Ако си и ставила некое килце повеќе за празниците, сега е на вежбање отидена Немај гајле мајка, мојава сите доктори на прегледите ги испотепа. Пред да се роди на ехо ја гледаат она мрда ли мрда Една докторка ми кажа тие шо мрдале така во стомак, и надвор биле активни. Викам може мојава надвор мирна ќе е... Како да не Да не те тешам де...
Тука сме и двете Тоа е проблем што почнува ладничко неможеш да прошеташ досадно е не филм не книга ништо не помага за досада
Девојки и тука да пишам, има ли место за паника... 30 недела сум, и последната недела осеќав притисок вака надоле и за мочање на секој 5 мин, бев денес кај матичната ме виде на ехо главата на бебето ептен ниско, рече ако е скратено грлото ќе ми даде превентивно инекции за зреење, ама го виде грлото 3.1 и при напон сум затворена и рече нема потреба сега од инекции, главата на бебето само притискала надоле малку е поголемко рече за 32 нед. Незнам малку се исплашив...можно ли е да се помести малку , некој совет? Рано е ова 30 недела ... А не сум во можност нонстоп да лежам, има ли некоја од вас вака ниско да го носи а да е медиум активна?
И мене ми беше многу доле со главата пред некоја недела и ме стискаше дури се помочував, а сега пак се сврте со нозете надоле, така да нема место за паника ако си затворена. Јас бога молам да се заврти со главата надолу па колку сака нека стиска, само природно да си се породам. Инаку сум полна 31 недела.
Devojki uste nekoj den vlagam vo 28ma, No imam golem problem.vcera pocna pozadi da me boli paskata na gzot od toa se prefrli i na vaginata dodeka lezam vaginata ne me boli no koga odam vo wc posle osekjam nadvoresni strasni bolki koi pak gi snemuva, imav premnogu gasovi. Pomos
Отиди си на доктор нека те провери. Јас имав болки во матката све испитав не се знае од што сеуште ги имам од негде 8ми месец дали бебчо притиска на нешто. Отиди си на доктор нека те провеери и лежи повеќе.
Женски бебето ми е ниско ептен со глава надоле неможеа ни главчето да му го видат на ехо 30+5 сум, и демек ај по дома ќе лежам со перница под газ, нема шанса, неможам да дишам така, кога лежам на грб, тешко ми е да дишам плус се што сум изела мислам ќе повратам, киселини, подригање нон стоп ама морам да потстанам, на страна лежење ми е ок и така неможам баш да дишам ама се трпи, дајте некоја положба како да ми биде поткренато кај карлицата. ада не бидам на грб, има ли такво нешто
Јас од почеток се туку нешто ме болеше и баш паничев сите тие недели 23,4,5,6,7,8 ... дека болки имав во вагината, кај анусот, во коските таму, ми пукаа препоните, што не, и нонстоп кај матичната, за среќа се беше ок, се препишавме дека ми е прва бременост и дека се ширам и од таму болките... оди сепак види си најубаво да си бидеш мирна
Нема такво нешто, јас спијам седната исто од таа недела. Мораш да се поткренеш, дете притиска на желудник, земи нешто против гадење.
Здраво девојки , 31 недела. влегов, вчера и денес првпат почувствував како менструални болки околу препоните, болки низ цели нозе некако како пред грч, дали се тие контракции незнам неможам да ги распознаам првпат таков вид на болки, магнезиум пијам овие денови по две директ од 400 ама и тоа колку е ок да не е многу ... а во саботата бев на контрола, бебето е малку понапредно за недела дена така нешто ( цела бременост тера така) кило деветстотини и нешто ми кажаа, сега може и до две кила е стасано, цервикс ми измерија 3.8, затворена, докторката вика уживај а јас мн имам страв од предвремено продување прва бременост ми е и незнам дали сите овие болки се нормални дури и како напон за во Вц имам за по голема нужда, докторката вика се тоа нормално е, вие какви искуства сте имале вака во оваа недела 31? Ви благодарам ако има некој да сподели..
Исто и јас бев во 32н. Дури завршив на гак од што мислев да не се вистински (имам индикации за предвремено) ама ништо, биле лажни цтг беше уредно. Ми зголемија само утрогестан × 2 од 200 и магнезиум од 400мг ×3...одмарај повеќе и ќе пројде, а ако не си мирна појди на лекар нека видат...лесна бременост
Исти сме биле сите верувај, за тој стравот од предвремено породување пишувам. Верувај на докторите, штом е цервикс добар и затворен немаш гајле. Јас бев иста секој недела читав колкави се шансите за преживување ако се роди абе Бог да чува... Еве живи здрави тераме 38ма гн, сега го думам да не се замота со папочната, после кога ќе се роди викаат ќе го ѕиркаме ноќе дали дише и така без грижи во оваа живот изгледа нема више
Што смее да се земе против киселини во бременост? Ладно млеко ми помагаше но веќе ни тоа не ми помага..
Овде германците ептен се шкрти за било што во бременост за апчиња од старт ми рече никакви, и за сода кога прашав ми рекоја подобро не и само промена на исхрана ми рекоа. Пробав еве една недела ептен сум раат, ни К од киселини, а седев будна до 4-5 ноќе. Гледам навечер една салата да јадам, со лимон зачинета, некое јаболко или друга овошка ама во никој случај леб, тестенини, пржено зачинето и ептен ми помогна. Плус симнав 1ипол кг од последна контрола, а бебе супер си напредува. Уствари најбитно дека лесно ми е навечер и раат заспивам.
Пробај гастрогард, кисела вода, јаболка, лимон, неколку зрна жив ориз. Мене секогаш различно ми делува, некогаш па ништо Тоа со не јадење пред спиење не ми делува, бидејќи најчесто ручекот ми е накај 4, некогаш после тоа ништо не јадам и навечер пак имам киселини.
Ве молам за помош, не пишува ни изолирана, ниту не е изолирана. Матичната првин ми рече уреден наод меѓутоа и да се јавам во пролече да прашам, но не креваат. Знае некој??