таа коментираше ааа ова манекенка ќе е со тенко струкче. Ништо не ми кажа да испитам, протоците си беа во ред, димери имав испитувано во 28 недела во ред беа, и откако се роди се си беше во ред, никој ништо не спомна.
Девојки ај јас да си прашам со мисли сум од синоќа постелката ми е со калцификати а 34+2 сум до кога ќе тераме опасни ли се...
Тоа значи постелката е зрела, и повеќе не го снабдува бебето со доволно кислород и исхрана како претходно, не се опасни ама не си ја врши улогата како претходно, и бебе нема да напредува многу во тежина поради тоа, ама пошо си на влез на 9ти тоа е нормално, и кај мене е исто, во 35+3 бебе беше 3370, во 37ма беше 3400, значи намален раст на тежина, ќе следи докторот и ќе ти каже што понатаму и кога може да те породи
Бебушот е 2350 се надевам дека ке издржи до раѓање само да не му се случи нешто ми рече за 3 недели на контрола и цтг